Признавам дека од првото едитување на мојот профил на новава Багра дека ја направив кобната грешка - ги отштиклирав рандом тетките.
Така моите Баграшки права беа ускратени по сопствена волја, и тетките единствено имав можност да ги гледам кога некој ги коментирал.. ООООО ЗОООШТО ЛИ?!
Пред неколку минути повторно си ги вратив на мегдан. И ветувам дека на секоја од нив ќе и укажам минимум 2 секунди почит, а доколку ме полазат и најнеитензивни морници, јас секако ќе кликнам на неа со десното копче и ќе ја отворам во нов таб, и притоа ќе и посвета уште додатни неколку секунди внимание, а во краен случај и ќе ја коментирам.
Мене во моментов рандомка ми е:

.. и е многу секси, односно буди нагон за парење, што според брат ми по аватар Робомаркет е валидна дефиниција за секси.
Три пати ура! Ура, ура, ураааааааааааа!
Последни коментари