Стандардно си практикувам одење во Парк секој викенд.
Денес (сабота) станав од спиење покасно така да се упатив накај Парк покасно од уобичаено, негде 15.30-16.00, не се сеќавам најдобро.
И така идам по патеката низ Парк, овој делов, првиов, што е поблиску до фонтана и глеам у далечина група луѓе нешто се гураат, дерење ова-она, мислев се зезаат луѓе.
Кога од гужвата се издвојуваат пар дечки, едниов го придржува другиот и набрзина се движат накај излез од парк (по патеката накај Матично), фактички ги пројдов.
Не видов убаво, ама едниов нешто крв му течеше, а еден у позадина им се дереше као „ќе видиш ти, мрш од овде ова-она“. Девојки тука седат на клупа коментираа као „леле што се деси ова-она“ паники..ептен ружно.
Стигнав до главната чешма (онаа со повеќе такви) гледам луѓе застанале исплашено гледаат и тука тројца си заминуваат у правец на Стадион, преку тревата.
Кај семкарите кај чешмата еден човек му се дере на друг „абе снимај! гледаш луѓе кољат по Парк човеку!“ Дали се работеше за чоек кој случајно се нашол со камера у моментот или можда за снимател од некоја ТВ на терен незнам.(СИТЕЛ е блиску па поврзав ствари)
Покушав да сфатам што се десило, не налетав на никој познат у моментот (покасно да,ама незнаеја ништо дотичните дечки покасно беа дојдени)
Дали напад со нож, туча така нешто..незнам.
Доаѓање после полицајци на точаци, бараа околу возеа,а после и стандард полицајци у униформа (дали за тоа или заради концертот на Цеца, незнам)
Дали некој знае што се деси се замислив?
ептен бед ме фати, мислам јес да се дешаваат лоши ствари сегде и секогаш сеа тоа е, ама вака транспарентно усред гужва тука жени со деца што се вика ептен грдо немам зборови.
дајте инфо плиз