10 јануари, 2009 - 05:08
[веб кирилица]

Џорџе ВРАТИ СЕ!!!

од cubanec на 12 јун 2002 - 05:31

Најсветлата точка и најверојатно единствената надеж дека некој ќе може да го вози филмот на Коштуница беше Ѓорѓе Маријановиќ. Човекот иако со неговите занемарливи неколку илјади гласачи, имаше капацитет да се промовира како лидер на сите оние мали политички мозолчиња кои сами по себе не значат многу, ама собрани да гравитираат околу некој капацитет како Марјановиќ би преставувале сериозна конкуренција на дихотомијата СДСМ - ДПМНЕ.



Во поранешните мои дрндања кои поради недостиг од креативност мора да се класифицираат во колумни, се утепав од јадење трици против оваа власт. Такви глупости оваа власт прави, да и не мора да нешто многу навлагаш како би ги искритикувал. Доволно е да наброиш што се случувало неделата и тоа ти е рамно на негативен коментар. Како и да е. Тогаш мислев дека тоа што го опишував беа најголемите глупости што може некоја власт да си ги дозволи... е па грешка сум бил.

У принцип најверојатно е и тешко да бидеш сериозен колумнист. Треба секоја недела да смислиш нешто или да најдеш нешто што би те инспирирало нешто да начкрабаш а при тоа да не завршиш со „Што мајка бараш да пишуваш, земи нешто играј фудбал не се мачи за џабе“. Мада тоа и не е моја работа пошто ја не сум ни сериозен а далеку и од колумнист. Сигурно тие што се занимаваат сериозно со таа работа мака мачат да склепаат нешто еднаш неделно. Така е нормално.... е со оваа власт е нешто друго. Пошто јавно не сум подосаѓал веќе неколку месеци ја сега имам друг проблем... НЕЗНАМ ОД КАЈ ДА ПОЧНАМ!!!. Сакајќи да почнам збунето ми се мотаат СПЦ, Границата, МПЦ, Љубе, оној министерон за правда што не потпишува екстрадикција (па макар и за драг - дилери), па ондак се навраќам па на Љубе со жабата, па Чашуле со идиотштината околу границата, па Б со точка Трајковски што никој не му дига ни слушалка, па Снешка, па Таковска со куќата, ММФ си оди а ја се плашам (не покрадоа), Благовестие, Новковски прави реформа?!?!?!, Бајатовска УНАПРЕДЕНА!!!!!%’‘’%% ... има ли крај... Можам слободно да ја завршам колумната редејќи само наслови и поднаслови и па нема да биде мала. Џабе ми се више и буљаши и лигуши и лопови, каков и атрибут да им наредам на нашите десничарски реформисти нема да кажам ништо што веќе сите по сто пати го кажале. Каква летаргија не има фатено. Дремеме сите безпомошно и чекаме нешто. Нити знаеме што чекаме нити знаеме како би го дочекале... А БЕ ОДЕТЕ СИ ... НИШТО НЕМА ДА ВИ НАПРАВИМЕ!!!.

Уморен од недостатокот на креативност како да се ослободам од ова бунило од настани и малоумности, се решавам да ги остаам малоумниците (па се служам со атрибути) да иструлат самите и ги лишувам од тоа задоволство да ги спомнувам макар и негативно при моите сајбер изливи на мислења.

Некако почнувам да се осеќам како сите оние 0500 врачови и гледачи пошто ништо више од сегашноста неможе да ме заинтригира. Практично овие више и нема што да направат што би ме изненадило или малце збунило. Јас од друга страна така надарен да мислам, морам да се орентирам кон иднината и најчесто додека си ја вежбам надареноста мислам што потоа. Овие ќе иструлат како грозје у ноември а нас не чекаат уште 4 години јадење политички трици али овојпат од левите. Оууу been there, done that... тенкју ама доста ни беше до ’98. Реформирани или не, не ми вреди многу. Малце трпат 4 години... требаше уште за поише да ги боли.... штета. Најверојатно сите на кој што им е преку транзициониот од оваа аматерска дихотомија на овие аматерски политички елити се прашуваат имаме ли и ние некој протеран цар да дојде и да го видиме и ние тој трет пат.

Е па нашите цареви се некаде изумрени а оние што ни го продаваат третиот пат најверојатно ни патлиџани на пазар не знаат да продадат. Замисли најсериозниот преставник на третиот пат во Македонија беше Циле В со точка Тупурковски. Каков сплет на лузери беше тоа ДА. Таква багра на политички лопови одамна се нема собрано на куп. Како само се распаднаа кога веќе изворите на финансирање ги снема. Мајко мила од 13 пратеници да станеш ВОНПАРЛАМЕНТАРНА опозиција е уметност сама по себе. Најверојатно понатаму некаде во учебниците од политички науки ќе го воведат и терминот политичка проституција а дефинициите ќе ги вадат токму од овде. Сите останати плагијати на оваа партија од типот на Нова Демократија или Демократски центар се само аматери без глави кои уште не сватиле дека не ги бива за политика. Исто као она горе... „земи нешто играј фудбал што си се фатил за политика“. Ќе им текне после изборите. Останатите бунтовници во своите редови од типот на Трајанов или Стојменов, да не идам понатаму сега и до Страшо и Змејко се покажаа како тотално истрошени политичари нешто слично како и оние гуменине што се трошат при општење. Столе беше политичар што ветува. Ама таква бламажа се стори што најверојатно ни роднините негови нема да гласаат за ЛП. Најсветлата точка и најверојатно единствената надеж дека некој ќе може да го вози филмот на Коштуница беше Ѓорѓе Маријановиќ. Човекот иако со неговите занемарливи неколку илјади гласачи имаше капацитет да се промовира како лидер на сите оние мали политички мозолчиња кои сами по себе не значат многу, ама собрани да гравитираат околу некој капацитет како Марјановиќ би преставувале сериозна конкуренција на дихотомијата СДСМ - ДПМНЕ. Сега од за мене неразбирливи причини се откажа од лидерството во неговата партија што според мене е настан кој што ја запечатува можноста за формирање на сериозна трета опција.

Овие избори драги багра пациенти што одат според мене се завршена приказна. Јас со својата надареност сметам дека ништо повеќе од она што се случи ’98 нема да се случи ни сега. Једино бројките малце можеби ќе изварираат. Опозиционата коалиција Зедно ќе си ги освои овие избори нешто слично како тогашната опозициона коалиција За промени. Дури и бројките нема да бидат многу различни. Она мурто - курто ќе си функционаира и тоа нормално. Третиот пат, центарот, новата енергија ќе ја чекаме 2006. До тогаш ајде мурто тебе ти е редот.

Опции за гледање на коментари


сликата на fio
Одговор: Џорџе ВРАТИ СЕ!!! - од fio на 12 јуни, 2002 - 08:36

Иам чуство дека никад нема да го видиме тој фамозен трет пак...

Одговор: Џорџе ВРАТИ СЕ!!! - од monthy на 12 јуни, 2002 - 15:22

Па добро, зар стварно мислиш дека се работи за Мурто и Курто? Дека е иста ствар владеењето на СДСМ и ДПМНЕ? Абе ајде!

сликата на cubanec
Одговор: Џорџе ВРАТИ СЕ!!! - од cubanec на 12 јуни, 2002 - 20:57

Не мислам дека е исто. Курто е полош, сите тоа го знаеме затоа никад више нема да може да се врати. На мурто ова му е последна шанса, затоа 2006 е година на третиот пат.

Одговор: Џорџе ВРАТИ СЕ!!! - од monthy на 12 јуни, 2002 - 21:56

В ред!

Одговор: Џорџе ВРАТИ СЕ!!! - од CJ на 14 јуни, 2002 - 23:27

Како не ве мрзи да се замарате и да пишуете вакви работи ја незнам...

Одговор: Џорџе ВРАТИ СЕ!!! - од ToMcE_ на 16 јуни, 2002 - 02:35

Abe luge sve e toa politkia ne e bitno koj e na vlast glavno cebot si go polnat.

Sve e toa dogovoreno odnapred,toa site go znaat ne e vazno dali e Stanko ili Petko na vlast sve toa e politika zatoa ne se zamarajte so toa.

Одговор: Џорџе ВРАТИ СЕ!!! - од Гоце_З на 25 јуни, 2002 - 03:26

кубанец - колку пари ти дал ЏОРЏЕ да го напишеш ова? [се смее]))))))))))