итно! како да поврзам видеорекордер со компјутер
Испратено од gajba на 18 мај, 2005 - 15:21
како можам да поврзам видеорекордер со компјутер? прво, за компјутери и техника сум тапа. второ, ми рекоа дека може да се поврзи некој, така да го наречам конвертер, во вид на екстерен апарат кој аналогните сигнали ги претвара во дигитални. што е во суштина тоа? има ли некој друг начин кој ќе мио заврши работа? дали кај нас може да се најде такво нешто? каде? колку пари итн итн итн.....може ли некој да ми даде одговори? итно ми треба помош...
поздрав
»
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 4012 читања

Како да поврзес видео со компјутер?
Од видеото ке видис каде ти АВ (аудио-видео)влезот. На графицката картица од комјутерот ке видис каде ти ТВ излазот ако немас нисто не правис. Тие две ке ги поврзес и готово.
TV-In графичка картичка
Претпоставувам дека сакаш да конвертираш аналогно видео (снимено на VHS видео касета, на пример), во дигитално видео.
Освен видео и компјутер, ќе ти треба и графичка картичка за компјутерот, која има TV-In, т.е. ТВ влез. Со неа најверојатно ќе добиеш и CD со софтвер, кој ќе ти помогне при конверзијата.
Мој совет: прашај во било која фирма што продава компјутери, и барај некоја графичка картичка со средна цена. Не купувај од најевтините или од најскапите (првите се ниска класа, вторите се преценети, бидејќи се нови). Исто така, ќе мора да им ги кажеш и карактеристиките на твојот компјутер, за да ти кажат дали има перформанси кои се доволни за таа работа, бидејќи видео едитингот бара по-моќни компјутери. Знај ги барем моделот на процесорот, квантитетот на RAM меморијата, и големината на хард дисковите.
Се надевам дека ова ќе ти биде од помош.
---