10 јануари, 2009 - 05:52
[веб кирилица]

Сајберпанк (Cyberpunk)

од гоце на 2 јун 2002 - 05:31

Ноќниот Град беше како дегенеричен експеримент во социјалниот Дарвинизам, дизајниран од истражувач кој се досадува и перманентно го држи палецот на копчето за мотање напред.
Neuromancer

Кажи збогум на твојата бајата стара иднина. Тука е потполно разбраниот нов свет, интензивен како електричен шок.
Bruce Sterling

Сајберпанк - едно од најрадикалните, контраверзни, страшни и иновативни научно-фантастични движења на сите времиња.



Некои велат дека сајберпанкот е мртов, но тој попрво е мутиран. Всушност целата денешна научно-фантастична сцена е сајберпанк. Мешавината на песимистички пророштва и имплементацијата на модерна технологија е инвенција на сајберпанкот. Класичните одлики на сајберпанкот, како кибернетика, сајбер-простор, мега градови и мега коорпорации се земаат здраво за готово во денешната научна фантастика. Влијанието на ова движење не треба да се потценува.

Раѓањето на сајберпанкот е во '60-тите и '70-тите кога научната фантастика постанува побрутална, бизарна, социолошки свесна и технолошки ориентирана. Оваа еволуција се забрзува кон крајот на '70-тите и раните '80-ти, кога се појавуваат персоналните компјутери и се појавува панкот кој ја менува поп културата засекогаш.

Публикацијата на „Неуромансер“ на Вилијам Гибсон во 1984 го поставува обележјето на сајберпанкот. Заедно со Руди Руклер, Луис Шинер, Џон Ширли и Брус Стерлинг тој формира литературно движење инспирирано од автори како Ј.Г. Балард и Брајан Алдис, вероватно и под влијание на филмови како Осмиот патник и Blade Runner. Давани им се етикети како радикална научна фантастика, одметнати технологисти, бранот на осумдесетите, неуроманти... Само една етикета останува, иако оригинално тоа е насолов на краток расказ од Брус Бетке: Сајберпанк.
Неуромансер бил револуција која не предвидува промена, туку ескалација. Типичното сајберпанк општество е во основа драматично претерана верзија на нашата нехумана технологија, колапсот на животната средина, препотентните мега-коорпорации, немилосрдниот комерцијализам, пренаселените мега градови, жестокиот криминал, неонот и хромот, насилството и смртта.

Акцентот во сајберпанк литературата бил и сеуште е на придобивките и ризиците од технолошкиот напредок. Технолоките чуда што секогаш ги фасцинирале сајберпанк писателите се компјутерите, вештачките подобрувања на телото, роботиката, вештачката интелигенција, биомеханиката, клонирањето, синтетичкит дроги и секако лајтмотивот на сајберпанкот, сајберпросторот (глобалната компјутерска мрежа, матриксот, дигиталните пејсажи, крајната неурлогичка илузија).

Есенцијалниот концепт за сите сајберпанк писатели е крајноста, сé што е екстремно, брзо, мазно, бизарно... Тие се трудат да ги презентираат нивните срашни визии за иднината со уличен тон и сув хумор, film noir стил, секогаш многу чуствителни за современите трендови.

Сајберпанк концептот има големо влијание на научно-фантастичната литература, посебно врз научно-фантастичните филмови што е сеуште евидентно, како и врз стриповите, компјутерските игри, музиката, модата, уметноста итн.

Жално е што саберпанкот е мртов и дека тоа е феномен на '80-тите, но ова не е целосно точно. Терминот ретко се користи во денешно време, а тоа безсомнено се должи на бесрамната експлоатација на сајберпанк концептот, генерално, и на концептот на сајберпросторт како особина, кога Интернетот и виртуелната ралност се јавна сопственост. Како и да е, сајберпанкот е жив, иако се зема здраво за готово или му се даваат нови етикети.

Мора да се спомене дека нова суб-култура произлезе од сајберпанк движењето. Оваа суб-култура е многу активна на Интернет, а неретко е со нејасна природа.

Сајберпанкерите на денешницата се најмогу хакери, кракери и други компјутерски способни деца, субкултура која го апсорбирала сајберпанкот рано, затоа што тие најчесто се претставуваат како осамени херои и го го разбираат високотехнолошкиот пристап. „Информацијата мора да биде слободна“ е нивното мото.

Електронската музичка сцена исто така го усвои рано сајберпанкот, најповеќе со стиловите како техно, амбиет, индустирал итн. Има интимна врска помеѓу сајберпанк музиката, уметноста и модата.

Ретка е и ексцентричната група на т.н. транс-луѓе, индивидуи со желба да станат пост-луѓе. Овој процес вклучува измени на телото и мозокот и драстично ја отфрла границата на хуманоста подалеку.

Иако сајберпанкот некогаш бил нарекуван анти-Реганизам, тој не е, и никогаш не бил политичко движење. Може да се карактеризира како креативно и радикално уметничко движење, без истакнати лидери или правила.

 

Дистописки* поглед

Клучниот збор во сајберпанкот е егоизмот. Тоа е преживување на најјакиот, но во толку комплексен свет нејасно е кој е таков. Паранојата е инструмент за преживување, а забивањето на нож во грб е честа појава и кај хероите и кај нивните противници.

Сајберпанк општествата се во основа капиталистички дистопии. Тие ја покажуваат слабоста на капитализмот подобро од било која друга дистопија. Коорпорациите повеќе не се економски ентитети туку минијатурни држави со сопствена влада, устав, акони, полиција, војска итн. Не треба да се спомнува дека коорпорациите не се демократски и хумани. Природата е алат за производство, а етиката е алат за маркетинг. Потрошувачката е мото, а обичниот човек е доведен до ниво на безразумен потрошувач. Индивидуата е неважна и може да се жртвува.

 

Истражување на можностите

Тоа што ја прави сајберпанк дистопијата толку интересна е фактот дека е многу блиску до нашето време и ги гледаме нејзините неизбежни опасности.

На некој начин кошмарот на сајберпанкот се остварува во „западниот свет“ генерално, посебно во САД. Урабнизацијата достигнува нови нивоа: Лос Анџелес е мега град, а Бостон-Атланта коридорот се шири. Криминалот ескалира: американските улици се опасни, а американските криминалци се слични на тие во Ноќниот Град. Моќта на коорпорациите расте: само наивна личнос може да мисли дека коорпорациите не се мешаат во американската надворешна политика или дека потрошувачката не е начин на живот за многу Американци. Животната средина е сеуште во опасност: фаталното глобално затоплување е еминентно, а сепак американсаката влада одбива да ги потпише меѓународните договори. Светот не е безбедно место: нуклеарни, хемиски и биолошки оружја,...

Понатаму, човештвото полека постанува пост-хумано. Вилијам Гибсон тврди дека тоа веќе се случило. Измената на изгледот со хируршка интервенција е честа, а транспланацијата на органи за да се преживее се сваќа здраво за готово. Постои црн празар за човечки органи. Неетичките науки полека се прифаќаат: веќе јадеме генетски изменета храна, а екеперименти за клонирање на луѓе несомнено ќе бидат (или се) изврешени.

Ставот на обичниот човек спрема технологијата е исто така рапидно променет. Само пред 25 години малку луѓе можеле да го предвидат ударот, или само постоењето, на пресоналните компјутери или глобалната мрежа. Да, требаше само пола декада мнозинството од нас да го прифати концептот на персонален компјутер како стандард во нашите домови, концептот на Интернет како медиум за остварување на интимни врски итн. Јапонската фасцинација за роботиката, т.е. за роботи домашни миленичиња е симптоматична за нашето време.

Кога сé се сведува на интелектуална дегнеризација и сајберпанк декаденција, генерално, тогаш таму сме многу години наназад: иконите како Мајкл Џексон и Мадона лесно се вклопуваат во било која сајберпанк дистопија, со целосен почит за нивната уметност...

 

*Дистопија - имагинарно бедно место, спротивно на утопија

Утопија - место или држава на идална перфекција, спротивно на дистопија

Опции за гледање на коментари


сликата на Julls
Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Julls на 2 јуни, 2002 - 14:33

Сајберпанк - едно од најрадикалните, контраверзни, страшни и иновативни научно-фантастични движења на сите времиња.

Го сакам Сајберпанкот....одлична тема и одличен текст [намигнува]

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Noonien на 2 јуни, 2002 - 20:06

У стилот на Гзоглавиот:

William Gibson kicks ass! [се смее])))

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од punk на 2 јуни, 2002 - 20:07

Првпат читам волку многу за cyber панкот...

Супер текст!

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Bocko на 2 јуни, 2002 - 21:15

Mnogu dobar text, no sto se odnesuva do Kriminalot vo SAD i zagaduvanjeto na zivotnata sredina malce poveke si promasil.

Bi te pokanil da dojdes tuka i da vidis. Vo sporedba so Makedonija, gragjanite na SAD se daleku pocivilizirani i poveke svesni za zivotnata sredina, a i zakonskata regulativa za zastitata na zivotnata sredina e 10 godini ponapred od onaa na EU.

Ova go kazuvam za zivotnata sredina bidejki mi e struka, a i ziveam, rabotam i se doskoluvam vo SAD bas na taa problematika i imam napraveno komparacija so sostojbata vo nasata Makedonija.

сликата на гоце
Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од гоце на 2 јуни, 2002 - 21:46

За луѓето верувам. Добро знаеме кави стоки сме ние. НО, ѓубрето по улиците не е никаков репер за глобалното уништување на екосистемот.

Пробелмот во САД е баш таков како во текстот. Непотпишувањето на договорот за намалување на емисиите на CO2, фреон и сл.

П.С. И јас имам слична струка [се смее]

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Bocko на 3 јуни, 2002 - 18:17

Гоце,

Со цела почит,

проблемот не е таков како што ти го замислуваш.

Не сакам да те навредам, но можеш да имаш супер одлична струка, но не во областа на заштитата на животната средина. А доколку си студент на т.н. студии за животна средина, слободно ке ти кажам дека немаш поим бидејки одлично ги познавам студиите и кој и што предава, а мојата позиција, звање, искуство и знаење ми дозволуваат да го кажам тоа.

Очигледно си потпрочитал нешто и си начул нешто или квази-стручњаците во Македонија или како што се нарекуваат експерти за екологија (екологија и заштита на животната средина се две различни нешта), ти кажале нешто што одвај и тие го разбираат, па мешаш ѓубре со глобално уништување на животната средина.

Колку за твоја информација, договорот што ти го нарекуваш договор за намалување на СО2 е познат под името Кјото протокол. Иако доста често е нарекуван Кјото договор, протоколот, како форма на договарање, има малку подруг третман во меѓународното право. Кјото протоколот е „предложен“ во Декемви 1997, а потпишан од САД во Декември 1998. Проблемот што ти го наведуваш како потпишување, не е потпишување, но ратификување од страна на Конгресот на САД. (има огромна разлика).

Според Кјото протоколот САД се обврзуваат на намалување на емисијата на green house гасови на 93% од нивото во 1990 година, при што со истиот протокол одредени земји имаат право и да ја зголемат зголемат на green house гасови. Проблемот лежи во прашањето што одредни емитери на green house гасови кои се толку големи (како Кина и Индија) се уште не го ратификувале протоколот под изговор „западните земји се развија користејки фосилни горива како јаглен, па сега сакаат нашата економија да ја стопират со вакви протоколи, договори и сл.". Покрај САД протоколот не е ратификуван и од Франција, Германија, Кина, Русија, Британија, Јапан, Шведска, Италија итн. Образложението е просто: Бидејки се работи за гасови, доколку сите потписници на договорот не го ратификуваат, безпредметно е да се одредени земји да го применуваат, а други не. Прост пример е примерот со неколку славини кои преполнуваат када. Доколку се затворат само една или две или 3 славини, кадата пак ке се преполни - порано или подоцна.

Но немам намера да забегувам во објаснувања, а доколку те интересираат овие работи, пиши ми приватна порака и ќе ти пратам информации да се запознаеш. (претпоставувам дека знаеш англиски).

Како второ, иако Кјото протоколот се занимава со и со HCFC и перфлуоројаглероди се занумава со нивниот green house effect, а не со нивниот OD ефект.

Фреоните, како што се наречени од тебе, се класични ODS (Ozone Depleting Substances), не се опфатени со Кјото туку со Монтреалскиот протокол од 1987 година и со неговите дополненија (Лондон Амандманите 1990, Копенхаген Амандманите 1992 итн). Монтреалскиот протокол се занимава со ODS. Покрај фреоните (CFC), овде се опфатени и HCFC и халоните и сите други ODS. Монтреал стриктно се занимава со Озонската обвивка, а не со green house ефекти.

САД не само што го имаат потпишано и ратификувано овој протокол, но со Амандманните во Законот за Чист Воздух од 1990 година (1990 Clean Air Act), во делот VI (Title VI) строго е имплементиран Монтреалскиот Протокол. Колку само за напомена, овде кога нешто ќе се донесе како договор или закон или уредба – се почитува строго, а не како кај нас – луда куќа.

Не би сакал да ме сфатиш погрешно, но мислам дека не е убаво да се даваат судови за работи кои се подначуени, неразбрани, непознати, и од нестручни лица.

Без навреда, но „Македонските експерти“ (како што се нарекуваат) каскаат зад САД на оваа поле скоро 30 години.

На крај би сакал да кажам, мислам дека е крајно време е да прекинеме да јадеме слатки дека некој друг ни е крив за тоа што сме и каде сме и да ги правиме другите лоши, а ние китки за мирисање. Македонија е во гуша до гомна (и по некое лајно) оти сите други се „криви и глупи“, а ние сме „најпаментни“.

сликата на Новица
Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Новица на 3 јуни, 2002 - 22:07

Фино што не информираше, јас не знаев поголем дел од овие работи. Но, сето тоа е оф-топик.

Кој што потпишал и што почитува или не и не е важно. Она што е важно е дека животната средина (или како и да е стручниот термин) од ден на ден станува се полоша. Игри водени од профит - дефинитивно. А токму тоа го предвидува Гибсон - или киберпанкот како некоја литературна струја.

Па така, повторно, ние или тие (некоја чудна дихотомија, а сите дишеме О2), не е важно. За 200-300 години ќе се плаќа за чист воздух ако работите продолжат да се движат во истиов правец. И пак - Virtual Light започнува со слика од улица со луѓе кои носат гас маски.

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Челик на 2 јуни, 2002 - 23:04

Cyberpunk - по некои дефиниции ги претставува луѓето кои живеат на остриот раб на модерното општество (кое пак во голем дел зависи од модерната технологија) и кои се борат (и ги победуваат) оние, кои, на некој начин, управуваат со него. Иако сите ние се возбудуваме на овој термин сепак не значи дека сме многу засегнати од него. Тука многу помага нашата фантазија, т.е. филмовите богати со научна фантастика и проекција на мислите во некои време, таму каде што вистинскиот сајберпанк е збор кој што им е познат на сите и кои што навистина зависат од него. Сепак ние, како што прекрасно кажа Гоце, го прошируваме значењето на овој збор. Но тој ни најмалку не е минато, туку иднина, која многу тивко (но брзо) станува сегашност.

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Челик на 2 јуни, 2002 - 23:07

Според Британика, секој типичен тинејџер е сајбер-панк [се смее])

сликата на Новица
Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од Новица на 2 јуни, 2002 - 23:26

Абе не и верувај на Британика... []-)

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од hiroshima на 3 јуни, 2002 - 05:52

Значи цело ова време сум живеел еден вид на cyberpunk живот,ама не сум знаел.

Интересен текст како и да е.

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од punk на 3 јуни, 2002 - 21:03

Ве фати вас "Технотроската Ера" одамна во САД...

Одговор: Сајберпанк (Cyberpunk) - од punk на 3 јуни, 2002 - 21:05

извини, Технотронската беше зборот...