11 октомври, 2008 - 01:31
[веб кирилица]

Клање во Градски парк денес!

од VBB на 5 јун 2005 - 01:22

Стандардно си практикувам одење во Парк секој викенд.
Денес (сабота) станав од спиење покасно така да се упатив накај Парк покасно од уобичаено, негде 15.30-16.00, не се сеќавам најдобро.
И така идам по патеката низ Парк, овој делов, првиов, што е поблиску до фонтана и глеам у далечина група луѓе нешто се гураат, дерење ова-она, мислев се зезаат луѓе.
Кога од гужвата се издвојуваат пар дечки, едниов го придржува другиот и набрзина се движат накај излез од парк (по патеката накај Матично), фактички ги пројдов.
Не видов убаво, ама едниов нешто крв му течеше, а еден у позадина им се дереше као „ќе видиш ти, мрш од овде ова-она“. Девојки тука седат на клупа коментираа као „леле што се деси ова-она“ паники..ептен ружно.
Стигнав до главната чешма (онаа со повеќе такви) гледам луѓе застанале исплашено гледаат и тука тројца си заминуваат у правец на Стадион, преку тревата.
Кај семкарите кај чешмата еден човек му се дере на друг „абе снимај! гледаш луѓе кољат по Парк човеку!“ Дали се работеше за чоек кој случајно се нашол со камера у моментот или можда за снимател од некоја ТВ на терен незнам.(СИТЕЛ е блиску па поврзав ствари)
Покушав да сфатам што се десило, не налетав на никој познат у моментот (покасно да,ама незнаеја ништо дотичните дечки покасно беа дојдени)
Дали напад со нож, туча така нешто..незнам.
Доаѓање после полицајци на точаци, бараа околу возеа,а после и стандард полицајци у униформа (дали за тоа или заради концертот на Цеца, незнам)
Дали некој знае што се деси се замислив?
ептен бед ме фати, мислам јес да се дешаваат лоши ствари сегде и секогаш сеа тоа е, ама вака транспарентно усред гужва тука жени со деца што се вика ептен грдо немам зборови.
дајте инфо плиз

Опции за гледање на коментари


сликата на Букаро
Без паники мољам.. - од Букаро на 5 јуни, 2005 - 01:27

Абе Зизи дознал дека не е невина женатаму... па, решил “традиционалистички“ да ја зачука.. не дигајте паника вие пак аман.. се смирија. (макар шо, Зизи слушам утре сретсело ќе ја враќал дома кај мајка и, сосе магаре и миразо!)

сликата на anastas87
појма неам - од anastas87 на 5 јуни, 2005 - 04:12

ама коа сме кај парк..

пред две години, едно типче на „скинерите“ им дал диск, некој битен, овие му го вратиле после тоа изгребан и овој им префрлил - епилог: типот го скршиле, го фрлиле у гомната у кермес и на крај му фрлиле камен на глаа (камен со големи димензии зборам). и нишо..

истото лето, шетам со девојчето у стариот дел (темниците, после луна парк). седнавме на клупа кај езерце.. на 100 метра од нас, на друга клупа, друг пар, доаѓаат каубојци и нешо го дираат типот и ја напаствуваат цурата. овој у безизлез проба нешто.. а ја побрутален ќутек не сум видел.

лани, бев у парк со друштво и нешо трчање и фрки, дерење.. ваљда жртви беа албанци.. „скинерите“ грабнале некој кај школка го праат грпка, жени вриштат и молат.. подоле кај гоце еден ругаат од земја, а кај таксистите бега едно типче, го фаќаат пред кола и пие мартинка на фаца..

да не зборам за маање флаши од глави, зимање рекет, тепање женски, катастрофа.. сега нема толку фејк скинери ама има радници што идат негде со намера само за маање. вечерва баш едни дечки шо ги знам имаа сообраќајка, дивља сообраќајка.. ама ете освен катастрофална материјална штета пупупу сите живи и здрави, искачаат од кола, овие сељачанава шо идат од цеца ќе се тепаат.. ќе те најдам ќе те заколам едно друго.. СРАМОТА.

тоа е коа викам, све сељачаана, симнати од планина, покондурени опиноци.. у аеродром да ти е мука да прошеташ, сите те глеаат на криво и те прашуваат од кај си и кого знаеш тука ебате. у парк више одамна не е за идење освен на „сепарињата“, пошто сите сељаци фаќаат и мењаат автобуси, такси, бараат превоз, од волково и смојмирово и нас. илинден и новоселски пат до ПАРК! и така.. цеца е кул. и тоа. ете.

ПС кулминација: вчера исто у парк, копиљаци со не повеќе од по 12 години и метро висина.. едниот му мава шамар на другиот и му вика „МИСЛИШ ДЕКА АКО СИ ХАРДКОРЕЦ МОЖЕШ ДА МИ СЕ ЦЕПАШ?!“

и до кога ќе ги глеам сите тие несреќни особи со горско или литро „бамбус“, шо глумат пијани и притоа се дерат и прават љути фаци.. до кога копиљаци со цигара и драпање муда у јавност, ДО КОГА?!

сликата на НиколаП
сељачана - од НиколаП на 5 јуни, 2005 - 06:14

Што да ти кажам.
Во градот во кој моментално живеам(Љубљана), не сум видел една тепачка во четири години колку сум овде. Значи, питоми луѓе. Ако некој и прави проблеми, тоа се овие нашиве(најголемата сељачана од Мк,Бих,СЦГ).
Во градот во кој сум роден(Куманово) и дај боже ќе си се вратам да живеам, вакви работи се секојдневни.
Секој ден некоја тепачка има, ако си среќен и две. [борба]
Пред некој месец и се потепаа(и тоа беа градски луѓе).
Али на човекот му докурчило од локалниве мафијаши и метак во чело на двајцата. [кул фраер] . [кул фраер] [пиштол]
Пред некоја година еден таксист им извади пиштол на едни сељаци што сакаа да го тепаат и уби еден од нив.
Предходно се бркаа едни со пиштол и настрада невино дете.
Братучед ми и другар му го убија едни шиптари во кафиќ.
И ти мислиш дека после сето тоа ќе им дојде паметот?
Не бе, кога балкан бојсите се курчат(посебно ако е сељак, и ако е во глутница што не ретко е случај) и сакаат да те тепаат имаш неколку опции:
1. Имаш јак грб и не се луди да те дираат.
2. Си наебал. Брзо трчи или трпи последици.
3. Избегавај конфликти. Развиј инстикт да процениш колку луди се луѓето што ти претат. Ќе испаднеш зајак, ама нема да наебеш.
Јас лично ја практицирам 1. опција со мала модификација на 3. тата...
Сам не правам конфликти, ама ако на некој толку многу му се чепка нема да бегам. Имам другари, имам грб и ако јас наебам еднаш ќе наебат они за некој саат. Значи, вендета до крај.
Неколку вакви тепачки и никој више не те дира.
А ако си човек под 2. и 3. тогаш моли му се на господ(ако веруваш во него, ако не почни) и надевај се дека нема да наебеш.
Ама тоа работи во Куманово.
Не знам како е во Скопје со ова, пошто голем град е!
Како и да е, тоа се урбани џунгли сега, со нови ѕверки од руралните средини и инстиктот за преживување треба да си го развиете.
Сега, како кое животно ќе живеете, ваш избор.
Тешко дека ќе се појави некој Де Ниро да ги исчисти градовите од шљамот
Главниот принцип: На силата, најдобро и се одговара со сила![стап у глава] Помоќна...
Значи мене да ме изболе, или некој на мене близок, нема да одам да плачам во полиција. Ќе се потрудам сељакот више да не може да избоде никого.
Не би го убил. Само би користел средновековни методи [лош ѓавол]
И запомнете: Осветата е јадење најдобро послужено ладно(стара азијска поговорка). Cамо со трезна глава [палец горе]
Удри кога најмалце се надеваат

O: сељачана - од wizardodibella на 5 јуни, 2005 - 23:12

НиколаП напиша:

и сакаат да те тепаат имаш неколку опции:
1. Имаш јак грб и не се луди да те дираат.
2. Си наебал. Брзо трчи или трпи последици.
3. Избегавај конфликти. Развиј инстикт да процениш колку луди се луѓето што ти претат. Ќе испаднеш зајак, ама нема да наебеш.

глупости!
точката 1 ја нема веќе... такво нешо не постои, зашо тие глутници се уствари нај-пички.
точка 2 сосем наместо зашо одсекад така било, за оние без „грб како шо викаш“...
точка 3 =) најпаметно! ама жив да се изедеш после!

Сум глеал глупости и никад не сум се восхитувал на тоа!
Тоа скинерите порано маваа на рунди, ќе дојде 2 во 6 попладне, ке симант еден Зоран, го пеглаат, плус кинта, слободна све по ред, и го враќаат у автобус... контрола...
али ај...
а и шо можеш да му направиш на некој тепач да речеме, ќе го истепаш!
прави ГОВНА од луѓе растат у земјава...

како шо рекол: Луге со ваква младина, немаат потреба да се грижат за својата иднина.

сликата на zveroid
Абе.. - од zveroid на 5 јуни, 2005 - 07:39

Типично Скопска девијација е курчење и глеање да се почне некој проблем. Знам луѓе што ке се степаат за било што - и тоа е глупо до даска. На другарче брат му го прекршија "брача" у парк и му собрале кешарица и не знам шо.. и дошло детево дома, вака и вака на брат му, брат му малце неконтролиран, и завршило интересно.

Ама тоа нема везе.

Тепање и курчење секаде има. Иди до било кое основно школо, има 3-4ца што се наводно фраерите у школо и што дробат што ќе стигнат. Шо викаш, 12 годишни нафурани. И тоа интер-маалско курчење ми е глупаво. И аеродром е одличен пример - иам супер другари од аеродром од средно, и редовно идеме на кафе, ово-оно, ама глеам кога и да одам натаму, да неам многу-многу пешки да одам.

Фејк скинери колку сакаш. Има еден куп луѓе што се станати "скинери" само за да има кој да ги чува. Али правило е дека човек не би требало многу-многу да се рчка со нив, чисто од здравствени причини.

Најверојатно и овоа лето голем дел од времето ќе го пројдам во парк. Ама ме накурчија последен пат коа бев џандарите на тркала. Доаѓаат двајца, дечко и цура, на тие точаците и викаат "истурајте пивото". Уат д фак?

сликата на Chombe
Re: Градски Парк - од Chombe на 5 јуни, 2005 - 07:23

Ја пред месец дена прошетав у Градски Парк, од MCM кај фонтана до оваа новата кафана на Дуле и Скоки via Љунфер Брдо. Исто беше сабота околу 16h. Стварно брат, многу се љока. И тоа све тинејџ-хард-кор-романтик у најбесните години. Абе ја на тие години пиев све ОК, ама по кафичи Бони-Ани, навечер у парк исто, ама никад бе брат да дофатам брља пиво и шкартовскаја топла водка и да се кршам усред Парк на тревата у сабота у 4 попладне пред 2000 граѓани. Едниов фраер повраќа у тоа чешмичката за вода, а другариве му се прскаат од смеа. На 2 метра има баба со внуче од 3 години и се понашаат тотал зен а карши проаѓаат двајца фраери и пушат мариџуана. И семки се продаваат на секој 10 метра. Ја не сум тука, ама ако ги видите кажите им да одат да си легнат малце и да одморат. На „семкарите“.

У Central Park во NY да те видат дека локаш на трева, брљавиш и плашиш, те апсат додека си ждригнал. Без адвокат, гарант 3 месеца ќе лежиш и ќе те е*ат во затвор. И ќе те праќаат на психијатар да видат што ти се дешава у глаата. У богати места у парковите имаш на отворено џез и саке & суши за мезе а во парковите по гето градовите како Jersey City, Newark има дрога, клошари, crack-head к*рви и андеркавер агенти.

Жена парк му е мајката.

Па тоа е добро - од PetarK на 5 јуни, 2005 - 18:59

Абе Чомбе, баш ако сакаш да му покажеш некому од странство дека сме цивилизиран народ треба да го однесеш во Градскиот парк.

Самиот викаш, деца љокаат на тони, а пак само по некој некогаш ќе се препие или ќе се степа. Не знам што би било во Central Park, ама знам што би се случило во централни паркови во Стохколм или Хелсинки да можат деца да пијат колку сакаат и за мали пари од локалната бутка до 2 сабајле да купуваат за пиење...

сликата на Robomarket
Јас пред две - од Robomarket на 5 јуни, 2005 - 22:29

Јас пред две години си седев со другарите во Парк и од таму почна едно детиште да се брчка во една локва. Ни се приближи и почна да ни расправа колку пари му е кошулата и од кај му ги купила вујна му кондурире. Се смеевме со другарите. И неговите другари му се смееја во фаца а овој мука нема. И локна уште малце од винцето и се сети на девојка му највероватно и почна со флашата да се мава од глава. И тоа не со телото на шишето, него апла со дното-тоа што е најтврдо =) Направи неколку ласти на трева ама се затреска асално. И се испружи таму и заспа. Мизерија. Детето имаше едно 16-17 години.

Навикнати се копиљаана на таков начин на живот. Мислат дека сето тоа е во ред и фураат. Секој ден иста приказна. Затоа никогаш нема турист да стапне во Скопје. Сите убави работи што може човек да ги види во Скопје се засенети од прљавштина, ѓубре и пијандури.

сликата на KenobiBen
Кажав јас, - од KenobiBen на 5 јуни, 2005 - 08:27

Кажав јас, требаше сите фино лепо да ги изрогаме новите “пе*си“ генераци , уште дента кога законот за кафичиве го активираа. Паркот е обележје на градов, неговиот дух, нема потреба од такви лоши сцени. Иам мерак да си седнам со пријатели ад се напијам, аме каде !?!?!? Нема место, цело време гледаш да ги избегаваш дечиштава, кој се од бога заборавени. Навистина незнам што им се случува на децава. Буквално до генерација 83/84та година има нормални суштества кој може да се наречат луѓе, се после тоа - шлајм. Сваќам јас тие тинејџ филмови, аме човеку ова е претерано. Ако јас припаѓав на генерација Х, ова денеска како ќе се нарече ? Од муабетиве нннавистина губиш, било каква желба да останеш на ова пусто островче натрпано со офци и говеда. Деновиве има муабет дека премалку имаме младо население - ПА КОЈ НОРМАЛЕН САКАТЕ ДА ВИ ОСТАНЕ ТУКА !? КОЈ ГО КОНТРОЛИРА ЦРВЕНОТО КОПЧЕ ?!? КООООООЈЈЈЈ ???? Сепак мислам дека има и решение и за тоа . Ако сте ги гледале филмовите “Battle Royal“ ќе ви е јасно. За другите, тоа е вид на реалити шоу кадешто главни актери се младите ученици, кои ги оставаат на остров, каде што си играат опстанок. Сеа нормално дека нема да бидеме толку ненормални па да сценираме вака игра (а може и треба !А?).Затоа иаме села, ниви,- еднсотавно им е потребен селски живот - па можеби некој ден заедно со нивните родители ќе се вратат во своите родни краишта..

п.с. Може Скопје треба да гори !? може така целиот шлајм, беда и мизерија ќе ги снема.

сликата на wave
Што би рекле Неле енд Цо. - од wave на 5 јуни, 2005 - 15:33

Ово је џанки сити ту је и бог реко лаку ноч ..

сликата на Robomarket
Нема домашно - од Robomarket на 5 јуни, 2005 - 22:21

Нема домашно воспитување. Никогаш не ни имало. Затоа децата немаат грижа на совест дали ќе удрат некого со шупка во лице или да упукаат некого во срце. Нема мерка во ништо. Ни во пиење ни во тепање ни во дрогирање ни во лудување.

Македонија стана ко Албанија што била на времето- секоја кавга завршува со одмазда. Една обична тепачка ќе заврши кога некој ќе биде убиен или бутнат во инвалидска количка.

сликата на ГоранОдЧаир
иако малце... - од ГоранОдЧаир на 6 јуни, 2005 - 01:08

...темава забега, односно не знаеме дали некој стварно го пиел ножот у парк у саботата(според VBB), сепак да се надоврзам и јас на муабетов. Стандардно, односно секоја година, со колегиниците од факс по завршувањето на јунска сесија си имаме во пракса да си отидеме у парк и наљокаме за (колку-толку) успешна сесија. Минатата година идеме на љумфер брдо и седнуеме ја и едно 5-6 жени, ама спроти нас некои дечки (едно 10тина ќе да беа) кои се понашаа девијантно (шо се праам па ја културен), се понашаа бре ко говеда, ко женско да не виделе и одма почнаа нешо да се набацуваат и да досаѓаат. Ја, као и секој паша коа ќе му ги рчнат анамите, почнав да се нервирам. Арно ама си напрајв математика и викам: двајца-тројца ќе удрам ама другиве има да ме сјебаат до коска плус и тие двајца-тројца коа ќе се свестат дека сум сам има да маваат ко за 5 души...!!!..така да сам на 15тина...хмммм..(еден заб кошта 500 ден. , вилица 32 заба по 500=16000, неам 2 шестки , значи 15000ден од око...ваљда ќе даат некој попуст... [намигнува] )..ја како и да е идев у минус и тоа бајаги..углед кај жениве ово-оно... За среќа се начукав, и ми прекипе, а една другарка ме гледа дека дрхтам и едвај чекам да се распукам (да изедам ќутек де), ми вика абе кој ги ебе....пивни си и игнорирај...И гтка по гтка..ЃОН... и овие серат уште...гледаат не ги фермаат анамите мои...и уше криво им е зошо еден муж ги шета...и почнаа да се дерат нешо од кај сте бе...и ја зоврев: ОД ДИЖОНСКА БЕ!!!.. се раздрав и сите штама..и почнаа да се смируваат меѓу себе..и ондак следеа бош муабети, го знаеш ли овој - го знаеш ли оној...и толку од ќутекот... [намигнува] Абе Дижонска Рулзззз!!! Биг Тајм!!! ааајј [намигнува] респект [се гази од смеење]

пс. да ви распраам за тоа коа ќе пиев нож на Бит Пазар или коа ме пукаа со калаш или не ...а !? [намигнува]

Имање ГРБ - од ГраСакоТ на 6 јуни, 2005 - 10:06

Иам и ја некои дешавки од типот еј извини не те познав. Случајни или не, личам на еден од потепачите,багабонтите од СК (поточно од Чаир) и миљон пати или сум бегал или ме поштувале ептен или 50-тина од улиците ме бркаат за да ми објаснат задачи по статистика.

Ама таквото понашање се сведува на првата опција изнесена погоре дека ако имаш ГРБ можеш да се одмаздуваш и да правиш што сакаш, што практично се сведува на тоа дека цел тинејџерски период ти се сведува на имање/стекнување/правење (како веќе сакате) ГРБ.

Јас многу не верувам во насилство (досега и не сум влегол во некои големи конфликти) но затоа верувам во интелектуално реметење на такви билдери и мафијози по маало, град итн.

Кога и да е такви мизерии ќе се напупат и се напупиле.

П.С.Чаир е место за почит (колку имам бегано по улиците на Чаир и Топанско брррррррееееее

сликата на GoodBytes
Микро-вијуги - од GoodBytes на 6 јуни, 2005 - 12:40

Сите микро-локални празноглави силеџии кои јас ги познавам, во своето портфолио имаат изедено толку ќотек + телесни деформации, што да биле барем малку паметни, никогаш не ќе започнеле да го водат тој лајфстајл.

Mahatma Gandhi: "You must be the change you want to see in the world."

---

update - од VBB на 6 јуни, 2005 - 02:08

Глеав на вести вечерва објаснија што било како било.
Се карале две групи луѓе кој каде ќе постави тезга у Парк и избила тепачка у која еден од учесниците извадил нож и повредил двајца.
Така бар кажаа.
Иначе инцидентов не беше врзан со собирањата на Фонтана и сл. Фаците што ги видов не беа од таа раја, имаше и некои чичковци.(на вести како што кажаа у тучата имало и татко и син, фактички изглеа синот го извадил ножот)
Стандард имиња не кажаа само иницијали за сите од учесниците.

касапска пресметка - од XaLLeX на 6 јуни, 2005 - 09:43

"Крв до лакти во касапска пресметка во скопскиот парк" Вака е насловот во дневник за инцидентов,го пишува истото што го напиша VBB, само има и слики од настанот и стварно изгледа лошо и се ежам при самата помисла како навистина било таму, викање буткање крв ...?!? Лошо многу лошо [тажен]

сликата на ГоранОдЧаир
ваљда ова е дешавката... - од ГоранОдЧаир на 6 јуни, 2005 - 22:21
Не да.... - од wizardodibella на 6 јуни, 2005 - 22:53

....се наежив кога го видов типот (на слика, во живо...ууууу) како фаќа еден за лакт со спремен замав и олкав нож у рака!
Се надевам дека него ќе го ебат у затвор од мавање, и од гнев сакам да одлежи пичето бар 20тина, мамата...

инаку, абе шо е со градов, пред месец чув дека некое 12 годишно утепале, па мајка му немала пари да го закопа -(, па се проклале у Сарај 14 годишни, па уше незнам, и тоа последниве недели... мамата, стварно страв ме фаќа да се движам на некои места!