Четири лица се ранети откако во несреќен случај ги застрелал министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски за време на тактичката вежба на специјалната полициската единица „Лавови“ во мавровското село Леуново.
Ранети се двајца претставници од полициските сили, една преведувачка и новинарката на „Дневник“ Даниела Велјановска. Веднаш по овој неочекуван настан повредените, со хеликоптер на АРМ се пренесени во Воената болница.
Министерот Бошковски изјави дека длабоко жали за овој немил настан и дека ќе ја сноси целата одговорност како шеф на полицијата.
На вежбата присуствуваа претставници на власта и бизнисмени. Преставниците на меѓународната заедница не добиле факсови со покана иако во факсот на МВР стои дека и тие биле поканети да присуствуваат на тактичката вежба на „лавовите“.
Веста е превземена од МИА и мислиме дека нема потреба од коментари :-)

Брат Љубе во акција

После акцијата



Пињау пау, пињау пау, папапапапапапа...
Погледнете ја и фото
сторијата на сајтот на А1 телевизија.
Последни коментари