Демонот во зеленилото
Си живееше еднаш еден човек по име Докр, си беше тој најнормален, најобичен човек, со малку поголема интелигенција од останата толпа на луѓе. Кога се смееше се смееше од срце. Кога му се плачеше, плачеше без стегање. Кога сакаше да направи нешто, го правеше без страв. Кога се нервираше, стварно се нервираше. Кога сакаше, сакаше и љубеше без граница. Кога се лутеше, се лутеше без глумење. Кога пиеше и јадеше, пиеше и јадеше со сласт. Кога се дружеше, се дружеше без скриени намери. Не дека Докр беше идеален или безгрешен, и тој како и секој друг си имаше свои мани, но беше човек со добра душа и големо срце.
Се беше во ред, скоро се, се додека тој “страшниот“ не му влезе во животот. Слушаше муабети, вистина тие беа индиректни, но сепак ги слушаше, но беше скептик, велеше “Нема везе бе...“. Времето си поминуваше полека за него, но само времето си знаеше дека поминува брзо. А тој, демонот, никогаш не чекал, не стоел во место, секогаш нешто подработувал, си спремал точна маршута за неговиот пат. Докр еднаш имаше шанса да му избега и веќе никогаш да не со сретне со него, но ја пропушти. Тогаш сеуште не беше свесен дека тој постои, односно веруваше и не веруваше. По некоја пауза, на општо изненадување, му се врати, а баш беше прав момент да го врати назад во пеколот откаде и што се појави. Докр и демонот пак почнаа да контактираат, а демонот вешто си го криеше она најлошото во себе, а другата лошотија што ја манифестираше ја има и во обичните луѓе. Ја цедеше енергијата на Докр, исто како вампир, само што овој не ја пиеше крвта, туку му ја вшмукуваше енергијата на животот. Таква лакомост за се, буквално за се Докр немаше видено, а неговата нестрпливост беше ненормална. Почнаа често да се караат, но демонот знаеше точно кога да се повлече од кавгата. Помина уште некое време, Докр те веруваше те не веруваше, и му дојде некоја мала среќа и успеа да избега од него, сеуште несвесен од кого бега, беше несвесен за тоа кој е Тој(демонот).
Но овој му роварел по неговата мозочна кора, копал, се пикал, сечел, како да оставил милион предаватели за да може секогаш да го лоцира Докр. Му навлегол длабоко во неговата глава, среќа за Докр што не успеал да му го земе разумот, што сепак бар тоа нешто останало непипнато. На Докр сега веќе му беше јасно со кого си има работа, и никако не можеше да си прости како не приметил уште на почетокот на нивната дружба. Се навраќаше на шансите кога можел да избега, сега се му беше кристално јасно, но џабе беше касно за напуштање на битката која беше во полн ек. Тактиката на Докр беше на почеток дефанзивна, но постоеше една група командоси, истерувачи на демони кои чекаа скриени и маскирани, ги чуваше за моментот кога ќе осети дека ќе може да го уништи демонот. Така како што Докр го опишуваше демонот, тој ми изгледаше се пострашен и пострашен, Pure Evil. Демонот освоил се што можел, секоја мисла на Докр ја помешал со своето присуство. Докр се измачуваше со разни мисли, планови, фантазии, и што уште не. Но овој лошиот никако да се изгуби негде попат, како во бајките, најверојатно се снабдил со многу камчиња или со долг конец за да си го обележува патот по лавиринтот низ кој насилно се движи. Докр веќе не можеше слободно да мисли, секоја мисла како да му беше цензурирана. На околината Докр и изгледаше најнормално, но во неговата глава се беше тотално различно од времето пред да го сретне демонот. Но сепак се бореше Докр, не се предаваше, а не ни имаше намера да се предаде, користеше се и сешто, но сепак сето тоа беше во рамките на дозволеното, ништо повеќе, и во такви моменти совеста му работеше беспрекорно чисто. Демонот најверојатно не можел да влези и во неговата совест, или му било премногу страв да чепка и таму. А во целата таа ситуација што Докр ја преживуваше тој беше среќен што барем совеста му останала негибната. Се надеваше дека таа ке му помогне да се спаси од силите на злото.
А демонот ширеше зло на сите страни, не се занимаваше само со Докр, си имаше тој и други жртви, и некои како и Докр ке наседнеа, а некои одма го препознаваа и го откачуваа од своите животи, или тие верувале во приказните и верувањата за него. Самиот тој не беше свесен дека неговото зло ке го униши само него, никого друг, а Докр го сфати тоа што демонот не можеше. Како што демонот беше се поагресивен и понервозен така на Докр му беше јасно дека финалниот ден кога ке успее да го уништи се наближува. Дојде денот на кој Докр чекаше долго време, а оваа последна нивна средба беше кратка и секавично брза без премногу театралности и непотребно драматизирање. Истерувачите на демони го зграпчија и го фрлија таму назад во огновите, кои и на самиот демон му причинуваа огромна неподнослива болка. Викаше, се дереше, се закануваше...но конечно го проголтаа...
Докр беше благо насмеан, онака не со насмевка на победник, туку со насмевка на слободен. Мислите повторно беа само негови, и само тој можеше да вклучи кого сака во нив, немаше натрапници. Просто кажано, уживаше во неговата слобода.
- Додај нов коментар
- 4307 читања

Последни коментари
пред 23 часа 25 мин
пред 1 ден 1 час
пред 1 ден 10 часа
пред 2 дена 15 часа
пред 2 дена 15 часа
пред 4 дена 9 часа
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 2 недели 4 дена