Малку скептичен, вчера отидов на концертот на Суперхикс и Ману Чао. Најискрено, очекував некое тапа реге или така нешто.. Али дечки, без конкуренција, еден од најдобрите концерти на кои што сум бил.. Дечките беа супер, и сега у 15 до 9 насабајлечки, ме болат коските.
Оваа епопеја почна вчера околу 10 претпладне, коа бев да купам карта. Скокнав до Југотон со 400 МКД (јеби га, закаснив) да си купам карта, и коа ми ја дадоа и коа на неа видов сериски број од 3000+, се израдував, бидејќи тоа значеше дека ќе има многу раја.
Со уште две другарчиња у 7ипол вечерта бевме пред лизгалиште и малце се буткавме да влеземе. Океј, беше гужва, и се буткавме за да влеземе, али не беше толку неорганизирано као на други концерти, да мораш лумбагото да си го наместиш коа ќе успееш да влезеш после 2 саата сардинирање пред влез. Не претресоа дали иаме недозволени субстанци и ни ги скинаа картите, и конечно успеавме да влеземе. Оукеј, време да почне журка нели? Игзекли - само што влеговме, Суперхикс почнаа со свирење, и дечките беа стварно екстра загреани - пееа, рипаа, скокаа и се заебаваа. Атмосферата беше стварно супер - луѓе се журкаа, сите играа, а суперхикс го праеа оноа што најдобро го прават - супер музиче и квалитетен жур. Го исвиреа цел албум, и целото тоа време не седнав. Бевме скроз напред, во левата половина од лизгалиштето, и иако беше гужва, имаше место да се раздвижи човек и да се разигра, што беше супер. Ја не сум многу по играњето, али у секој случај, не можев да одолеам. Па уште коа го извадија и Раде Рогужаров на сцена - абе хаос. Дечињата што ја знаат само "Раде" здивеа - почнаа и тие што седат да играат, сите врискаат, раце горе у ваздуху, и сите певушат у позадина. Стварно супер! Браво дечки!
По некоја пауза од 5-6, до евентуално 10 минути, излезе Ману Чао со Радио Бемба (така беше?). И дечкиве тотално растурија. Почнаа околу 9ипол и фураа жур до полноќ. Како што веќе спомнав, очекував некое досадно реге или така нешто, али искочи дека дечките се стварно супер - мешаа ска, панк, некои латино ритмови, бонго, абе све што може да му текне на човек. Поставата им беше од мислам 6 луѓе - Ману, сосе гитаристот, басистот, батката на хармоника, бубњарот и еден црномурест раста-лајк дечко што покажа исклучителни вокални способности. Луѓето што беа во првите редови беа прскани со вода, имаше стејџдајвинг, ефекти, џа, бу, организација и постава на ниво.
Иако на моменти почнуваа да нервираат, веднаш ќе сменеа нешто, и тотално нов жур се праеше - дефинитивно имаа фантастичен лајв ект.
Мене најголем впечаток ми остави (ова ко да се враќам у прво одд) басистот, дечкото покажа многу способности - од свирење, до пеење, правење звучни ефекти и што уште не. А гитаристот беше приказна за себе - имаше неколку солоа, што стопосто вредеа да се чујат. Сите беа интересни за себе, и ако кој било од нив да фалеше, немаше да биде тоа тоа.
Како и да е, можам ја да продужам да го фалам вчерашниот концерт до утре сабајле - али ќе скратам и ќе кажам дека тие што не беа, квалитетно се заебаа. Пропуштиле квалитетна журка и невиден хаос. Лизгалиштето беше пуно, и седиштата (овај.. трибините.. whatever) беа пуни. Цело време се играше и цело време беше супер.
Само една работа да се пожалам.. имаше пред мене една дебела цура.. Јеби га друже судија.. или за интернационалните посетители.. фак ит, френд џаџ.
поздрав
z
Последни коментари