Помали повремени главоболки ни се случуваат на повеќето од нас, но сериозни главоболки можат серизно да ни попречуваат во секојдневието. Следуваат неколку начини како да си помогнете и го намалите ризикот за главоболка.
1) Идентификувај го причинителот. Следи ги деновите со главоболка во дневник во кој ќе запишуваш што тој ден (во болка) си правел, јадел, времето и сл. Штом ќе ја откриеш причината, во иднина ќе ја избегнуваш за да се заштитиш од болка.
2) Редуцирај го стресот. Ова во целост е невозможно, но да се редуцираат причинителите може. Научи за biofeedback, оди во shopping, научи вежби за релаксација, прави долги бањи, оди на масажа -- сите овие нешта можат да го минимизираат стресот врз телото. Примерите се многу но индивидуални, најди ги сопствените.
3) Престани со пушењето. Пушењето е ризик фактор за неколку врсти главоболки. Дури само вдишувањето на чад од цигари може да предизвика главоболка кај некои луѓе.
4) Внимателно со лековите. Некои лекови прават главоболки, во ваков случај се препорачува навремено консултирање со лекар или фармацевт.
5) Лимитирај го алкохолот. Ако пиеш, лимитирај го внесениот алкохол на пијачка или две. Пивото или црвеното вино на пример кај многу луѓе создаваат главоболка.
6) Спиј редовно. Правејќи навики за спиење (да си легнуваш и стануваш во исто време, дури и за викендите) е практично мошне важно за оние кои патат од мигрена. Премногу спиење исто така може да биде причинител. Слично, уморот може да направи главоболка.
7) Храни се редовно. Испуштањето оброк кај многу луѓе прави главоболка. Важно е храната да биде здрава, помалку масти и многу вода да се пие, бидејќи дехидрираноста резултира со главоболка.
8) Вежбај редовно. Редовните вежби, било тоа да е пешачење, шетање на кучето на пример, или паркирање подалеку за да одиш пеш, сите овие активности се стрес редуцирачи. Почни постепено, претерана физичка активност без загравање може да направи главоболка.
9) Провери си го очите. Гледањето во екранот на компјутерот цел ден може да предизвика видно оштетување кое потоа прави главолка. Некои луѓе користат очила при работа на компјутер за оптимално гледање на далечина од екранот.
10) Седи исправно. Забележи како ја носиш чантата, како седиш зад воланот во кола, како ја придржуваш телефонската слушалка на рамо. Вакви секојдневни случувања можат да ги заморуваат мускулите на вратот и грбот, а тоа ќе доведе до главоболка.
„Headaches Don't Have to Rule Your Life“
By Rita Mullin
Последни коментари