World Community Grid

Мисијата на World Community Grid е да ја создаде најголемата јавна калкулативна мрежа од компјутери, која ќе се занимава со проекти од кои човештвото има корист.

Тие развиваат техничка инфраструктура која служи како основа на мрежното научно истражување. Успехот на оваа мрежа зависи од индивидуалци кои колективно го даруваат своето неискористено процесорско време, со цел да го променат светот кон подобро. Концептот е сличен на фамозниот SETI@Home, но овојпат со конкретна хумана цел.

World Community Grid ја прави достапна технологијата до јавни и непрофитни организации, со цел да се употребува за хуманитарни истражувања кои не можат на друг начин да се завршат, заради високата цена на компјутерската инфраструктура која би била потребна во отсуство на јавна мрежа. Како дел од нивната посветеност кон подобрувањето на човечката благосостојба, сите истражувања ќе бидат од јавен интерес, а резултатите ќе бидат јавни и достапни за глобалната научна и истражувачка заедница.

Овој проект е реализиран преку донација и поддршка на IBM и United Devices. Членовите на Мрежата учествуваат доброволно и волонтерски.

Активен проект: Склопување на човечки протеини
World Community Grid се фокусира на проект кој е клуч за напредок на нашето знаење за човечките болести. Преку идентификувањето на протеините кои го сочинуваат човечкиот протеом, научниците можат да изградат разбирање кое е потребно за понапредно и ефикасно третирање на болести како на пример: рак, HIV/AIDS, SARS, и маларија. Повеќе...

Тим: Macedonia
И Македонија се приклучи кон проектот со свој тим, почнувајќи од 17 Ноември 2004 година. Оттогаш, бројот на членовите на тимот полека се зголемува. Во моментов сме дванаесет. Ве повикувам и вас да го донирате слободното процесорско време од вашите компјутери за оваа хумана цел. Приклучете ни се!

Што треба да се направи?
Од сајтот на World Community Grid треба да се преземе клиент, кој се инсталира на вашиот компјутер. Ако имате повеќе слободни компјутери, клиентот се инсталира на секој компјутер посебно. Исто така, треба да се креира и кориснички акаунт за вас. При креирањето, не заборавајте под држава да изберете „Macedonia“, а исто и за тим „Macedonia“, бидејќи тие влегуваат во статистиката по држави и по тимови, соодветно.

Кога е вклучен програмот (а може да се намести да се вклучува автоматски со вклучување на компјутерот, или рачно по потреба), клиентот го користи неискористеното процесорско време за да врши пресметки за потребите на активниот проект. Кога ќе заврши со работа, преку Интернет ги испраќа резултатите до WCG, и зема нов пакет со задачи. Ако немате постојана конекција, тоа не е проблем, бидејќи на програмот му треба конекција со Интернет само кога праќа резултати и прима задачи. Програмот може да се намести да работи и како screensaver, пресметувајќи само кога вашиот компјутер не се користи.

Статистика:
Во моментов (22.05.2005) на мрежата на WCG се приклучени повеќе од 67 илјади луѓе, со над 100 илјади компјутери. Вкупното време на пресметување се приближува до 10 илјади години.

Тимот Macedonia има 12 членови (според она што јас го знам, двајца сме од Багра), со 15-16 компјутери. Вкупното време на пресметување на целиот тим се приближува до 2 години. Просечно произведуваме околу 6 резултати дневно.

Линкови:

Однапред ви благодарам!
GoodBytes

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на mu4ddib

Комунизам

Чист Комунизам чоече... веќе се приклучив кон нашиот тим (Macedonia)... пазете, има тим што се вика Macedonia is Greek (?!) Значи грциве цело време потврдуваат дека се имбецили... јебига...

Хајт луѓе, чист комунизам ви е ова - сите да учествуваме за доброто на сите!

Слика на judge

А бе, ај ...

Чекај сега, дали добро разбирам: они прават важен проект каков што е мапирање на протеините со кумење-молење наоколу за по некоја кофа Процесорско време!?
А бе, ај не заебавај!
1. Колку стварно компјутерска сила треба за тоа? Претпоставувам многу, ама цел свет да учествува?
2. Да пуштам некој да ми се мотка по компјутер - на кој ми е цел живот? No way!
3. Ако е тоа толку важно, мислам протеинската мапа, ваљда за тоа се фатил некој посериозен од нас - па багра сме!
4. Впрочем, што најдоа оние од SETI? Па Спилберг и Лукас у меѓувреме со свои пари најдоа многу повеќе alien-и. Само погледајте го Yoda!
5. Дај, оладете со такви дрндупки, него свртете го оној бројот за донирање за домот на стари лица, мислам дека беше 070-144144.

Слика на GoodBytes

Објаснување

1. Конкретниот проект ги испитува можните состојби/позиции на човечките протеини, издвојувајќи од речиси бесконечно множество на состојби. Ваквото semi-brute-force пресметување, кое за овој тип истражување е неминовно, мора да се изврши на супер-компјутер. Но, закупувањето на супер-компјутерите е многу скапо, а освен тоа се чека на ред. Со grid-computing системот им се овозможува на научните институции да ги намалат трошоците за пресметување, бидејќи хардверот е донација на IBM, софтверот е донација на United Devices, а процесорското време на тој што сака и може да учествува. Откако ќе заврши овој проект (претходниот беше за истражување на сипаниците), ќе започне следниот по важност. Резултатите од проектите ќе бидат јавни и достапни до секоја друга научна институција која има потреба од нив (нешто слично на генијалниот и пионерски потег на MIT, кој неодамна ги отвори своите публикации и научни трудови за сите). Со други зборови, grid-computing системот се очекува да направи пресврт во нашето разбирање за светот.

---

Слика на дамјан

Цитат:Да пуштам

Цитат:
Да пуштам некој да ми се мотка по компјутер - на кој ми е цел живот? No way!

Пред некое време се збореше на слична тема на slashdot...

И првиов вика: „Нема шанси да пуштам на мојов компјутер некој програм што не можам да видам што прави, ми го троши целото процесорско време, прима команди од интернет и праќа податоци на некого..“

А другиов му одговара: „Знам дека е ова slashdot, ама ајде веќе доста со заебанциите за Windows“ ...

:)

Слика на judge

Донирајте

Конечно го видов на телевизија бројот за донација за домовите за стари лица: 075 140 100

Донирајте по 50 денари со едно јавување.

Јас се јавив пет пати!

Слика на judge

... и уште нешто

Ај некој од тоа дичните long-live-linux-i-hate-microsoft програмери нека направи линковите што се постираат да се отвараат во нов прозор!
Мислам, ме мрзи да држам shift и да кликам, ваљда можете и вие да поработите малку (мислам дека требаше у тагот да се стави _blank , ако не се лажам)

Слика на miopa

middle-клик

На long-live-linux-i-hate-microsoft програмерите линковите им се отвараат во нов прозор/таб со middle-клик.

Слика на judge

Нова финта?

Е, се’а - middle-click!
Кај ви текна тоа!? Каде *точно* е middle-click? Нова финта на Linux?

Слика на miopa

O: Нова финта?

judge wrote:
Кај ви текна тоа!? Каде *точно* е middle-click? Нова финта на Linux?

Клик на средното маус копче (на скролот најчесто), работи во повеќето (можда и сите) бровсери што не се произведени од MS, за било која платформа.

Слика на ABNORMAL

Параноја

Со ризик да звучам смешно параноичен, би те запрашал...дали ти имаш увид во тоа за што навистина се користи таа процесорска моќ ? Дали не е можно да се злоупотребува ? На пример : што ако се користи за обработка и мониторинг на интернет сообраќајот и телекомуникациите од Uncle Sam да речеме ? Само како пример, не мора да се врзуваш со моево размислување ама па немој ни со нивното :-)

Слика на GoodBytes

Параноја

Сосема ја разбирам твојата (и сечија) грижа. Со сигурност не можам да гарантирам за сигурноста на клиентот, бидејќи не сум директно дел од тимот кој го имплементирал, ниту пак според моите информации се работи за open-source код. Па така, секогаш постојат причини за параноја, впрочем како и со секој програм кој го инсталираш на компјутерот. :-)

Од друга страна, имајќи во предвид дека на целиов овој проект работи огромна популација стручни луѓе, тргнувам од претпоставката дека, ако имаше нешто „позади“, досега ќе се разгласеше тоа од некој од нив, особено со обзир дека професионалниот бекграунд на повеќето од нив е различен, а и дека партиципираат од повеќе фирми/институти.

Исто така, програмот го користат повеќе од 60 илјади луѓе, па блиску е до умот да се помисли дека некој дел од нив, тргнувајќи од истата премиса како тебе, употребиле разни пакет снифери и слични low-level алатки, со цел да го испитаат „пакетот операции“ кои програмот ги испитува/праќа кон серверот на WCG. Верувам дека, ако таква работа се откриеше, ќе беше многу јавно презентирана.

Ако пак те интересираше „душкање“ на твојот компјутер од надвор, преку скенирање на портите, на прашање на корисниците за истово, еве што одговори WCG Tech тимот:

World Community Grid only uses TCP ports 80 and 443 and communications are always client initiated. Our servers never initiate connections to the clients. Think about it. A lot of computers are behind firewalls (corporate and personal) and WCG would fail miserably if it relied upon server initated connections.

Впрочем, ваквиот вид „напади“ лесно се одбиваат со firewall. Значи, да сумирам, не постојат никакви цврсти гаранции, освен угледот на компаниите кои стојат зад проектот.

---

Слика на Глиша

O: Параноја

[quote=GoodBytes]Сосема ја разбирам твојата (и сечија) грижа. Со сигурност не можам да гарантирам за сигурноста на клиентот, бидејќи не сум директно дел од тимот кој го имплементирал, ниту пак според моите информации се работи за open-source код. Па така, секогаш постојат причини за параноја, впрочем како и со секој програм кој го инсталираш на компјутерот. :-)[/quote]

Не се работи за отворен код и затоа неможе никој да ти гарантира што точно прави, остај ти репутацијата на ИБМ. :)

Кога веќе сакаш да го донираш процесорот поубаво е да се вклучиш во некој од Berkeley Open Infrastructure for Network Computing проектите (from the producers of seti@home), кои се базираат на отворена технологија, проектите не се централизирани...

Слика на GoodBytes

Отворениот Беркли

Сајтот на Беркли нуди 6 различни проекти, од кои еден е ИСТО истражување на човечките протеини (Predictor@home: investigate protein-related diseases). Другите се: промена на клима, гравитациски сигнали од пулсари, дизајн на акцелератор, радио-сигнали (SETI) и уште еден непознат, на Јапонски. Кој проект според тебе има подиректна хумана димензија?

Патем, зошто „отворениот“ Беркли комплетно не ги отвори своите библиотеки и предавања за јавноста, како што тоа го направи MIT?

Сега за нешто друго: што е со вас бе луѓе, ако некој даде идеја како да помогнете на други, веднаш ќе се јават и други со „подобра“ идеја за помош, но за некои други? Некој погоре вика, батали тоа, јавувај се за помош на стари лица, ти викаш, батали ова, донирај процесорско време на друго место...

Значи, за да бидеме начисто: проектите кои се водат на World Community Grid се избираат од повеќе пријавени проекти на научни институции, со тоа што најголем приоритет имаат тие кои се сметаат за најкорисни за развојот на науката, особено хуманата наука. Тоа што КОДОТ во случајов можеби и не е отворен, не значи дека резултатите од истражувањето ќе бидат тајни. Без да го потценувам SETI, бидејќи и самиот го почитувам тој проект, сепак барањето радио-сигнали од други цивилизации ни оддалеку не може да се спореди по хуманост со наоѓањето лекови за реални и практични болести како на пример, СИДА или маларија, кои однесуваат половина држави во Африка. Исто така, не сметам дека донирањето пари во ДРЖАВНИ старечки домови може да се спореди по големина со значењето на истражувањата на WCG. Тоа не значи дека не ги сакам или почитувам старите лица. Баш затоа што ги сакам, јас повеќе би сакал да се отвораат ПРИВАТНИ старечки домови, кои ќе пружат 100% квалитетна услуга за помалку пари. Тоа е додуше на друга тема, а е соодветно со моето мислење дека имаме прегломазно и предимензионирано здравство кое ни цеди премногу пари од државниот буџет, кои можат попаметно да се инвестираат. Исто така, затоа што сметам дека што помалку државата се меша во здравството, тоа подобро здравство ќе имаме.

Значи, ова е апел до хуманите луѓе на Багра, да помогнат во глобалниот развој на науката, донирајќи го слободното време од својот процесор, нешто што нема да ги чини ни денар. Ако има такви, нека се приклучат на WCG. Од објавувањето на апелот, тимот Macedonia се зголеми од 12 на 16 учесници. Им се заблагодарувам на сите.

---

Слика на GoodBytes

Апдејт

Апдејт:

Тимот Macedonia на World Community Grid сега има 17 членови, и веќе надмина 2 години процесорско време подарено на проектот за анализа на човечките протеини.

Браво дечки!

---

Слика на taz

The ultimate answer...

Се знае што одговор ќе се добие после сите тие силни години на пресметки...

42!!!! :)

So long, and thanks for all the fish.

Слика на GoodBytes

Update

Update: Тимот Macedonia @ World Community Grid сега има 22 членови, вчера прослави прв роденден, а до денес има донирано 3.3 години процесорско време. Честитки до сите членови и благодарност за нивната хуманост.

Сакам да се приклучам на тимот Macedonia.

Слика на groovestix

А пак сега!

Во моментов имаме 33 членови (5 нови денеска благодарение на Кајгана) а до денес имаме донирано 4 години, 216 денови, 18 часа, 39 минути и 18 секунди од процесорско време.

Честито.

Слика на Зелен

еј супер е

еј супер е проектов со човечките протеини.
Нека се јави некој од генетичариве / биотехнолозиве и нека ме негира, али мислам дека истите истражувања можат да се искористат и за создавање на нови вируси/бактерии и вакцини за нив, т.е. развивање на нови, поконтолабилни биолошки оружја кои нормално ќе ги поседува страната која го користи овој сервис. И сето тоа виртуелно беспари , благодарение на 60К хипици низ целиот свет. Закон.

Слика на GoodBytes

Секое знаење може да биде опасно

Да земеме ако не и да ги запалиме сите книги на светот, бидејќи знаењето е опасно и може да не уништи ако погрешно се употреби? Хитлер проба еднаш да игра на таа карта...

Инаку, 160К хипици се. ;-)

---

Слика на Зелен

како знаеме

како знаеме дека вистинската поента на проектот не е создавање на биолошко оружје. не мислев како спореден ефект од истражувањата, туку како нивна цел.

Слика на GoodBytes

Во добро ил' зло

Резултатите ќе се достапни на илјадници научни лаборатории низ цел свет. Која што ќе прави со нив е нивна работа. Поентата на проектот е човештвото да научи нешто повеќе. Тука пак те враќам на аналогијата со книгите. :-)

Слика на mu4ddib

O: како знаеме

Зелен wrote:
како знаеме дека вистинската поента на проектот не е создавање на биолошко оружје. не мислев како спореден ефект од истражувањата, туку како нивна цел.

Па, не можеш да знаеш, на жалост. Затоа тука настапува вербата во човештвото.

Слика на groovestix

Ха.

Абе види, на земјава постои доволно оружје за да се уништиме едно стотина пати, па на кој му е гајле за троа биолошки оружја. Нека има малце колку од мерак.
Хехехе!

Слика на GoodBytes

Gibson

Зелен wrote:
како знаеме дека вистинската поента на проектот не е создавање на биолошко оружје. не мислев како спореден ефект од истражувањата, туку како нивна цел.

Оваа мисла на Гибсон, која ја најдов на блогот на Новица, отприлика се поклопува со она кое сакам да ти го кажам:

Вилијам Гибсон wrote:
Технологите од аспект на моралот се неутрални се додека не ги употребиме. Само кога ги користиме за добро или лошо, тие стануваат добри или лоши.

---

Слика на pancec

Не фала.

Нека ги приклучуваат кон овој проект класичните shared не толку користени и важни писиа, ама ја да го клаам лаптопот на оваа мрежа не.
Од кај знам дека не е всушност некое задкулисно сценарио и не сака некој да украде нешто од мене кај ми е сместен целиот ми живот. И шо бива ако некој лек маж го хакне и добие пристап кон овој систем и со тоа добива пристап кон сиве овие компјутери. Не фала. Ако имав ИНТ кафе би го клал цело али вака не.

btw, што фајде ќе направат десктопите во споредба со некој мејнфрејм супер компјутер? Си треба многу сервери за ова, вака само се влече работата и во голема доза се внесува несигурност во добиените решенија.

некако бледо ми стои сево ова.

Слика на groovestix

:)

Пријателе, ми изгледаш као вичен за PC-a, значи еве штом WCG ти е трн-офф, сметни го BOINC клиентот, кој е опен сорс, и бујрум види на каков принцип работи. Да напомнам дека BOINC е као празна програма. За да работиш врз некој/и од проектите како WCG треба да го attach т.е. закачиш на BOINC. Тоа е многу просто решено... Повеќе информации тука:
http://boinc.berkeley.edu/

Сорс код тука:
http://boinc.berkeley.edu/source_code.php

П.С. Ги читаш ли ти темите пред да реплицираш или маваш реплика на претпоследната/последната порака ?

Слика на GoodBytes

Парано-вичен

Многу е вичен. Ама и лаптопот му е многу важен. ;-)

Претпоставувам дека сега, откако му ја реши дилемата за тоа што прави програмот, од утре ќе го видиме во листата на тимот Macedonia.

---

Агрегирање содржина