Ретко пишувам, но кога го правам тоа - сметам дека имам што да кажам!
Значи, добредојдовте во моите лични размислувања зошто Евровизија треба да се укине, или барем нашата држава да го следи примерот на Италија и да се откаже од понатамошниот настап. Само на почетокот да кажам дека јас не сум никаков музички авторитет. Моето музичко искуство се сведува на пеење под туш... и толку! Но да тргнеме...
Ќе почнам од себе. Ретко прифаќам натпревари од било кој тип кои што во себе содржат натпревар со друг поединец или група. Гледам да се натпреварувам само со самиот себеси и со своите лични достигнувања.
НО, кога веќе сум влезен во натпревар, кога веќе сум прифатил да учествувам на олимпијада од било кој тип, онаа старата дека „е важно да се учествува“ ја заменувам со една друга која гласи дека „е уште поважно да се победи“!
И сето тоа е секако убаво, но за да се победи натпреварот треба да биде чесен, а судиите непристрасни зарем не? А бидејќи знам дека во овој момент ќе се појават голем број на луѓе кои што не се согласуваат со мене и кои што како главен аргумент ќе го употребуваат фактот дека не знаеме или не сме лобирале доволно, јас ќе им контрирам со следното прашање:
Што е „Евровизија“?
а. Настан на кој што се претставува секоја земја со СВОЈОТ јазик, СВОЈАТА култура, СВОЈОТ мелос и СВОИТЕ пејачи? или...
б. Настан на кој што секоја земја учесник ги претставува СВОИТЕ билатерални односи со соседните и не толку соседните земји и способноста на министерството за надворешни работи да лобира?
Изборот е ваш, доколку се одлучите за одговорот под (б), тогаш дефинитивно нема потреба да го читате понатаму овој текст и сите заедно ќе чекаме 1, 2 или повеќе години до следниот катастрофален неуспех.
Малку за песната. Некој од нашите еминентни музичари (навистина изумив кој беше), на едно интервју на ТВ пред 2 месеци го кажа следното:
- „Тоа што Каролина ја пуштаме на Евровизија со ваква песна е адекватно Мика Хакинен да го пуштат на Формула 1 натпревар да вози Фиќо!“
...и човекот си беше во право. Ако размислиме дека се изнасмеавме на доделувањето на 12ки меѓу Грција и Кипар, можеме многу лесно да сватиме дека и тие нас ни се изнасмејаа кога го направивме истото со Романците. Па после луѓево ми велат „Алал нека му е на Џаро!“. Јас велам дека тоа е срамота, вистински дебакл, според мене нешто непростиво!! Но добро, кога веќе сите го правеа тоа... :(
А замислете си да не ги добиевме поените од Романија. Тоа ќе значеше дека ќе имаме 13 поени, или уште помалку од минатиот пат, кога „пута пута љ“ освоија 15 или 16 поени доколку ме служи добро меморијата.
Тргајќи го настрана добрососедското гласање (кое се појавуваше само над 7 поени), дали тоа значи дека овој пат песната беше уште послаба од „100% те љубам“? Јас велам - да!
Секоја чест на Каролина и на нејзините гласовни можности, таа навистина добро отпеа, но за да добиеш поени на Евровизија (до 7 поени не повеќе), потребно е на Европа да и покажеш што повеќе кожа и тоа не се одеднаш туку, така по малце... на секоја рефрен кини по едно парче од тебе. Добро е што песните се ограничени на 3 минути, оти во спротивно за 5 минутна песна, победничката пеачка ќе останеше скроз гола или барем на гакички. А што им покажавме ние? Барокна хаљина и пеачка со стомачни мускули бетер од муж со 10 годишно искуство во боди билдинг! Бљак!
Следната работа за успешна песна според мене песната да биде евровизиска, те. да биде проста и певлива. Па ако веќе не ја разбираат поради јазикот барем да можат да ја мумлаат во уста... или во превод, преработете песна на ABBA или Ace of base и добивате пример за евровизиска песна. Секако, во текстот никако, АМА АПСОЛУТНО никако не треба да се пропушти зборчето „Europe“. Без него, нема квалификација за следната година.
Сума сумарум, добивме: тешка песна и повеќе од квалитетен вокал со сцена што треба да асоцира на македонската култура и историја, наспроти: убава, згодна и ШТО ПОРАЗГОЛЕНА пеачка, песна на англиски, „глуп_си-туп_си ритам“ и способност на државниот врв да лобира.
Сеа уште ми остана нејасно зошто настанот е воопшто крстен „Евровизија“. Ако некој знае нека ми каже...
На оваа тема уште една прашање до раководството на Евровизија. Ова во неделата ми го посочи еден мој другар на кој што сум му благодарен за начинот на кој што резонира. Прашањето гласи: Зошто европската унија не настапува со една песна на годинашниов избор на евросонг? Та нели пред остатокот од светот се толку united! Нели ако настапуваат со една песна нема да има потреба да чекаме за следниот настап, така?
И секако после сите овие прашања и критики не би бил фер доколку не би дал формула која што според мене би била дефинитивно победничка песна на следниот избот на Евровизија. Формулата, те. карактеристиките што би требало да ги има таквата песна се следните:
- Преработете песна на Ace of base
- Рефренот напишете го на Англсики
- 1 строфа на Македонски
- 1 строфа на Германски
- 1 строфа на Француски
(или, што повеќе од најзастапените европски јазици, па макар и по 2 стиха за секој)
- 1 згодна и убава пеачка или
- згодна и убава пеачка и набилдан муж, кој што и не мора да пее баш добро.
- двајцата нека се разголуваат на сцена споро, но сигурно!
- пратечи вокали, обавезно да бидат кукли што покажуваат месо.
- во текстот нека се појавува зборот „Европа“ во варијации од типот „Европа те сакаме“, „Европа со тебе сме“, итн...
- 2 дена пред настанот да се пушти Џаро да ги прошета европските амбасади.
...voila! Ако ова не профункционира, правам колективно Хари Кири на плоштад! :))))))))))))))))))))))
Со арелена,
Злочко.
Последни коментари