10 јануари, 2009 - 05:33
[веб кирилица]

Што ги возбудува мажите

од Julls на 6 јун 2002 - 14:56

Индивидуално е кои се ерогените зони кај мажите, како и кај жените, и што нив ги возбудува. Се разбира, постои некаква поделеност, некои мажи уживаат во едно „нешто“, некои во друго, но едно е сигурно: никогаш нема да има вистинско задоволство во сексот, доколку партнерите не се познаваат доволно. Кај нас не знам дали воопшто некогаш е направено испитување/анкета на оваа тема, а според резултатите од една анкета, направена во Англија, група испитаници, мажи, кажуваат што највеќе ги возбудува во кревет. Секако, повторно да нагласам, индивидуално е дали некому повеќе ќе му се допадне бакнеж зад увото, или пак допир по торзото...ова е она што е резултат на гореспоменатата анкета.
Значи, што ги "излудува" мажите?



1. Понекогаш тој сака облеката да ја задржите на себе

Барем, еден дел од облеката. Ним им годи кога ќе почувствуваат нешто меко на нив, на пример свилена или сатенска облека. Сем тоа, им се допаѓа кога жената не е потполно гола затоа што во тоа постои нешто таинствено: тој се прашува како изгледа она под облеката :-)

2. Му годи допирот на косата на неговото тело

Вашата коса е вистинско оружје да го натерате Вашиот партнер да „полуди“ особено ако тој лежи, а Вие преоѓате со косата по неговото голо тело. Тоа на мажите им пружа фантастично чувство, а покрај тоа, долгата коса е женствена и еротска.

3. Допирајте ги неговите гради

И кај мажите, како и кај жените, брадавиците на градите се ерогена зона. Многу мажи сакаат кога нивната партнерка ги бакнува по градите, а покрај тоа понекогаш уживаат кога лежат а жената ја превзема иницијативата. Затоа, ослободете се и пружете му на Вашиот партнер потполно задоволство. Допирајте му ги брадавиците на градите со прсти и со усни, со истата брзина и притисок со која би сакале и тој да ги допира Вашите.

4. Стриптиз во тишина

Многу мажи се согласуваат дека нема ништо повозбудливо од жена која се соблекува полека и без збор.
„Мојата девојка еднаш полека почна да се соблекува, додека јас зборував на телефон со татко ми. Почнав да се збунувам и да одговарам на се со: да тато, важи тато. Штом ја спуштив слушалката водевме љубов, таму каде што се најдовме-во кујна“. Звучи примамливо и интересно...ако до сега не сте го направиле ова, не чекајте многу :-)

5. Тој се надева дека ќе почнете да ги барате неговите „жешки“ места

Мажите уживаат во допири по целото тело, но како и кај жените, постојат точки кои се особено осетливи. Допирајте го затоа по цело тело, за да откриете што особено сака. Можете и нежно да поминувате со ноктите по неговата кожа: тоа е еден од најсигурните начини да откриете каде е најосетлив. Како ќе знаете дека сте откриле особено „жешка“ точка? Веројатно кога ќе дојдете до истата, тој ќе се „сецне“...а после тоа, ќе ужива ако токму таму го бакнувате и допирате.

6.Ни тој понекогаш не сака да „оди до крај“

Иако е врежано мислењето дека мажите секогаш мислат само на сексот, повремено допирите и предиграта може да бидат далеку поеротски. За поуспешен и подобар секс, подарете му малку секси провоцирање. Тоа може да биде допирање или некоја еротска игра. Еден од испитаниците во гореспоменатата анкета изјавил дека највозбудлив момент му бил кога неговата девојка глумела како да и е прв пат, па сето тоа се одвивало многу споро, интересно и убаво.

7. Љубовна „лузна“ - нешто што после цел ден ќе го потсетува на изминатата ноќ и ќе ја буди неговата фантазија

Мала огреботина, скриенo љубовнo „гризнување“ или слична трага - ќе го задржи Вашиот последен состанок длабоко во неговите мисли.
„Мојата девојка секогаш ја „цица“ мојата долна усна додека водиме љубов. Благите трнења и „боцкање“ кои ги чувствувам наредниот ден ме полудуваат-ме потсеќаат на моментите на нашата љубов.“
Сем тоа, кога ќе отидете дома, оставете нешто кај својот партнер „за спомен“ - такво нешто на мажите многу може да им се допадне. Да најдат чипкасти гаќички во нивниот кревет после една таква ноќ...верувајте, нема да погрешите :-)

8. Го возбудуваат женски нозе

Мажите сакаат убави и мазни женски нозе. Зошто? Веројатно затоа што им се допаѓа чувството на свиленкаста женска кожа под нивните прсти. Исто така, женските нозе се „тајна врата“ која мажите сакаат да ја отворат. „Кога ќе ги почувствувам како се тресат вон контрола, се чувствувам толку моќно“, изјавува еден од испитаниците.

9. Ушите како ерогена зона

Постои дури и техника на допирање која на мажите највеќе им се допаѓа: прво правило е да бидете нежни, а понатаму... полека со врвот на јазикот преоѓајте преку целата надворешна должина на увото и зад ушната школка (таму кадешто се спојува со вратот), а потоа со мали нежни движења допирајте ја внатрешноста на увото. На мажите ова едноставно, никогаш не им е доволно :-)

10. Тој се топи под нежни и долги допири

Повеќето жени мислат дека мажите сакаат интензивен, силен допир, но понекогаш нежниот, лесен допир е најубав. Затоа, бакнувајте го „меко“, „влажно“ и споро од врвот на вратот па се до долниот дел на грбот, а потоа преоѓајте го истиот пат со јагодиците на прстите.

11. ...но секако, сакаат и малку грубост :-)

Мажите сакаат кога жената, не само со погледот, туку отворено покажува дека е подготвена за љубов... за да му покажете колку го посакувате на пример „фрлете“ го на креветот, „стиснете“ го додека се возите во лифтот и...има поприлично многу примери-пуштете ја Вашата фантазија, а сигурно до сега нешто од ова и Ви успеало :-)

12. Тој не заборава на своите тинејџерски фантазии

За да добие Вашата врска една сосема поинаква еротска димензија, прашајте го која е неговата најголема сексуална фантазија. И се разбира - потоа претворете ја во стварност!

13. Dirty talk

Неверојатно колку моќ можат да имаат зборовите...додека водите љубов, пред и после тоа. Дури не мора да бидете суперкративни во она што го изговарате. Едноставно...нека биде dirty :-)

14. Тој сака да Ве гледа

Мажите подеднакво ги возбудува кога жените се допираат сами во љубовната игра. Звучи перверзно, но сакале ние да признаеме или не, сите сме перверзни-кој признава, кој не! Направете го ова, нема да згрешите! Ќе се изненадите себе си, а и партнерот :-)

15. Тој ужива и кога го допирате по лицето

Допирајте го неговото лице, милувајте го, поминувајте со прстите низ неговата коса... нема човек на светов кој не ужива во ова!

16. Допирот на рацете и нозете ќе ја поттикне неговата фантазија

Обидете се со ножните прсти и стапалата да преминувате преку неговите листови, додека со прстите од рацете преминувате преку неговите раце. Еве што вели еден од испитаниците: „Кога прв пат тоа го направи мојата девојка, помислив дека има уште една жена со нас во кревет.А тоа е фантазија на секој маж.“

 

 

Што може да биде поинтересно и по-посакувачко од изненадување? Обидете се да го менувате Вашиот изглед секогаш! Секое Ваше доаѓање во кревет нека биде поинакво од претходното. И се разбира....секое нека биде поинтересно. Што и да подготвите да биде интересно, заводливо и убаво. И уживајте во тоа!

Ова е веројатно само еден многу мал дел од она што ги возбудува мажите. Но, ако до сега не сте направиле ништо од ова, тогаш имате многу за учење. Време е да почнете :-)

Опции за гледање на коментари


Одговор: Што ги возбудува мажите - од Bocko на 6 јуни, 2002 - 18:40

Има една работа што не ја разбирам кај жените. И покрај вака одлично објаснети работи, колку од нив ќе ги применат во пракса.

Можеби грешам, но мислам дека многу мал дел применуваат од горе наведените работи и после тоа кукаат како влечкото (пардон дечкото) не е заинтересиран, гледа по други итн.

Во секој случај

Многу Едукативно и Многу Точно ... и Одлично

Одговор: Што ги возбудува мажите - од cetus на 7 јуни, 2002 - 16:20

Дали некогаш си помислил дека можда се дружиш со погрешните девојки? [се смее]

Одговор: Што ги возбудува мажите - од bikis на 7 јуни, 2002 - 07:12

Za mazite najvozbulivo e koga chuvstvuvaat deka vie uzivate i se popaluvate miluvajki go nego......zatoa kade i da go miluvate,pravete go toa spontano i so uzivanje,na zadovolstvo na dvajcata, a ne samo negovo.......

Одговор: Што ги возбудува мажите - од bikis на 7 јуни, 2002 - 07:23

devojki i ushte ova....nikako ne zaboravajte da ispushtite i po nekoe: uuh....ohhh...mmmmm.....[намигнува]

Одговор: Што ги возбудува мажите - од pepelashka на 7 јуни, 2002 - 15:19

Багра, па вие многу ќе не’ разгалите се убави текстови .... љубов, еротика, секс, од убаво поубаво [се смее])

Julls, мал совет ако не ти пречи, пократки пишувај ги текстовите, заради повеќе причини

поздрав [се смее]

сликата на Julls
Одговор: Што ги возбудува мажите - од Julls на 7 јуни, 2002 - 16:00

pepelashka, не пречи, ама да не мислиш дека не му е место на овој совет тука? За мажите и возбудувањата можеше да се пишува уште многу повеќе, се разбира. Апсолутно сметам дека нема причина, да се крати текстот-дури има и многу работи кои не се наведени [се смее], но сепак почнувам да добивам некое чувство дека темите околу љубовта и сексот не би требало да ги пишувам...некому му пречат.

Искрен поздрав [намигнува]

Одговор: Што ги возбудува мажите - од mommentum на 7 јуни, 2002 - 16:24

Julls бејб, прими го со_чувство =)

сликата на Julls
Одговор: Што ги возбудува мажите - од Julls на 7 јуни, 2002 - 16:51

Советот бејб?

mommentum, знам знам [се смее]))))

Одговор: Што ги возбудува мажите - од North^ на 23 јуни, 2002 - 16:08

Ubav tekst..seksologot Dzon Grej dava prekrasen osvrt na uzivanjeto narecheno sex

[се смее]))

na slichen nachin go opishuva ona shto go napishala nashata Diva Julls:)

najvazhno e da se razbere deka mazhite i zhenite imaat poinakva hemija i deka funkcioniraat razlichno..zaradi toa i nastanuvaat nesoglasuvanja vo nivnata komunikacija..[намигнува]

kako i da e..ako se saka nekoj, sekogash se nastojuva da vrskata bide nadgradena na ovoj ili onoj nachin..da nema monotonija i da sexot bide uzhivanje,a ne samo dosadna navika.

сликата на triipol
Што ги возбудува мажите - од triipol на 10 мај, 2004 - 13:18

Julls .... злато тоа мило
браво за текстов ...
ова браво е добиено поради едукативниот момент на текстот кој треба сите жени да го применуваат

од досегашново мое дружење со женскиот пол имам забележано неколку битни работи
кој влијаат многу на сексуалниот чин , или па на однесувањето и размислувањето на девојките за сеkсот

ми се случило да бидам со девојка која прет тоа била со друг (нормално) и тој другиот ке констатира ...а бе брат везе нема цурава ,не знае да се ебе , ништо не прави во кревет , досадна е ....итн

е сега што се случува , девојчето , стварно на првиот чин беше малце збунета , но беше збунета само на почетокот .... а потоа кога и ги отворив вратите на фантазијата ,кога ме виде мене какви се не работи барам од нејзе , и дека сето тоа нормално го свакам , девојчево полуде ...се плескавме цела вечер , малата се радуваше као дете на сладолет , ја се извадив од памет ...после тоа секој нареден ден беше се подобра и подобра ....
и после си размислувам , зашто бившиот тип ми кажа дека немала везе во кревет ...

после некое време и слични ситуации на предходната , сватив дека нема лоша девојка во кревет ....

лоши сме НИЕ машките, односно лош ни е пристапот кон девојката додека сме со нејзе во кревет ...

пошто неможе да очекуваш од девојкати да ти биде виртуоз во кревет ако ти си тапа и не ја водиш барем на почетокот во играта , неможе девојкати да биде супер ебачица ако Ти не и го дозволиш тоа и ако Ти не и го бараш тоа !!!

значи еден мал совет за сите машки членови на БАГРА ...луге дајте им шанса на вашите девојки да се ослободат од стегите кој вие им ги ставате во кревет ....

и не заборавајте дека сепак вие сте машкото и дека треба да почне од вас ...ако Ти самиот незнаеш како да ја разбудиш фантазијата во нејзе и не и дадеш слобода да се покаже , никогаш нема да сватиш уствари каков звер си имал покрај тебе ,
верувајте повеке пати сум го почуствувал тоа , да некој збори дека цурата немала везе во кревет а да испадне дека е звер ....

и за крај :
Браво за сите девојчиња на планетава земја ....само продолжете така супер сте [се смее])) и дајте им шанса на вашите дечковци да ве почуствуваат кави животни сте , немојте да го криете зверот во вас

поздрав

Што ги возбудува мажите - од strelcho на 10 мај, 2004 - 13:48

**а потоа кога и ги отворив вратите на фантазијата **

Бре, бре...Шо јебач си ти а [се смее]

**и не заборавајте дека сепак вие сте машкото и дека треба да почне од вас***

Нема врска...Нема тука правила...Башка е многу поинтересно ако е обратно...

Julls...Браво, браво за ова [се смее] Јес да го иам прочитано и предходно, али сеа ме потсети ова пак...делот за поминување со нозе по листови....ММгххх најбоље [се смее]

сликата на triipol
Што ги возбудува мажите - од triipol на 10 мај, 2004 - 14:03

абе нема правила ама знаеш какви се девојкиве кај нас ...

сликата на Julls
Што ги возбудува мажите - од Julls на 10 мај, 2004 - 14:04

Well...I am blushing now [се смее]
Абе да не пишуем сега искуства лични, ама во принцип, тоа е тоа...мада има и мноогу повеќе [се смее]

Што ги возбудува мажите - од Obi на 10 мај, 2004 - 17:18

Хммм...
Точка 16 е доста интересна.
Значи ако има две девојки шо ти го прават тоа ќе помислиш дека се 4. [се смее]
права ствар! [се смее]))))))))))))))

сликата на PassENGER
Што ги возбудува мажите - од PassENGER на 10 мај, 2004 - 17:57

... od ovde mozzam da go poccustvuvam zaletot ssto go zima frajer pred da explodira vo eden nekolku megabajten post - ovie temi mu se konjak, ama sea ke e pointeresno da go ccitame od novonastanatata pozicija na `ranjeni lav` vo koja se opnal samiot sebe. Ha - haa !!!

No hard feelings F. I just can't keep my bloody mouth shut

[се смее]

сликата на frajer
Што ги возбудува мажите - од frajer на 10 мај, 2004 - 18:18

види секој се има и тоа како заебано во минатото.. кој како ќе продолжи да се однесува е прашањето...
баш се опнав самиот себе и доста беше гадно.. но од секое искуство нова порака... а пораката е ... кој ги ебе сите жени ги има и тоа како многу, кој се врзува за една или неколку посебни, е шупак, освен ако навистина се доообри и навистина му значат нешто...ама навистина.. т.е да ја земеш за жена.. ако не, заеби.. но за останатите нас...

еби, еби, што ти е гајле насекаде се, згодни се и се ебат и тоа како...
ниедна жена не е посебна ниедна не е е вредна човек којзнае колку да и се посвети.. додуше и вреди ама само од аспект на тоа колку е добра во кревет...
да ве ебам сите згодни жени каде и да сте, ич не ми е гајле за вашите глупави муабети... никогаш не сум се интересирал за нив, а кога сум се интересирал ми било интересно што има да кажете во тој муабет да го свртам против вас и да ве легнам...

ве сакам и тоа бескрајно вие сте мојата алфа и омега, вие сте целиот мој живот, без вас ништо ќе немаше смисла...

поздрави, мили мои.. сексот е се во животот.. кој не верува во тоа... не е фрајер...

Почитување. - од mu4ddib на 20 јануари, 2006 - 13:43

Почитување.

Текст за почит - од Foka на 20 јануари, 2006 - 15:29

Почит човече. Се надевам дека ќе го прочитаат жениве

сликата на Julls
Ова е стар - од Julls на 27 јануари, 2006 - 20:14

Ова е стар текст. А и јас сум жена башка.