22 ноември, 2008 - 03:52
[веб кирилица]

Стварно...зошто?

од fLeX на 30 јун 2005 - 10:07

Не-Да-питалице не се!
Значи:
1. Од кај зборува слонот, од сурлата или од уста?
2. Ме интересира зошто на странските серии кои се прикажуваат на нашите телевизии, нарочито оние комичните ( Френдс анд ол!), има смеење у позадина? Дали е можда за дебили кои не ја скопчале финтата или шалата, па да знаат кога да се смеат или...?
3.Преку што се рамножуваат сирените?
И задње бат нот д лист: ИМА ЛИ ЖЕНСКИ ВЕЦИЊА У ГЕЈ БАРОВИ?

Тенкју анд факју![се смее]
Продужење у наставцима, кога ќе ми даете одговор на се ова...

Опции за гледање на коментари


сликата на ГоранОдЧаир
хмммм... - од ГоранОдЧаир на 30 јуни, 2005 - 23:23

...flex вака ко ќе те „види“ човек сфаќа дека ти ептен се замараш со се и сешто...!? али ај вака ја као шетан човек (од дижонска преку јаја-паша до бит пазар [намигнува] ) ќе (се обидам) да ти одговорам:

1.Слонот не зборува...туку дува мрсули од нос (такозваната сурла, која исто служи и за туширање во топли дани, како и пропратно средство за исхрана и штипкање на слоновски задници на женки во стадото)...(јао реченица!?!??!) [намигнува]
2.Затоа што се снима во живо во студио каде има гледачи и сето тоа го гледаат во прво лице еднина сегашно време акузатив !?!? (а ваљда и за глупите да знаат кога да се насмеат [намигнува] )
3.Преку икри [намигнува]
4.Не би знаел да кажам али вака од ѓутура би требало да нема машко веце [намигнува]

Се Слушаме Подоцна, Вашиот Дописник Од Дижонска преку Јаја-Паша до Бит пазар, ГоранОДЧаир за fLeX Телевизија [намигнува]

сликата на anastas87
стварно бе.. - од anastas87 на 1 јули, 2005 - 01:57

куси одговори на пациентот дописник ЗООФИЛ новозеландски [се смее]

1. Слонот не е битно од кај си збори, ама си збори на носот [се смее]
2. Смеењето го продужуе животот!
3. Па сирените се размножуваат со МРЕСТЕЊЕ

задње бат нот д лист: има женски вециња, ама се со чучанац.

сликата на StormAngel
Пациенти! Одете - од StormAngel на 1 јули, 2005 - 02:31

Пациенти!

Одете убијте се и вратете се сами.=)))))

сликата на anastas87
Пациенту! - од anastas87 на 1 јули, 2005 - 03:02

Провери си мејл!

што ве вртам! - од fLeX на 1 јули, 2005 - 15:30

Нема ја вишак време..него онака, се погоди сладоледот, а и 4 розесот а богами и сплавот и ете, што може ванила у чоколдаен сладолед да натрипа-)
Да си прашам ебаве...

сликата на PLAYLIFE
Carte D'or - од PLAYLIFE на 1 јули, 2005 - 22:52

Јас, како човек што не обича сладолед, или во превод од 8мо (кога ги отстранив крајниците) сум јадел 2пати сладолед се до овој проклет ден. Carte D'or Patisserie Profiterol'lu* (у-то е со две точки горе) ете ви цел натипис, барајте и јадете го! Горан Од Чаир со неговото Те сакам маче ќе може да се соблазнува, и јас со моето уште не „те сакам„ ама маче да, и така сите среќни ќе гутаме сладолед и ќе се дебелееме, ама важно сме среќни. Ете така, ве сакам најмногу на цел свет, и за олкуцка (еден прст дебелина) помалку од мон шери...[се смее] [намигнува] Ги барам бисквитчињата ! Се умрдав целиот, ја направив свиња тастатурата и лажицата ми падна внатрe! Отидов да се мијам, и пазете што и од каде го јадете сладоледот [се смее] :) [се смее]
Инаку одговори на прашањата се:
Првото под а) второто е ДА а третото е ниедно од понудените одговори [се смее] :) [се смее]

1) Слонот кога гледам по цртачите зборува преку уста а шепка преку сурла (ја напикува кај соговорникот во уво)
2) Тоа со публиката ти е некој вид патоказ, ахам сега смеј се, еве тука во овој дел, не не сега не е смешно ништо...итн итн
3) Според моите сознанија, сирените се прават кога по грешка некое машко ќе испушти во водата бело, и тоа стигнува до некоја хот ајкула или слично и така. Имам дома аквариум ќе проверам па ќе ти кажам.
4) Да има женскo WC во геј клубови. тоа е познат фетиш кај нив. Имено, дотичниот геј после седење на шанк вика извини ме, и оди во женско WC да се дотера, пудра да стави, да се измазни, а тој активот на шанк посматра, се дразни и после тоа да не зборам знаете што оди. Прво ќе се „онадат„ па после тоа одат и прават геј парада :| Ете тоа би било се, и мислам дека ги исцрпив сите мои мозочни клетки наменети за научни сознанија, и те едуцирав најдобро што можев. Има ли бре смисла ова што јас го пишувам?!?!?!? Леле!

(Ставаат нешто во сладоледов?!? Се чувствувам funny)

Спонзорирано од

PLAYLIFE Icecreams Inc

сликата на Mistress
O: Carte D'or - од Mistress на 1 јули, 2005 - 23:26

PLAYLIFE напиша:

(Ставаат нешто во сладоледов?!? Се чувствувам funny)

Laughing gas ставаат, за тоа ти е смешно. [намигнува] Тоа во купечките, а иначе во приватните се става рондомицин, ампицилин, вибрамицин, чисто како превентива од Staphylococcus aureus и сл. гамади... глеаш колку е здраво да се јаде сладолед во денешно време [се смее]

сликата на PLAYLIFE
Состојки - од PLAYLIFE на 2 јули, 2005 - 02:48

„Laughing gas ставаат, за тоа ти е смешно.“ а затоа мене најсмешно ми е кога ќе го отворам сладоледот... Фала Mistress, ми ги отвори очите [се смее] [намигнува] Тоа за домачите сладоледи, не да не те разбирам, мислам јас сум на економски и вакви латински изрази не ми значат нешто многу, [се смее] Како и да е, фала за советот! :*
Аааа да се поправам
Ампицилин тоа беше нешто како антибиотик?
А другиве ваљда штом сите завршуваат „ицин“ се ист калибар? [се смее]

Спонозрирано од

PLAYLIFE Pharmacy LTD