Дали некогаш сте се запрашале дали можете повеќе пати да свршите и да доживеете оргазам, без да мора да одморите повеќе од 3 секунди? Дали е тоа можно? Секако дека е можно. Само е потребна извесна посветеност на некои од работите тука напишани и објаснети, и јака желба за успех. Всушност, јака желба за успех е потребна за било која работа која сакате да ја остварите.
Значи, како би било Вие, како маж да можете да доживеете 4+ оргазми на една вечер? Звучи неверојатно, но всушност, е многу веројатно и многу ПРИРОДНО! Прво, да ги испитаме жените со нивната (нецелосна) можност за повеќе оргазми. Како што знаеме, жените имаат можност за повеќе оргазми, но по првиот оргазам ендорфините во мозокот се лачат во огромни количини, давајќи чувство на задоволство/задоволеност. Жените по првиот оргазам не се ни волни да добијат уште еден, а можат. А некои се и преосетливи во делот на клиторисот и др. Токму истото се случува кај мажите. Имено, по првиот оргазам мажите имаат големо количество на излачени ендорфини во крвта и мозокот, и се чувствуваат задоволни/задоволени, исто како и жените. Плус, тука се наоѓа фактот дека заедно со ендорфините во крвта се исфрлаат и дроги за спиење, кои претставуваат идеална комбинација за мирен сон. Ова е моментот кога мажите заспиваат. И кога жените се нервираат.
Ако ја започнеме филозофијата на повеќе оргазми, морате да ја афирмирате идејата во својот ум дека Вие СТЕ СПОСОБНИ за повеќе оргазми без никаков одмор! Зошто? Бидејќи секој е способен.
Е сега, мораме да разграничиме меѓу два појма: оргазам и свршување.
Дефиниција:
-Оргазам: Оргазамот е врв на сексуалното задоволство во човечкиот организам, до кој се стигнува со 1. возбудување на субјектот и, 2. постојана стимулација на (во главно) неговите полови органи и други места на кои постојат склоп на клетки за возбудување, а се манифестира како прекумерно зголемена осетливост на местатата на половите органи, и силни контракции на половите органи кои стимулирајќи ги преосетливите нерви уште повеќе го засилуваат чувството. А чувството е огромно задоволство и мало целосно губење на свеста, кое доаѓа од наглата промена на концетрација на ендорфини во крвта кои се лачат во огромни количини кога оргазмот зема учество.
-Свршување: Појава која често се придружува со оргазмот и која неправилно се изедначува со него, бидејќи се работи за сосема различни работи. Свршувањето претставува полнење на сперминото меурче со спермата која доаѓа од две места, од тестисите и од простатата. Оваа течност при моментот на оргазам, а поради прекумерната осетливост на специјално наместените нерви кај меурчето, ги дразни самите тие нерви, терајќи ги околните мускули да контрактираат, а со тоа да ја исфрлаат низ каналот на пенисот надвор во телото на женката.
Е сега, кога разграничивме меѓу овие два појма, јасно може да забележиме дека тие се одвоени и можно е да се одвојат, ако Вие веќе ги немате одвоено. Има два начини да се постигне повеќе-оргазмичност. Првиот е со неисфрлање на веќе спремната сперма за време на оргазмот, што овозможува да се доживуваат оргазми се додека не се исфрли, и втората, која се состои од неиницирање на механизмот за полнење на сперминото меурче, преку што само оргазам би дошол со никаква опасност на истекување на сперма.
Да почнеме со објаснување на првиот:
Значи, од Вас барам да отидете во нужникот, да почнете да исфрлате урина (моч) и да ја сопрете со волна акција на мускулите, без никаква друга помош. Кога ќе го направите тоа сакам да запамтите кој/кои мускул/и ги употребивте при сопирањето. Откако ќе завршите со исфрлање на моч, пробајте да го иницирате сопирањето пак, со стегање на истите мускули кои ги употребивте и првиот пат.
Мускулот кој го употребивте се нарекува ПК мускул, односно Пубокогениус мускул, и тој служи за отворање/затворање на каналите што водат од организмот во пенисот. Со негова помош, како што видовме, можеме по желба да ја сопреме мочта, а среќната околност е дека со него можеме да ја спречиме и СПЕРМАТА да излезе! Но, секако, не би било се така лесно, бидејќи проблеми мора да се појават на секој чекор и во секој момент од нашите животи! ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Значи, овој ПК мускул се користи за отворање на сперминиот канал кој води до врвот на пенисот, и кој ја спроведува спермата во моментот на свршување. Но ПК мускулот и активно учествува во спроведувањето на спермата до врвот, што го создава и најголемиот проблем. Кога сперминото меурче ќе се наполни, и поради силното влијание на преосетливите нерви во близина за време на наближувањето кон оргазам, овој мускул реагира со ритмички контракции кои ја исфрлуваат спермата нагоре, низ сперминиот канал. Но, ако би можеле да го спречиме овој мускул да ја испумпува спермата, би достигнале да можеме да достигнуваме уште и уште оргазми без проблеми. Ова може да се постигне, и тоа со волно стегање на ПК мускулот за време на оргазмот и испумпувањето. Но ова, секако, не успева толку лесно. Проблемот е што овој мускул е неизвежбан, и ја врши само својата природна, рефлексивна функција и не функционира баш многу добро на волни наредби од мозокот.
Од ова заклучуваме дека овој мускул треба да се вежба за да ја зголемиме нашата контрола врз него, што е всушност случај со секој мускул во нашето тело. Бидејќи овој мускул не може да се вежба со вообичаен тренинг, посебен тренинг се употребува. Прво, откако ќе се осигурате дека го препознавате веднаш, без многу мислење, почнувате со со СТЕГАЊЕ на ПК неколку пати по ред, и брзо отпуштање. Стегање и отпуштање. Стегањето нека биде најјакото што можете да го постигнете, а по 1-2 сек. отпуштете го. Овој тренинг трае првата недела. Втората недела (и понатаму) ќе почнете да стегате и да држите по повеќе време, околу 6-9 сек. со истата јачина, што ќе ве истренира да можете да го задржите баш колку што ви треба. Со текот на времето зголемувајте го времето на задржување на стегнатоста на ПК.
Овие тренинзи можете да ги правите во било кој период од денот, било каде, со било кого, бидејќи никој не може да примети дека воопшто нешто правите! Недостаток на овој тренинг е фактот што ПК мускулот, како и секој мускул, се заморува по некое време, и нема да можете уште да го тренирате се додека не се одмори.
Кога ќе заклучите дека имате доволно јак ПК мускул кој е само за ваша употреба, време е тоа да се употреби во пракса. А праксата е преку техниката наречена самозадоволување. Можеби веќе сте се сретнале со овој поим, но не одмавнувајте со негација со главата кога ќе го слушнете, бидејќи овој поим можеби ќе стане најпрактикуваната ваша занимација во животот. Значи, под самозадоволување се подразбира употреба на било што (најчесто рацете) што би можело да ни пружи задоволство на нас, во однос на сексуално задоволство. Самозадоволувањето обично се практикува кога луѓето се на своето приватно место до кое само тие имаат пристап. Самозадоволувањето најчесто се прави преку замислување на сексуален акт со посакувано лице, и притоа само-стимулација на сексуалните органи, се со цел достигнување на оргазам... или повеќе оргазми
.
Но многу луѓе не знаат дека самозадоволувањето може да се употреби за било каков тренинг или експерименти кои се поврзани со нивниот сексуален живот! Дали можете да го видите потенцијалот на самозадоволувањето?
Значи, да се вратиме на оригиналната тема -
1. Го имате извежбано до толку Вашиот ПК мускул што се чувствувате сигурни дека можете да подигнете една голема кочија со него.
2. Сте одлучни да си го средите сексуалниот живот.
3. Сте расчистиле со предрасудите во врска со самозадоволувањето, и го гледате чисто како само тоа - самозадоволување.
4. Имате доволно нерви да продолжите со тренингот, а богами и со читање на овој прирачник.
5. Ги завршивте сите биолошки потреби во нужникот (?).
Сега ќе Ви објаснам како можете да го искористите самозадоволувањето за да се истренирате во повеќеоргазмичноста. Прво, најдете си сопствен начин на кој добивате најголемо задоволство од самозадоволувањето. Или одете до библиотека и пронајдете ја мојата скрипта „Самозадоволување“; прочитајте ја и одберете начин. Потоа, некое време (ако веќе не сте испраксирани) применувајте го начинот кој е горе спомнат. Нека ви биде пријатно со самозадоволувањето. Откога ќе се привикнете на сето ова, почнете со нова сесија на самозадоволување. Задоволувајте се се додека не стигнете многу блиску до точката на оргазмот (види Објаснување бр. 13). Престанете да се задоволувате. Одморете малку и почекајте возбудувањето да падне. Кога ќе падне до фазата кога веќе нема опасност од исфрлање на сперма и оргазам, почнете пак да се задоволувате. Овојпат дојдете поблиску до точката на оргазмот и исфрлање на спермата, и застанете. Одморете. Повторете го уште еднаш, доаѓајќи уште поблиску до оваа точка. Одмор. Сега, почнете да се задоволувате, и кога ќе стигнете толку блиску до точката на оргазам што скоро ја поминувате веќе, стегнете го ПК мускулот и продолжете да се самозадоволувате. Стегнете го и држете го, но ЦВРСТО И БЕЗ ПОПУШТАЊЕ! Држете го додека не попушти тензијата. Ќе доживеете пријатни дразнења кои ќе доаѓаат од целото тело (бидејќи организмот со сета сила се обидува да ја истурка спермата надвор) а нема да исфрлите сперма. Ќе забележите и дека пенисот не ви паѓа, односно не ја губи цврстината а и вашата возбуденост останува на приближно исто ниво, давајќи ви можност да продолжите со самозадоволување (или обичен сексуален однос). Пробајте пак да го направите истото, но првите пати не ќе можете бидејќи вашиот ПК мускул ќе се измори, и не ќе биде во можност да ви пружи толку задоволство колку што очекувате дека ќе може. Не се секирајте, туку продолжете да вежбате, а резултатите сами ќе дојдат.
Напомена: може да се случи кога ќе го стегнете ПК мускулот, малку сперма сепак да излезе. Може да се случи многу сперма да излезе (што значи дека не сте вежбале доволно за тој да стане јак). Овие работи можат да се случат ако премногу касно го стегнете мускулот (бидејќи не сте можете да посветите внимание таму покрај целото тоа задоволство. Ехх, знам јас како е
). За сево ова постои едно магично зборче, наречено „вежбање“. Вежбајте! ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Откога ќе се извежбате, пробајте го ова во пракса со вашата партнерка/партнер. Ова беше начин за повеќеоргазмичност.