10 јануари, 2009 - 04:37
[веб кирилица]

Критика на "БРЗИНАТА" како денешен културолошки идеал.

од karate-kid на 8 јун 2005 - 01:32

Ве привлекува ли насловот? Па добро размислете.
Се што правиме набрзина правиме-набрзина јадеме(мекдоналс),набрзина учиме(кредит трансфер систем),набрзина зборуваме (телеком) па дури и набрзина спиеме(кревет)[се смее].Видете ја гратската скопска џунгла,сите брзат за некаде(читај пари пари и само пари).
Брзината се прошири во сите сфери на општественото зивење,свесно или несвесно ние не само што трпиме влијание туку истото и го вршиме.Брзајќи си ги уништивме универзалните човекови вредности како квалитетот и узивањето во зивотот.Е од ова ми се наметнуват низа прашања како-
Дали треба да прифатиме систем кој ги уништува универзалните зивотни вредности или треба да пркосиме на брзината,како еден од начините за промени?
Дали е тоа природен или наметнат феномен?(ако е наметнат дали сме предмет на масовна манипулација)?
И зошто бразаме?(за да стигнеме побрзо и потоа да чекаме и чекаме)
Еве јас како и секој клише студент во оваа сесија треба да полагам испити. Иако имам полозено 4 од 6 јас САКАМ да брзам и да чистам во јуни иако мозам да чистам до февруари,па се фаќам себеси како набрзина спијам за да стигнам со учење.Смешно.Бирам помеѓу квантитет(брзина)и квалитет.Незнам дали се сеќавате на цртано со вовчето кое му пркосеше на брзите возови и сето тоа поради мирисот на цвеќето и заоѓањето на сонцето.
Кога престанавме да узиваме во малите работи на зивотот?
Ако сакате промени тогаш почнете од самиот себе,добро размислате и додека размислувате НЕ БРЗАЈТЕ.
П.С се извинувам ама з-то не работеше.[се смее]

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Eagles - Life on a Fast Lane - од GoodBytes на 8 јуни, 2005 - 02:37

Брзиот живот може понекогаш да значи помалку грижи. Од еден bumper sticker: "I drive way too fast to worry about cholesterol".

Инаку, твојата дилема некако ми одговара со оваа слика:


http://www.huumor.com/pix/Animals/66060RWyv_w_001.jpg

---

сликата на Flanker
Kite-Kat - од Flanker на 8 јуни, 2005 - 08:25

Незнам дали сте ја гледале рекламата за Ките-Кат али иде нешто вакаЧ
Еден типац разказува и вика антилопата мозе да трца со 60 км/ч и зивее 30 години ... (и други животни) гепардот трча со 80 км/ч и живее15 години. Незнам си која џиновска желка се движи со 3 км/ч и живее 260 години
Have a break have a Kite-Kat

сликата на Mistress
ај фил д нид, д нид фор спид - од Mistress на 8 јуни, 2005 - 10:48

О, па оваа желкава брза нешто ми изгледа. Просечна брзина на човекот при одење е околу 6 км/саат, а таа 3 км/саат? Уште малку и желкиве ќе не престигнат... Се сеќавате на парадоксот на Зенон, стара одртавена желка може да го престигне и најбрзиот човек, само ако има добра стартна позиција.

Фланкер, ем имаш ж, ем пак з форсираш!

Ајт, трцајте малку, трцајте [намигнува]

сликата на toomuchisnotenough
O: ај фил д нид, д нид фор спид - од toomuchisnotenough на 8 јуни, 2005 - 12:31

Mistress напиша:

Се сеќавате на парадоксот на Зенон, стара одртавена желка може да го престигне и најбрзиот човек, само ако има добра стартна позиција.

попрецизно:

доколку желката е понапред од ахил, додека ахил го сведе растојанието меѓу себе си и желката на половина, желката ќе отиде малку понатаму. рипит. подетално на http://plato.stanford.edu/entries/paradox-zeno/#3.2

и другите негови парадокси (стрелата, итн.) ја користат истата линија на резонирање.

сликата на GoodBytes
Дилема - од GoodBytes на 8 јуни, 2005 - 12:43

Точно, смирениот живот има некаква врска со доживеаната старост. Нормално, тоа не важи секогаш (животните можат да станат плен, а луѓето жртви). Но тука е и дилемата: дали еден ден како лав, или сто како овца? [намигнува]

---

Дали знаеш кое прашање си го поставува кокошката, кога по неа трча петелот?

- А да не трчам јас премногу брзо?
[се смее]

---

O: Дилема - од wizardodibella на 8 јуни, 2005 - 16:13

50/50 и лав и овца.

Слопо Родригез, д слоуест маус ин холлл мехико. хе пак а ган.

сликата на Flanker
Навика - од Flanker на 8 јуни, 2005 - 13:01

Скоро секогаш пишувам прво z па после се поправам ама ова ми побегнало.
А тоа брзината јас од тепка ја лупнав како и другите брзини бидејќи не ми текнува точно како идеше рекламата.

Брзината се - од venera001 на 8 јуни, 2005 - 11:07

Брзината се форсира во сите сегменти од животот (и кај што треба и кај сто ама ич не треба), само мислењето останува бавно.
Некако, новите мудри, прогресивни идеи се бавни. Ама, за сметка на нив, глупостите добиваат светлосна брзина!

епа... - од wizardodibella на 8 јуни, 2005 - 11:30

... итс а компетитив ворлд.... тииии тиииии - дипеш мод

...послушај малку ова и престани да мрчиш на форуми :Р