Нејзината:
Тој беше во чудно расположение кога пристигнавме во кафиќот. Мислев дека е моја
гршка затоа што малку доцнев, но тој не рече ништо околу тоа. Не се сеќавам
дека направив нешто за да го вознемирам, но можев да забележам дека нешто не
е во ред...
Разговорот се развиваше прилично бавно па помислив дека треба да одиме на некое
помирно место за да можеме да разговараме по интимно. Отидовме во ресторан,
но тој СЕУШТЕ се однесуваше чудно. Почнав да се загрижувам. Што направив? Дали
сум му досадна? Дали е лут на мене? Се обидов да го расположам, но почнав да
се запрашувам што го мачи. Дали сум јас или нешто друго? Го прашав дали е веознемирен
поради мене, тој рече не. Но не бев навистина сигурна. Во таксито, на патот
накај неговата куќа, му реков дека го сакам, а тој само ја стави неговата рака
околу мене! Не знав што по ѓаволите тоа значи затоа што не ми одговори.
Конечно стигнавме кај него и се прашував дали ќе ми раскине! Зошто не сака
да разговараме за ова? Се обидов да го прашам за тоа, но тој само го пушти телевизорот.
Зошто повеќе сака да гледа телевизија одколку да разговара со мене?
Спротивно на неговата воља, реков дека ќе одам да спијам, надевајќи се дека
тоа ќе го изнервира и ќе сака да разговараме. Многу бев вознемирена затоа што
тој седи и гледа ТВ додека јас поминувам низ емоцијален кошмар. По 10 минути
ми се придружи и имавме секс. Мислев дека можеби ќе се отвори одкога поделивме
такво интимно искуство, но тој сеуште изгледаше прилично занесен.
После тоа само сакав да заминам затоа што бев толку вознемирена, но само плачев
додека не заспав. Тој не ни примети колку бев вознемирена! Не знам, не знам
на што тој размислува повеќе. Се наоѓам пред емотивен колапс. Многу сум збунета.
Мислам дека не ме сака повеќе, Зошто мора да си игра играчки со мене? Мислам,
дали мислите дека нашол некоја друга?
Неговата:
Сакраменто изгубија вчера, морав да станам рано и да работам до доцна. Се чуствувам
многу уморно. Сепак имав секс.
Последни коментари