Жените се еднакви со мажите, НО различни. Третманот е различен, а оттаму и целите во животот. Битна е и културата во која се живее, затоа што терминот "унификација" на правата и слободите е вештачка кованица, која ваљда треба - ама не носи бољи живот.
Поимот "модерна жена" е во прашање. Ретко која сака да ја игра улогата дадена од природата, се гледа со потценување на оние жени кои одбрале да бидат дома, да се грижат за децата и за својот човек. На тоа се гледа како машка доминација, и оттаму се зема дека тоа е апсолутно неприфатливо и деградирачко за жената (АМА за жената како маж...). Модерната жена, целиот свој живот го поминува трудејќи се да биде маж. Се едуцира, аплицира за истите работни места како мажот, се однесува како маж. Доаѓа до дегенерација на сексуалноста, она што треба да не привлекува кај жените, тие се трудат да го потиснат (според гледиште прифатено од одредена група на луѓе, се случува дури и ова : паметните жени се зафатени со кариеризмот, поглупавите остануваат дома, и поради тоа тие се оние кои имаат повеќе деца, со тоа допринесувајќи и за дегенерација на целиот род...).
Либерализмот допринесува сите позитивни карактеристики за жените (затоа што терминот лошо-добро е апсолутно релативен, и како таков скоро небитен), да се заменуваат со лошите карактеристики на мажите.
Така се доаѓа до суперфициелни совршени жени, кои сите ги гледаме со лиги на уста (да не се лажеме родени сме, живееме и ќе умреме во цивилизација во која многу од работите против кои сме, се сметаат за нормални, а тоа МОРА да има улога врз секоја личност, без разлика на нејзината решителност и истрајност), жени кои немаат ништо да понудат освен својата надворешност (лоши се со деца, не знаат да готват, да го утешат нивниот човек, да создадат и одржат семејство...). Затоа и мажите често губат интерес за навидум прекрасни жени.
Сексот така добива примарна улога во модусот на кој жените ги привлекуваат мажите, доаѓајќи во апсурдна и смешна ситуација, кога жените самите се минимизираат себеси до сексуални објекти, персонификација на машките фантазии (но само на тоа поле). Силикони, шминки, скапа облека која мислат дека им прилега. Се ствараат култови за чевли, фустани, накит (нешто од кое мудро се профитира..).
Затоа природниот начин на гледање на жените (без непотребни вулгарности!), допринесува за општ напредок, и тоа не зборам за кратки патеки...
Затоа вистинскиот (не-модерен) маж го привлекуваат исконски жени (невиноста е исконска вредност). Постјат и други причини, но сите си имаат своја позадина која нема ништо заедничко со вистинското значење да се биде човек ("само мене да ме има цел живот", несигурност, чуство на конкуренција и натпревар, инфериорност..).
Си има и модерниот човек (маж) свои недостатоци, против кои упорно трубев на старата багра, но тие се сосема друга приказна.
Deconstruction...
(Се извинувам, но темата за невините жени беше заклучена а чуствував силен нагон да се изкажам. После ова можете ако сакате да ја заклучите и оваа, ќе разберам. Фала.)
Последни коментари