11 март, 2010 - 06:43
[веб кирилица]

Како Скопје да стане метропола? (1)

од Новица на 18 мај 2002 - 14:11

Мора да си признаеме дека нашиов град т.е. Скопје (едниот од редакцијата е од Куманово, но многу добро го емитира скопскиот акцент и важи за скопјанец за сите оние кои немаат искусно фонолошко уво) не е метропола. Не да не е, него ич не е!!! Далеку е од метропола колку што е далеку Битола од главен град.
Појди-зајди ќе се поплачат ова интелекуалциве по колумни демек низок ни бил стандардот, корумпирани ни биле политичарите, кучињата ни сереле кај ќе им текне.
Се тоа, еби му мајката е точно. (Синтагмата "еби му мајката" во оваа реченица служи за експресивно засилување на нејзиниот емотивен набој, а не е само обична скопска вулгарност. Да не рече после некој…)


Луѓе, имаме проблем со приоритетите. Не можеме да очекуваме се да ни падне од небо. Не можеме туку така да очекуваме да ни се дигне стандардот, да се зголеми личниот доход per-capita, да дојдат чесни луѓе на власт итн. итн. итн… Се разбира, сите овие работи се суштинска одлика на една метропола. Но, до суштината се стига преку низа формални обележја. Да го појасниме ова со еден пример од животот: момчето и девојката прво се држат за рака, па следи првиот бакнеж, одењето во кино на некој досаден филм, мешање на јазиците во темната кино-сала, мастурбирањето на средновечниот универзитетски професор од редот зад нив {(фрка-фрка, шљак-шљак, фрка-фрка, шљак-шљак, фрка-фрка, шљак-шљак) повторно се работи за една стилска фихура, овојпат ономатопеја}, сензитивното опипавање на теренот и да не должиме многу - ебење! Се се ова формални, речиси механички постапки, за да се стигне до суштината, атемпорално поврзување на две души во една симбиоза. Патот до ова блаженство е макотрпен, потребни се сите тие претходно споменати формални маневри за да стигне до глевната цел - ЉУБОФ!
Како што рекол нашиот Марко Цепенков: "Зрно по зрно - погача".
Значи, до погачата, мили наши читатели, треба да се стигне преку низа зрна. Така е и со нашето влегување во ЕУ, со нашето метрополизирање. Тоа е, метафорично кажано, погачата, иако таму се вика кроасан. Овој наш текст е само скромен придонес во собирањето на зрната што ЕУ значат.
Е па, да започнеме!

Зрно1: СЕРИСКИ УБИЕЦ

Прелистувајќи ја црната хроника од последниве 10-тина години (од осамостојувањето наваму) заклучокот до кој што дојдовме е навистина поразувачки. Секири во глава заради пречекорена меѓа, убиства од страст, силување на баби… И сите до еден по извршеното злодело сами се пријавуваат во полиција. Па до кога вака?! Дајте малку концепт, малку умисла и системско работење. Ни треба класичен сериски убиец со разработена шема и методологија. Нешто од типот на Ханибал Лектор, (Анчевски Ректор), Џек Мевосек или барем Чарлс Менсон. Луѓе, ангажирајте се! "Од нас зависи" - Како што тоа убаво го испеа Каролина. Ако ви фали инспирација појдете до блиската видеотека и погледајте ги класиците: "Седум", "Ангелско срце", "Петок 13" (било кој дел), "Halloween" (Ноч вештица).
Секоја метропола која барем маклу држи до себе мора да има дузина сериски убијци. Помислете само: прес-конференции, медиумски кампањи "Stop the violence", маички со фото-робот, страв во коските на граѓаните, но и покачено ниво на адреналин во крвта - нешто конечно се случува! Соочени со смртта, нашите животи повторно ќе добијат смисла. Тензијата расте, прес-конференција, шефот на полицијата не дава изјави, а во последен момент градоначалникот триумфално извикува: "Најдовме отпечаток!". Исти Њу Јорк!

Зрно2: СИДА (Омилено зрно на претходно споменатиот кумановец.)

Заради недоволната агилност на младата генерација, имаме загрижувачки мал процент на заболени од СИДА. Не сме ни меѓу првите сто. Срамота! Камо среќа QUEEN да имаа концерт овде, па Фреди Меркјури да се ангажираше по скопските калдрми. Овие нашиве педери (да не речеме хомосексуалци) премногу се моногамни, не баре ако имаат помалку партнери нема да горат во пеколот.
Замислете си само: хуманитарни здруженија, анти-aids фондови, губење часови, рекламен материјал, дузина емисии од типот на "Вртелешка"… На кратко, приклучување на нашата земја кон современите светски текови на декаденција и морална ерозија.

Зрно3: СУПЕР-ХЕРОЈ

За волја на вистината Љубе Бошковски има некои атрибути на супер-херој, но неговата рустикална верзија на Елиот Нес имиџот не ги задоволува во потполност постомодернистичките критериуми на Европската Унија. Нас ни треба нешто од калибарот на Кларк Кент, но со дискретен Латас шмек ("дискретен Латас", како што веќе и самите забележавте е стилската фигура - оксиморон).

Зрно4: ГОЛЕМ СПОМЕНИК НА ПЛОШТАДОТ

Секој голем град има голем бронзен коњ на плоштадот. И кај нас има големи коњи но тие имаат дипломатски имунитет. Ни треба еден коњ на плоштадот. На пример, огромна биста на Букефал! Па кој е машко - нека се качи!

Зрно5: ОБЛАКОДЕР

Сто до двеста ката, некде Топаана, Скопје-Север, па нека биде и во Пинтија и тие се луѓе иако на прв поглед не делува така. Користа за вработеноста и намалувањето на сиромаштијата е повеќе од очигледна: ќе вработиме еден куп перачи на прозори, 2000 хаус-мајстори, 300 одржувачи на лифтови, 600 лифт-момоци {(по два момока од лифт) "По можност машко и женско" - предлага кумановецот, "Абе кумановац…" му велиме ние и шеретски се потсмевнуваме}.

То бе континуед…

Автор: Редакцијата на „ДРНЧ"

Опции за гледање на коментари


Одговор: Како Скопје да стане метро - од SoNjiCka на 18 мај, 2002 - 15:18

Конечно се појави човек да ни ги отвори очите и посочи по кој пат треба да чекориме за да влеземе и ние меѓу оние градови наречени МЕТРОПОЛИ.

Мислам дека треба сите заедно со здрузени сили да се завезмеме за остварување на оваа идеја и унапредување на нашиот град.

Чекорите именувани како зрна се добро објаснети и посочени па да почнеме едно по едно кон остварување [се смее]))

Еве ја летово ќе посетам неколку метрополи и ветувам дека ќе влозам крајни напори за обезбедување на второто зрно во нашиот град [се смее]

Доколку сите се фатиме за работа и допринесеме по нешто од горе споменатото успехот за кратко време ќе биде видлив [се смее]

Ееее, и јас пред некоја година кога беше тоа со Киро Глигоров си викав како не сме културна држава, па да преземат одговорност терористи како Ета и Хамас... И тоа дојде, време само треба.

сликата на Букаро
Одговор: Како Скопје да стане метро - од Букаро на 18 мај, 2002 - 20:19

Скопје всушност е најголемото село во Македонија.

Bukaro.... Skopje e najdobroto neshto shto mu se sluchilo na sekoj Mkdonec!!!!!!!

Одговор: Како Скопје да стане метро - од Gogisha на 19 мај, 2002 - 04:58

Има една поговорка за тоа:

Он је изаш'о из села, али село није изашло из њега.

Ова е една (од многуте) причини зошто Скопје не е метропола.

(п.с. опростете ми што поговорката не е на македонски, ама овака сум ја запомнил, а и поубаво ми звучи)

Одговор: Како Скопје да стане метро - од левак на 19 мај, 2002 - 07:08

во право си Скопје е пуно сељаци или покондурени опиноци кои одбиваат да се цивилизираат !

Потполно е во право човекот со зрнава. Се треба да си дојде постепено. Секој треба да си допринесе да си го разубави своето маало. Само така Скопје може да стане метропола.

Одговор: Како Скопје да стане метро - од hiroshima на 18 мај, 2002 - 22:44

Прво треба да се обидеме да го смениме нашиот македонски менталитет во цело.

Има интелектуалци,има културни луѓе,има и сељачаана има и деликвенти....сето тоа треба да се смени и како цело да постанеме еден народ на ниво.

Властите прават напори за средување на градот,за разубавување и се тоа.

Кога бев помал,во мојата населба ставија нови бандери.За една недела 30% од тие нови бандери беа нефункционални т.е беа сокршени.

Ставија нови сијалици ама ги снајде истата судбина како и предходните.

Дрва-секој крши гранки,деца се пентарат по нив,а верувале или не,еднашка видов џукела обесена за вратот како виси од една повисока гранка од дрвото!Па добро еве уште од почетокот заклучувме дека за нас нема иднина.Ние сме дивјачишта!

Каде во Европа бесат кучиња на дрвата?

Јас еднашка во неделата газев на кучешко гомно!Не сум баксуз,ама да неможеш да прошеташ низ маалата.За тоа треба да се грижат шинтерите,а нив треба некој да ги плаќа и ете пак доаѓаме до проблемот- пари.

После,освен кршење на сијалици и убивање животни,се кршат и кантите за ѓубре.

Општините ги поставуваат а луѓето или ги кршат или ги зимаат за дома или ги разместуваат,во главно кантите ги снемува.

После пак се фрла ѓубре и народот пак се жали.

Контењери!Седам на тераса,и го гледам комшиското дете како од 20 метри џитка едно ѓуле,една убаво наполнета ќеса со ѓубре која не достига до обрачот односно контењерот.После околу контењерите се набилдува една мини депонија која ѓубреџиите неможат да ја средат со недели.

Фасадите на зградите!

Шкртани,скршени,љупени,распаднати-го наружуваат изгледот на зградата.

Графити!Иако сум голем љубител на убаво испланирани уметнички дела,презирам шкртаници и недолични мисли.

Во околината-карши црвен крст одсекогаш имало графити.Не личи убаво,и јас понекогаш се сложувам со тоа што тие го искажуваат,ама местото не им е таму.

Разбирам дека нивните уметници сакаат народот за види што тие мислат,ама строгиот центар не е местото за такви графити.

Ама кога на крај ќе размислиме,и ситуацијата во која е нашата земја си го прави своето.

Можам да продолжам со пишување ама нема потреба бидејки сите ја знаете "финтата" со нашиот менталитет.

Кога ќе се решат овие проблеми со менталитетот тогаш ќе може да зборуваме за како Скопје би постанал метропола.

Koj da chita volkav txt posle site zrna pred toa... smali malku...

сликата на гоце
Одговор: Како Скопје да стане метро - од гоце на 19 мај, 2002 - 03:20

A ти да не замараш со безпотребни кометари повеќе? Ако не ти се чита. не читај и крај на муабетот!

се слагам за делот со сериските убици, такво нешто дефинитивно ни фали.. Се додека не се искорене скопската шема и сите турбо дизел инџекшн момци што кога имале по 17-18 години ги гледале српските генг бенг филмови и понатаму го продолжуваат животот у тој филм тешко дека ќе има некој прогрес. Метрополизација, само напред! [се смее]

Одговор: Како Скопје да стане метро - од pacient01 на 20 мај, 2002 - 01:09

Toa so seriskite samoubijci ova ubijci de, e pravata stvar poso samo taka moze da se vospostavi red vo ovoj politicki haos (?!?)

p.s. Sakam jas da bidam ona izopacenoto tipce od "seven"

Одговор: Како Скопје да стане метро - од Aleksandar_III на 20 мај, 2002 - 08:42

Прва работа кога се ,,разбацаваме,, со странски изрази, според мене, потребно е нивното појаснување,односно превод, не за друго туку за еднакво разбирање на иста работа.

Имено,зборот ,,МЕТРОПОЛА,, произлегува од латинскиот збор ,,metropolis,, или во превод ,,главен град,, , ,,престолнина,, .Ако тоа е тема на веста,тогаш истата е промашена затоа што Скопје е веќе престолнина,односно главен град.

Ако со темава сакавте да придонесете за промена на имиџот на градот, тогаш треба да се преформулира прашањето.

Мене најискрено повеќе ми смета непостоењето на градски дух отколку непостоењето на високи згради и слично.

Е сега го тупиш.

Скопје по дефиниција е метопола, ама за жал само по дефиниција.

Работите кои се први асоцијации на зборот “метропола„ (како погоре наведените зрнца, само различни [се смее])) дефинитифно не ме асоцираат на Скопје.

Одговор: Како Скопје да стане метро - од Aleksandar_III на 21 мај, 2002 - 11:33

Ихххх....ај да не завлегувам у дијалог...али ако бараш влакно у јајце поголем број од мааните на Скопје ќе ги најдеш у сите поголеми градови за кои викаме дека се метрололи.Зар у Белград нема сељаци,Рим е 100 пати попрљав од Скопје,Амстердам е посебна приказна итн,итн.Тупам затоа што сакам правилна дијагноза за проблемот како би се нашол правот лек.А градот како и град е мртва природа,неговата душа е народот, е тоа е проблемот на Скопје,јас, ти, ние.Ние треба да се промениме (да научиме како да го сакаме својот град) а со тоа да го смениме и изгледот на градот.И ако изградиме споменик со коњ или недај боже со сериски убиец ќе станеме метропола? Ма каки.

Ејјјј кај ја отворивте темава,ептен ќе забегаме,лол

Апсоштрумфно си во право!

Треба меѓу народот да се развие “градски дух„ што тешко дека ќе се случи се додека афоризмот нешто погоре е вистина, посебно за владејачката каста.

Одговор: Како Скопје да стане метро - од Murder на 20 мај, 2002 - 13:05

JAS KE SE POGRIZAM ZA PRVOTO ZRNO !!!!!

Одговор: Како Скопје да стане метро - од икспе на 23 мај, 2002 - 20:35

Автор: Редакцијата на „ДРНЧ"

Оф топик, само едно мало појаснување за драгите ни читатели и читателки.

Основното јадење во војска се нарекува МРНЧ. Еднаш неделно остатоците од сите неделни МРНЧ-ови се мешаат и се служат како многу вкусен војнички специјалитет наречен ДРНЧ.

Фала и пријатно. [се смее]

сликата на Chombe
Одговор: Како Скопје да стане метро - од Chombe на 23 мај, 2002 - 21:25

Официјалното име под кое се водеше е „Босански лонац“. А ДРНЧ е акроним од „Растварајући детерџент за чишћење наоружања“. Аналогијата е пошто и двата имаат иста боја/мирис/вкус. [се смее]))

Brojot na Seljaci i nepismeni politicari vo sovetite kako i megju gradonacalnicite na skopskite opstini kako i palankata (pardon gradot) Skopje e mnogu mal. Treba poveke nepismeni seljaci sto uste poveke ke ja zloupotrebuvaat polozbata vo gradskite organi ili kako Gradonacalnici.

Bez toa so vaka "mal" broj na seljaci i nepismeni - nisto ne pravime

Цитат: Зрно4: - од дамјан на 18 мај, 2009 - 17:06

Цитат:

Зрно4: ГОЛЕМ СПОМЕНИК НА ПЛОШТАДОТ

Секој голем град има голем бронзен коњ на плоштадот. И кај нас има големи коњи но тие имаат дипломатски имунитет. Ни треба еден коњ на плоштадот. На пример, огромна биста на Букефал! Па кој е машко - нека се качи!

д фак ?!

ти ибам чоекот, има ли бе смисла ова

сликата на гоце
и точка 5 ја - од гоце на 19 мај, 2009 - 08:42

и точка 5 ја предвидел. има таму некој проект за облакодери у аеродром кои никад нема да се изградат. новица, готов си ти за у дпмне...

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Скопје е главен - од fLeX на 19 мај, 2009 - 07:31

Скопје е главен град на Македонија. Никад не бил, нит ќе биде метропола. Ако и нешто станал годиниве кога у најмала рака се преселија сите во него е едно големо село со тврдокорен малограќански менталитет. Од тоа и по било кој основ, метропола не бива. Со среќа!
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на green
Имаме и сериски убица.. - од green на 3 јуни, 2009 - 03:00

7 години подоцна, имаме и сериски убиец...

сликата на Новица
стварно? има во - од Новица на 3 јуни, 2009 - 16:17

стварно? има во скопје сериски убиец?

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

има и е во - од Robomarket на 3 јуни, 2009 - 17:33

има и е во потрага по дегението што ги предвиде сите метрополски подвизи