10 јануари, 2009 - 05:48
[веб кирилица]

Што најмногу ти фали во животот?

  • Пари
  • Секс
  • Љубов
  • Слобода

Гласови: 108

Опции за гледање на коментари


сликата на Муцко
Сé ми фали - од Муцко на 24 мај, 2005 - 20:07

Што да правам, сé ми фали. А најмногу здравје [тажен] (тоа го немаше во избор).

Во право е - од Robomarket на 24 мај, 2005 - 20:40

Во право е Муцко. Фали здравје во анкетата. Се друго е "State of Mind"

ЗДРАВЈЕ - од XaLLeX на 24 мај, 2005 - 21:19

Дефинитивно здравје!

сликата на Chombe
Здравје - од Chombe на 24 мај, 2005 - 21:44

Да, здравје фали. Исфрлете секс, тоа е подмножество на пари.

сликата на Мирчето
??? - од Мирчето на 25 мај, 2005 - 00:54

Не сфаќам што има врска сексот со пари?,
освен ако собираш на одредени улици и слични локали.

сликата на SANJICKA
Sex & the city - од SANJICKA на 25 мај, 2005 - 03:04

Не мораш да собираш од одредени улици... Можеш од сите улици. Дури и од опера ако сакаш!

Што би рекла една позната реченица на Саманта:
Сексот е моќ. Парите се моќ. => Пари за секс или секс за пари е размена на моќта

[палец горе]

сликата на StormAngel
O: Sex & the city - од StormAngel на 25 мај, 2005 - 03:08

SANJICKA напиша:

Не мораш да собираш од одредени улици... Можеш од сите улици. Дури и од опера ако сакаш!

Што би рекла една позната реченица на Саманта:
Сексот е моќ. Парите се моќ. => Пари за секс или секс за пари е размена на моќта

[палец горе]

Би имала секс за пари?

Ако е афирмативен одговорот, за колкава сума станува збор? =)))

А ако ти се многу прашања...е па, разменуваме мислења.

сликата на ABNORMAL
Stormie is packing... - од ABNORMAL на 25 мај, 2005 - 11:21

Ти пер у две реченици ја утврди што е...сега се ценкаш ? [се смее]

сликата на SANJICKA
живеј! - од SANJICKA на 25 мај, 2005 - 19:41

ABNORMAL напиша:

Ти пер у две реченици ја утврди што е...сега се ценкаш ? [се смее]

За тебе Абнормал, бесплтно градиво (free sex download)
[чатал] [среден прст] [црвени образи]

сликата на ABNORMAL
Бош - од ABNORMAL на 26 мај, 2005 - 00:37

Ти ли бе ? Абе...знам за тебе [се смее]

сликата на viktoria
добро - од viktoria на 26 мај, 2005 - 00:43

КАаааааде има такви работи, бесплатен секс даунлоад??кажете ај .. солидарност..

сликата на ABNORMAL
:-) - од ABNORMAL на 27 мај, 2005 - 03:41

Вики, ти го глеам ова аватаров и се нешто ме асоцира на...шведска маса [се смее]

За Сањичка :

Не се распрашуј по комшии ако мислиш да дознаваш нешо...сите до еден ги имам со јајца маано ко дете...и нема да бидат објективни [се смее]

сликата на SANJICKA
ајдеееее ?? - од SANJICKA на 26 мај, 2005 - 11:27

ќе дознаам и ја за тебе.
Сакала или не.
Така тоа бива
[црвени образи]

сликата на StormAngel
O: живеј! - од StormAngel на 26 мај, 2005 - 02:00

SANJICKA напиша:
ABNORMAL напиша:

Ти пер у две реченици ја утврди што е...сега се ценкаш ? [се смее]

За тебе Абнормал, бесплтно градиво (free sex download)
[чатал] [среден прст] [црвени образи]

А мене пак не ми одговори!
Тц тц тц

сликата на Муцко
Според мене за сексот... - од Муцко на 25 мај, 2005 - 17:21

Според мене, главен фактор за сексот е здравјето (демек, можело и бесплатно да го добиеш). Замисли да имаш трицифрена тежина во kg, како мене! Или некаква болест [ѓавол] на она-што-виси?!??

сликата на GoodBytes
Ај, здравје - од GoodBytes на 24 мај, 2005 - 22:58

Robomarket напиша:

Во право е Муцко. Фали здравје во анкетата. Се друго е "State of Mind"

Абе, и „здравје“ може да биде состојба на умот... Хипохондрија? [намигнува]

(Инаку ДА, фали здравје. Можеби Управата ќе го додаде. Ако не, здравје.)

---

сликата на anastas87
Мене ми фале слобода! - од anastas87 на 24 мај, 2005 - 22:12

Слобода. Као што ми фали слобода на размислување, слобода на говор и слобода на движење (у контекст гетоизација и етничка сегрегација - сум имал потреба да тркнам докај Горан во Чаир на пр., ама ете не сум имал гз знаете зашто). За размислувањето и говорот - догми, едноумие, слепило, на сто слепци еден едноок, завеани цврсти ставови, разни -мании и -филии, lack of education..

А ја као шо сфатив, анкетава се однесува на моменти што зависат од човечкиот фактор. Здравјето е веќе нешто друго, не зависи од тоа, туку од природата или што и да е - господ (ау!?!), судбина, гени...

сликата на Boogie
Слободата ... - од Boogie на 24 мај, 2005 - 23:47

Братче, не се жали дека немаш слобода... смешно изгледа. Ако веќе си ги препознал догмите и другите срања, значи не си ни нивен роб. А за тоа у чаир... па шо мајка бараш таму ионака [се смее] нек дое Горан кај тебе

сликата на dimitar27
Значи Тасе - од dimitar27 на 31 мај, 2005 - 13:40

Значи Тасе малиов е меѓу десетте најпаметни фаци на БАГРАва,БРАВО НАСТЕ )
Да,нормално дека на сите овде Ни фали слобода,ама тоа кога некој слободата ја сфака само ако не си у затвор,е многу жално.Живееме у прешник од 200 КМ бре лудаци?!?!Визи не ни требаат само за у 10 земји у светов,а ако кажам кои се тие земји ке речете “Па што ако не треба виза,тамо ионака не идеме“
Башка у државичево не може ни да се прдне слободно,Б.Ц. е бетер од СТАЛИН,и од памтење, ама и од кажување сигурен сум дека у комунистичко имало повеке слобода.Џандари на секој корак,кај сте виделе тоа у свет у “нормална “ држава?!?!Туку,и јас грешам,помладите БАГРАши и не излегле од МК па да знаат кои се разликите,во секој поглед па и во поглед на слободата.Затоа и всушност за секој што не е во затвор мислат дека е СЛОБОДЕН?!?!?
СЛОБОДА СЛОБОДА СЛОБОДА,колку голем и убав збор,а колку бедно протолкуван во случајов,жалосно (
И да,уште еднаш БРАВО НАСТЕ ! ! !Ќе биде од тебе ....овчар...таков ко што ти сакаш да бидеш )

сликата на anastas87
подмножества - од anastas87 на 24 мај, 2005 - 22:27

Достатно пари => здравје (тоа не е наведено, ама ај..)
Натпросечно пари => sexxxxx (редовен.. разнообразен)
Високо натпросечно пари => безобразно многу љубов!!! (секс се подразбира)
Перверзно многу пари => СЛОБОДА да праиш што сакаш, да кажуваш што сакаш и да бидеш што сакаш..

Значи у анкетава треба да има.. пари, пари, уште малце пари, пари и натака пари.. $$$$$$ [среден прст] [злобен]

сликата на Мирчето
Ако ти фали нешто сам си средуваш... - од Мирчето на 25 мај, 2005 - 01:04

При недостаток на
Пари - работиш повеќе,
Секс - излегуваш почесто,
Љубов - се трудиш повеќе во врските,
Слобода - не може да ти фали, освен ако си у затвор, секој сам си одлучува за се.

сликата на bojadva
O: Ако ти фали нешто сам си средуваш. - од bojadva на 25 мај, 2005 - 09:13

Мирчето напиша:

При недостаток на
Слобода - не може да ти фали, освен ако си у затвор, секој сам си одлучува за се.

неќам да звучам како мрчало ама каква е оваа слобода кога имаш радиус на движење од 200 км. е евентуално србија бугарија и албанија. а за визи ... шо да зборам бе.

сликата на PLAYLIFE
се! - од PLAYLIFE на 25 мај, 2005 - 01:12

1 Tunned кола
2 2 плавуши
3 Девизна штедна книшка со 7 нули
4 2 куќи
- Монте Карло
- Хаваи

Доволно, или да продолжам? [се смее]
Ќе бидам задоволен и со првите 2 ставки. Како и да е, затоа го користиме животот. За да го добиеме она што го сакаме. Затоа, storm the front, и насмевки на сите лица!

Ве сакам!!!!!!!!!!!!!!!!!! :* :* :* :* :* :*

Powered By

PLAYLIFE Ресторанти Inc

сликата на StormAngel
Памет! - од StormAngel на 25 мај, 2005 - 02:23

Памет!

сликата на viktoria
O: Памет! - од viktoria на 25 мај, 2005 - 02:42
StormAngel напиша:

Памет!

Хмм па да. Во право си !

ми фали - од iljo_boks на 25 мај, 2005 - 02:42

цигари за џич

сликата на aleksandra85
се ми фали - од aleksandra85 на 25 мај, 2005 - 10:07

мене ми фали даска

Ja имаш и тоа - од dragan733 на 29 мај, 2005 - 12:52

Ja имаш и тоа претерано. Ти фали флексибилност. Премногу си крута.

Пиштол - од rocky на 25 мај, 2005 - 11:12

Да убијам по некој професор али ке треба да го лежам после.

сликата на Mistress
Време ми фали! - од Mistress на 25 мај, 2005 - 18:14

Време ми фали! [тажен]

До кога бе вака overworked & undersexed...?!

[се смее]))

Додека не си - од Robomarket на 25 мај, 2005 - 18:26

Додека не си најдеш дечко на повик [се гази од смеење]

сликата на Flanker
Пари - од Flanker на 26 мај, 2005 - 09:56

После пари ми фали се по ред.

сликата на Dilajla
Усул да се немало - од Dilajla на 26 мај, 2005 - 12:51

Не ви се чини дека најмногу од се фали УСУЛ? [се смее]

сликата на Mistress
Има такви? А на - од Mistress на 30 мај, 2005 - 15:38

Има такви? А на дугмичи? [намигнува]
Иначе, браво за сите кои имаат време за подолги постови и коментари...

вака - од tace123 на 27 мај, 2005 - 15:01

кога имас здравје и си слободен
да ги ебеш зените на тие што имаат пари тоа би било најдоброто.

точка - од venera001 на 27 мај, 2005 - 19:53

Ништо не ми фали.
Се си имам.
Зошто нема таква опција?

сликата на искра
Веројатно - од искра на 30 мај, 2005 - 10:17

Веројатно затоа што би било смешно да има таква опција [се смее] Затоа што не постои таков кој што си има се’, секому нешто му фали, или не му е доволно.

Мене ми фали време за да патувам, има места каде што сакам да одам, да прошетам...

сликата на princo
Што најмногу ти фали во животот? - од princo на 28 мај, 2005 - 10:54

мене ми фали од се по малку! [се смее]

сликата на SANJICKA
само ова: - од SANJICKA на 28 мај, 2005 - 18:49
  1. Волшебно стапче
  2. Непресушлива фантазија
  3. Вампирски долг живот
  4. Mладо згодно тело и незаситен дух
сликата на ГоранОдЧаир
Пари, пари се опсесија... - од ГоранОдЧаир на 29 мај, 2005 - 01:58

...живот,живот на вересија....ви текнува на песната [намигнува], мене искрено ми фалат повеќе насмевки...онака лепо фино си стануваш сабајле, излегуваш од дома, сите што ги среќаваш по пат окезени до уши, у продавница...продавачот такоџе окезен те поздравува..повелете ово оно..а не се смуртиле луѓево ко да е крај на светот... па сите имаат грижи ама дај тоа малку на повесел начин да се среди.. [намигнува] (во оваа пригода добро би дошло да си ја пуштите песната од Monty Payton - Always look on the bright side of life)

пс. Атанасе..ако ти требе нешо у Чаир кажи бе, ја те зиам и од дома ако требе и те враќам ...не се пичкароши... [намигнува]

ми фали... - од wizardodibella на 29 мај, 2005 - 02:05

крила !

- Пред десетина - од dragan733 на 29 мај, 2005 - 12:08

- Пред десетина години сите зборевме за слободата и сите ја прижелкувавме. Ама после толку години сега гледам дека поимот слобода се идентификува со неправилно однесување. Значи слобода е да се однесуваш онака како што ќе ти текне, а ако некој те ограничува тоа значи дека ја немаш слободата во однесувањето и изразувањето.
- Парите е поврзано со потребите. А потребите се бесконечни, значи повторно е поврзано со слободата, да секогаш тоа што ќе ти текне и треба да се реализира и да се има.
- И сексот е поврзано со слободата, да чувствата секогаш треба да се задоволуваат на секаков начин. А денеска секогаш се јавуваат фрустрации поради неостварените сексуални задоволства, а претходно се јавила некоја слобода на чувствата која треба да се реализира.
- Па и љубовта е поврзана со слободата на чувствата, да тоа што го прижелкуваат чувствата треба и да се реализира на позитивен план, ама ете некако не може да се најдат сродните души. За се ќе се најде нешто што фали. Односно љубовта е поврзано со идеалното. Кога се заљубуваме значи го наоѓаме идеалното. А кога се достигнува идеалното тоа е лишено од спротивности и промени.
Така како закључок. Се е во временското балансирање. Ако е изгубена рамнотежата треба да се урамнотежи дезеквилибрацијата.

сликата на aceva
Разбирање ми - од aceva на 29 мај, 2005 - 22:56

Разбирање ми фали. Често сум обеззборена, обесхрабрена, обезвоздушена од тоа колку погрешно се сфаќаат работите што ги правам или кажувам.
До мене е - си знам.

треба... - од wizardodibella на 29 мај, 2005 - 23:31

треба вам мало упозорење....
дај ту заклеву... виде чеш биче боље!
Поштовај мој лик, и буди пионерица
п.с мутирао је мог српског

сликата на ogie
ол ју нид из лав - од ogie на 30 мај, 2005 - 08:19

Мене ми фали љубов - не (само) насочена кон мене, туку во секоја сфера на човечкото постоење.

Сакам да гледам повеќе комуникација, мотивација и акти од чиста љубов кон други човечки суштества.
За жал, поголемиот дел од општењето што го гледам е мотивирано од потреби што немаат врска со чувствување на блискост, или потреба, од ЛИЧНОСТ. Имаат врска со тоа што личноста може да направи (спонтано или како услуга), што поседува, каков општествен статус има, и тн. и тн.
А да не зборам колку пак акти се основани на чист страв и недоверба кон остатокот од луѓето.

За жал поголемиот дел од општеството е заглавено на ниво на бркање на опстанок или некаков статус. Што е уште полошо, јако им е да стануваат подобри во таа игра.
Ми текнува на теоријата за човечки потреби на Маслов, и претпоставувам дека мора прво да бидат задоволени некои основни потреби пред луѓе да можат да контаат што значи да сакаш и што значи да ја споделуваш својата љубов со други луѓе.

Хм, сега ми текна и на анализата на Bucke: појавување на „космичка свест“ кај еминентни личности низ историјата (мистици, философи, писатели, уметници), и неговиот заклучок дека феноменот се зачестува и дека евентуално поголемиот дел од човештвото ќе го надмине нивото на обична само-свесност (што на пр. е виртуелно непостоечка кај поголемиот дел од животните) и ќе има „космичка свесност“.
Претпоставувам дека мистичното искуство што допринесува до достигнување на ова ниво на свесност, како и самото чувство што продолжува во секојдневниот живот, ги мотивирало ликовите чии што дела и уметност ги учиме како „класици“ и high points in human history - и всушност дека во своите дела ја имаат сублимирано својата порака до човештвото...

ОК... мене лично здравје и време ептен ми требаат [се смее]

сликата на BugS
ѕo true. - од BugS на 30 мај, 2005 - 11:20

ѕo true.

Ми фали - од Babe на 31 мај, 2005 - 08:15

Здравје и мир

A?? од Hybreed_6