Хај,
Сакам со вас да споделам едно корисно програмче кое пред некој ден го креира мојов цимер и е релевантно и корисно за луѓе кои користат E-mule ili a-mule.
Функцијата на овој програм (освен онаа која е вметната за да ми ги прати вашите броеви на кредитни картички и да ви го форматира компјутерот) е многу кул ако дома имате поспор интернет ,а на работа или на некое друго место Линукс машинче кое може да ви служи за симнување на различни стварчици (од геј порничи до филмчиња и мп3)
Шо прави точно ова програмче?
Знаете дека има полни веб сајти со Ед2к линкови на кои кликате и иницирате симнување на тој фајл на емуле кој работи на вашата машина. СО овој програм тоа можете да го направете далечински, на некој друг компјутер што поради ИКС причини е ваша примарна даунлоад машина. Сега за сега сервер страната која треба да се инсталира на машината каде шо ќе се симнуваат работите работи само на линукс. Додека клиентот работи на Виндоус.
Значи ако на работа имате линукс машина која е 24 часа на интернет. Нема шо да се замарате со доунлоад дома. Може само со еден клик да и кажете на таа машина на работа да почне да го симнува тој фајл. После само ќе си го соберете фајлот и ќе си го однесете дома кога стигне.
Кај нас ова е применето малу поинаку. За секој од нас да не уклучува даунлоад програми на својот компјутер имаме само еден сервер без монитор шо ги врши овие работи на кој се приклучуваме преку ВиЕнСи а со ова програмче може и да сурфаме сајтови со линкови за емуле и да и кажуваме на таа машина шо да симнува.
Ако некој е заинтересиран да го добие ова парче софтвер нека напише тука одговор.
Ако имате некои прашања нормално ќе се потрудам да ви одговорам ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
П.С. Програмчето е многу малечко, на сервер страната треба да е активно како процес 24 часа, а на вашата страна се активира само кога го кликнете линкот
Направено е да кажува дали линкот е успешно пратен до а-муле, и да враќа ерор пораки ако има некоја фрка со серверот итн.
ова е слободен софтвер се разбира.
Последни коментари