Одредени луѓе ми се пожалија дека некои корисници си земаат за дозвола во своите постови да користат лични информации (име, презиме и др. ) на други корисници.
Ова веќе мене ми се има случено еднаш и вакви работи се крајно несовесни и навредливи.
Тука пишуваме за секакви срања. Колку од својот идентите сакаме да откриемте зависи и треба да зависи само од нас. Можда некои од корисниците на пр. Букаро им е поОК да бидат јавно експонирани под своето име и презиме. Меѓутоа земете во предвид дека постои разлика помеѓу некој што пишува ФИКШН и некој шо сака да коментира за работи кои се малку од другата страна на законот, или пак некои лични интимни работи кои би ги споделиле само под услов да останеме анонимни.
На пример Фио е геј: шо ако татко му утре прочита дека Фио е геј. ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Капирате, несомнено!
Значи, ако сте нов корисник воздржете се од нетрпеливо именување на корисниците чиј идентите го знаете.
Ако сте правеле муабет на MSN, ICQ, IRC, AIM, Yahoo blablabla ти реков ми рече, и сте се зближиле повеќе со некој корисник, не го злоупотребувајте тоа на БАГРА.
Ако сте стар корисник, имајте малу осет.
Ако сте ретардиран корисник и упорно правите вакви идиотски работи, постот ќе ви биде ставен одма на -1 (шо се однесува до модераторите), но најверојатно некој админ ќе го избрише постот или ќе ве избрише комплетно од Багра.
90% од дискусииве кои на сите ни се допаѓаат се тука токму поради тоа што не се потпишуваме со Име и Презиме.
Имајте осет и почит за другите корисници и за Багра чија содржина ја уништувате со обезхрабрување на корисниците чиј идентитет го откривате!
П.С. Ако сакате да дознаете повеќе за Анонимноста гледајте го скечот од Топ Листа Надреалиста на оваа тема. ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Последни коментари