10 јануари, 2009 - 04:26
[веб кирилица]

Одговорност Пред Ангелите

од VESELIOT на 10 мај 2005 - 15:08

Одговорност Пред Ангелите

Кога ја исполнуваш твојата воља, кога не ти е грижа за семејството, кога ги мразиш твоите деца
Кога ќе и кажеш не на Љубовта, кога Смртта ти е помила од Животот, е тоа е најтажната слика на Светот
Кога се тресеш и нервозно излегуваш од дома, одиш до првата трафика и си купуваш Смрт
Парите му ги даваш на Сатаната, му го даваш здравјето, љубовта, животот, му го даваш целиот свој живот
Му го принесуваш како жртва целото твое семејство, да, и твоите родени деца нему му ги поклонуваш
За да ги измачува и на крај да ги убие. И ти сето тоа го правиш за едно најситно, најмало задоволство
Lord HB Partner Winston Bond и уште безброј. Најотровно, најсмртоносно и најодвратно решение во моментот

Го вдишуваш димот од цигарите, он преку градите оди во сите вени и капилари
Го уништува целото тело, ги уништува гените, директно го убива животот на твоето потомство
Со големи шанси твоите деца да се родат сакати или крајно слаби и неспособни за живот
Неотпорни на страшни болести како што е Леукемија, рак на крв, физичка слабост, болести во мозокот.
Преку воздухот смртта им ја даваш на твоите најблиски дома, на твоите колеги на работа
Ти стануваш сериски убиец и силно викаш * Баш ми е гајле за сé, јас ќе уживам, ако умрам тоа е Божја Воља

Смртта доаѓа во твојот мозок. Прво ја загадува најскапоцената црвена течност во телото
А потоа го зафаќа целиот систем со центар во Главата и го уништува целиот нервен систем на човекот
А нервниот систем раководи со сите органи во телото. После тоа ти не си способен правилно да размислуваш
Не си способен правилно да чувствуваш. Стануваш крајно деструктивен, нервозен и неподнослив
Ова го пренесуваш на твоите ближни. Им ја одземаш радоста и животот им го одземаш
Твојата способност за контрола е изобличена. Твоите органи ги убиваш и тие полека умираат
Им ја отвораш широко вратата на најстрашните болести. Просто ги молиш да дојдат и да те освојат
Тоа е најстрашен вид Сатанизам. Се убиваш самиот а потоа и другите, нешто најодвратно од почетокот на Времето
Тоа е најголемиот грев на Светот. Никој не те присилува. Ти доброволно ја купуваш бавната смрт

И другите ги убиваш и при тоа не ти е гајле за последиците дека откако ќе се разболеш
Некој ќе те чува и ќе те гледа како умираш и жално ќе плаче за тебе
Твоите најблиски, твојата жена и твоите деца наместо да работат и да се радуваат на животот
Тебе ќе те гледаат како умираш и како полека ти се распаѓа телото
Некогаш тоа со години се случува, твоите сите пари ќе ги дадат за Операции Болници Инекции Седативи
Нивната Радост и Љубов ќе се претвори во Ужас. И кога ќе јадат и кога ќе пијат
Кога надвор е најубаво време за прошетка твоите најсакани плачно ќе мислат на твојата смрт
Не ќе можат да се ослободат од страшните слики. Tоа е твоето тело кое полека се распаѓа и ги напушта
А ти ги оставаш сами на овој Свет осакатени засекогаш со сите трауми од кои нема да се ослободат никогаш

Замисли Терористи ти даваат услов: Ако запалиш уште една цигара раката ќе ти ја пресечеме.
Дали постои толку зависен пушач што нема да се откаже? Многу христијани велат: Не можам да ги откажам
Но Господ Заповедува: Десната рака ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе

Со една цигара ги кршиш сите 10 Божји Заповеди и стануваш близок пријател со најголемиот Богопротивник
Неговото име е Сатанаил или Сатана. Секогаш кога палиш цигара правиш завет со оваа личност
Завет дека Ѓаволот е твој бог и него го љубиш највеќе, го Љубиш со сите твои сили и со целото твое срце
Ѓаволот повеќе го љубиш од Жената и Децата, а одговорноста кон најближните не сакаш да ја почувствуваш
Ангелите што те сакаат и неможат без тебе, што сакаат да го слушаат твојот глас и да се блиску до тебе
Оние кои се грижат за тебе, тие се твоите Ангели во тело. Овие Ангели те Љубат, и не можат без тебе да живеат
Бог ги определи за тебе, ти да ги сакаш и да им го овозможиш твоето присуство, и да се грижиш за нив
Да ги радуваш, да зрачиш со Радост, Мир, Љубов, Здравје, Живот, со Елан, со Мистичен Елан
Тоа е сила која ќе го облагороди животот насекаде околу тебе со Свежина и со Силата на Светиот Дух
Љубовта меѓу вас ќе биде Света и Совршена и Зборовите на Господ да бидат ваша Светлина во Сите Векови

Опции за гледање на коментари


сликата на aceva
Mедицина? - од aceva на 12 мај, 2005 - 07:59

Зашто е постов ставен во здравје и медицина, кога еден здрав аргумент нема? Не е дека недостасуваат убедливи и ефектни информации и податоци контра пушењето, ама авторот евидентно повеќе милува да цитира од вежбанката на Саше-Фактор X.
Искрено, мислам дека веќе е доволно зборувано на оваа тема. Енде.

сликата на Kumanovo
Абе јес да е - од Kumanovo на 12 мај, 2005 - 09:30

Абе јес да е точно горенаведеново,ама си претерал бе!Па ние
ако се сфакаме така трагично ке ги видиме ангелите прерано!

Добра работа - од mu4ddib на 27 декември, 2005 - 22:04

Добра работа (текстов) (за денешниов свет).

Тоа со Ѓаволот, Господ, уатевер не го обичам многомного ама кој сака нек си веруве.

Во слободен свет воа го немет. Имет цигари ама никој не ги пуше прибидејќи слободна е информацијата па научиле дека се штетни и им штетат на нив и на сите.

реклама против - од six на 28 декември, 2005 - 07:47

реклама против пушење..инспирирана од библијата....супер...ти ептен мрзиш цигари а?немој случајно некаде да те начекам со сатаната у уста....има пура да запалиш од мака ако те фатам...ај...пази си го грбот...

Како ова не сум го приметил порано... - од yfipk на 17 јануари, 2006 - 10:43

Море, весели, си пробал ти некогаш цигара? Или како мал премногу ти го труеле НАЈважниот дел од твоето тело? Не ти зборам за дим од цигари, пропаганда шефе! Мозокот ти го затруле!
Ако веќе почнам да работам на твоја фрекфенција, Бог ти дава да избираш што ќе правиш.
Следен пат кога ќе отидеш до мц доналдс, седмица, попе и на нив сличните, Сатаната ќе запоседне со твоето тело, холестеролот, најстрашниот слуга на СотОната ќе навлезе во тебе. Таму паднатиот ангел ќе го стори своето - ќе те уништи однатре! А те тера некој да го попримаш гревот од седмица? Можеш рецимо да си јадеш корења најпоштено. Или да живееш од вода и воздух. Ма заеби ти тоа, ни вода не ти треба. А воздухот ние , слугите на Шејтанот(пушачи де), одамна сме ти го затруле. Па тогаш можеш фино лепо да не живееш(и да не јадеш гомна по форуми).

VESELIOT напиша:

Го уништува целото тело, ги уништува гените, директно го убива животот на твоето потомство
Со големи шанси твоите деца да се родат сакати или крајно слаби и неспособни за живот

Да бе, ај ќе се лажеме сеа...
Ич не ти е на место целиов пост.
Ин конклужн, знам дека цигарите се штетни, ама смири се бре ееееееј! Ѓаволот нема да запоседне со тебе ако запалиш цигара, олади малце! Смири се ... Знаеш како помага цигара [се смее] ?
Туку заеби ова, имам нешто друго да те питам -Па од цел форум најде прво за цигарите да се фатиш?
Ќе идеш таму горе, ќе најдеш детско катче, ќе отвориш дроги и таму ќе мрчиш. Па таму пак ќе ти се навратам на темава, ако си стварно толку упорен.
п.с.
ако те фатат големите лоши чичковци во црно и со калашњикови(терористи де) и ти кажат запали цигара, или ќе ти ги исечеме двете нозе, ќе ти ги извадиме очите, ќе ти ја отвориме устата и континуирано ќе ти даваме шатови... Шо ќе напраиш? Онака информативно..

п.п.с.
и кои тоа божји заповеди ги кршам ја у моментов? Исто ова само онака, информативно...

„Со една - од Diabl0 на 17 јануари, 2006 - 12:07

„Со една цигара ги кршиш сите 10 Божји Заповеди и стануваш близок пријател со најголемиот Богопротивник
Неговото име е Сатанаил или Сатана.“

А јас се си мислев дека Луцифер се вика типот.

Него не ме мешајте мене во муабетот пошто цигарите се од господ, не цигарите до душа, него тутунот. А секој што во име господово вреѓа некое неково битие тогаш има проблем. Проблемот во светот не сум јас* туку вие луѓето.

*види ник

сликата на fluida
Бљак - од fluida на 17 јануари, 2006 - 13:26

Ич несакам вакви текстови...