Ме известија пред некој ден дека ме споменале во дискусијата на тема „Бакнеж“.
Veni, vidi и на сите кои што не разбрале како зборовите можат да направат вистинска забуна во животот - им ја посветувам следнава песничка. ;)
ЗБОР ПО ЗБОР - СОБРАНИ ДЕЛА
Колку е убаво што знам да пишувам!
Чувството е супер кога ширам демагогија во фрази.
Си играм со низи од букви и по некој бланко простор.
Си играм и со луѓето кои што ништо не ми значат,
а особено со оние на кои што цел свет би им го дал.
Луѓето ми се восхитуваат, велат: „Леле каков оратор!“.
Девојката ме сака, родителите ми се горди,
другите копнеат за два реда муабет на пешачкиот премин.
Некои ме сакаат, некои ме мразат,
некои се горди, а некои љубоморат.
Некои читаат стручна литература за да можат и тие така,
па стасуваат некаде пред „Б“ во Вујаклија.
А мене рацете ми се тресат секогаш кога ќе допрам тастатура,
страв ме фаќа од новата лага, овековечена, потоа објавена.
Страв ме фаќа и од тоа како ќе ме разберат другите,
дали ќе сватат што сакал авторот да каже.
Страв ме фаќа и во муабет, па го тргам погледот на страна
да не ме фатиш додека лажам.
Смачено ми е да зборувам, смачено ми е да дробам,
смачено ми е да ги гледаат моите зборови а не мене!
Не ми треба мене твоето „извини“,
не сум слеп за да знам дека не го мислиш.
Ниту пак наседнувам на „не те сакам“,
додека те гледам како го отфрлаш светот за еден допир.
Не сакам веќе да редам букви, не сакам да си играм,
сакам само да те видам и се' што треба ќе биде таму.
Не верувај во зборовите!
Немој да бараш „затоа“!
Застани пред мене и погледни ме во очи,
допри ме и погледни во темно
и ќе сватиш што сакам да кажам
...кога велам дека те сакам!
Со арелена,
Злочко.
Недела, 02 Јуни 2002.
Последни коментари