Дечки, досега не сте ме виделе на Баграва, ама ве пратам уште од поодамна (језиво звучи, нели?) и мислам дека ова ќе/треба да ве интересира. Имено, веројатно се слушнале за Википедија и на кој начин функционира. (Секој може да изменува и пишува статии). Матичната, англиска википедија, веќе надмина 550000 статии (за споредба една Британика која беше најголема енциклопедија досега, со 75000 статии) и расте ненормално брзо заради неверојатно ефикасниот отворен модел, код итн итн. Исто како што можеби знаете почнати се проекти на сите јазици, а моментално Македонската Википедија (која другар ми и јас ја кренавме од мизерни 50 на подносливи 370 статии) е во смешна положба во однос на другите: Албанската Википедија има околу 900 статии, Српската 11000, а бугарската 16000 статии! За да видите каде сме во однос на другите јазици видете ја следната листа (последен државен јазик во Европа). Дајте вклучете се некако во развојот на Македонската Википедија на некој од следниве начини:
1.Пишувајте нови статии
2.Проширувајте постоечки статии
3.Техничка помош(ако сте софтверџии, ептен е потребна, посебно за табели, функции)
4.Промоција на други луѓе што би биле заинтересирани да ги прават горните 3 работи
Можам да набројам милион причини зошто ни е потребна македонска онлајн енциклопедија сега за сега само овие:
-Зошто како држава досега немаме издадено никаква општа енциклопедија (да, Македоника, ама таа се однесува само за Македонија)
-Зошто на ваков начин би имале бесплатна енциклопедија
-Зошто освен бесплатна, секојдневно би растела
Еве ви го линкот:Македонска Википедија
Истотака, може да се вклучите и во работата на англиската Википедија, на пр. ако сте историчар, можете со аргументи да им објасните зошто Илинденското востание НЕ Е бугарско востание (моментално така стои таму, заради огромното бугарско присуство на Википедија). Ајде!
*п.с. и на англиската и на македонската википедија избегнувајте секакви пцуења на бугарски мајки или сл. На англиската википедија избегнувајте прости изменувања на статии, без аргументи во дискусиите, ќе ве третираат како вандал и автоматски ќе ве бришат.
Последни коментари