Кога некој маж ќе го привлече твоето внимание, првата бариера да се помине е „како да започнеш разговор“ дотолку потешко ако избраникот е срамежлив. Меѓутоа, во пракса се смета дека ова е потешко за мажот отколку за жената. Првата импресија е многу важна, и тука жената е поуспешна, природно надарена, мажот најчесто по автоматизам е заинтересиран кога жена му приоѓа, зборува. Жените, пак, не. Мажот уште пред да отвори уста, жената веќе решила дали и колку е тој потенцијален избраник ! Поради тоа, прво условно кажано правило е дека треба да бидеш презентативна, преставителна.
Настап. Внимателно одбери тема за почеток на разговор, нешто забавно за него, за неговите интереси, коментирај (позитивно), прашај. Додека тој зборува забележи го неговото расположение, дали е расположен, се досадува или можеби се срами ? Ако разгледува наоколу забележи - што? Кои нешта ги мамат неговите очи, стилот на облеката, нешта што со себе носи, се се тоа показатели за неговата личност, ги откриваат неговите интереси, а за тебе информации. Потоа за кратко, наметни своја тема каде ти ќе се истакнеш, со знаење. Но, внимавај, треба да се допаднеш, а не да тој да се почувствува незнајко или полошо глуп. Веднаш потоа прашај, нешто од неговото поле на интереси, тоа ќе направи тој да се чувствува многу пријатно, презентирајќи се себеси, смешкај се, ти ќе имаш доволно време за негова анализа додека тој зборува.
Мажот мета. Секој флерт е засебно убаво доживување, ниту постои волшебна формула за успех. Не заборавај мажот сака да е мета за освојување, сака да е причина за оној сјај во женските очи кога се вљубени, а жената тогаш зрачи со посебна убавина. Некои жени се приридно надарени да флертуваат, тоа е нивнато лично однесување, темперамент, начинот на кој зборуваат, се смеат, погледите, манирите, гестикулациите, и сл., тие се како магнет за спротивниот пол.
Можеш да флертуваш со непознат, колега, пријател, дури и со твојот партнер со кој си веќе во врска, ова особено внесува жар во долгите врски. Флертот може да трае од само неколку секунди, минути, или со саати ... важно е уживањето. Денес, можеш да флертуваш и на Интернет, што има исто така големо задоволство поради моќта на зборовите. Статистиките покажуваат дека интернет - пријателите во реалноста подоцна остваруваат многу силностраствени љубовни врски токму поради времето поминато во флерт на Интернет што значи зборовно заведување.
Следново е мал женски помошник за успешно флертување:
1) Флертот е однесување. Добриот флерт е самодоверба и неплашење од превземање ризик. Биди со ентузијазам и позитивна, тоа успева!
2) Започни разговор. Најдобро започни едноставно со „здраво“. Најпрво зборувај за околината - амбиентот, прашај нешто, кажи мислење, и сл. но не го монополизирај целиот разговор. Често зборовите не се толку важни туку како - начинот како тие се кажуваат.
3) Биди љубезна. Респектирај го различното мислење или навики што евентуално тој ги има.
4) Забавувај се. Биди игрива, весела и спонтана. Биди забавна, тој треба да ужива во твое друштво, поплави го со внимание. Секоја жена е заводлива, затоа биди опуштена.
5) Биди своја секогаш. Твоето однесување нека биде едиствено, посебно, секоја жена е прекрасна на свој начин, искористи го тоа. Но! Не ги истакнувај недостатоците, особено не неговите - овој флерт е во негово име!
6) Направи го првиот чекор. Приближи се до твојот избраник. Не се обидувај да го привлечеш преставувајќи се нешто што не си, или претпоставуваш што тој би сакал да си. Треба да го заинтересира вистинската Ти ! Искреноста е многу важна.
7) Допири. Флерт со допири е одлично, но мора да биде внимателно. Нежни допири, налик на случајни, спонтани, на пр. спушти ја раката благо врз неговата насмевнувајќи се додека му зборуваш, или врз рамото.
8) Кога си збунета - Смешкај се :-)
9) Чувства. Флертот ја истакнува женственоста кај жената. Тој ќе се чувствува посакуван, возбудлив, освојуван, а овие убави чувства ќе направат тој се осеќа приврзан со тебе.
10) Слушај. Слушањето е вистинска уметност. Избраникот со кој флертуваш ќе биде послободен повеќе да ти зборува, секој сака да биде слушан. Мажите се како мали деца. Сакаат да бидат разгалени, особено срамежливите, потруди се ти.
11) Контакт на очите. Не зјапај во избраникот, тој ќе го сврти погледот. Нежно гледај го, кратко, потоа погледни на страна. Всушност погледнувај го. Биди дама во заведувањето, со женствени погледи, движења, говорење, насмевки. Мажот не може да одолее на повикливиот поглед под трепките на женските очи во кои тој е центар.
12) Заљубливост. Не биди многу заљублива на првата средба. Прашувај почесто за повеќе да го запознаеш, така е полесно да го освоиш (особено срамежливиот маж чека да биде прашан, сака да биде освоен). Одговарај кратко, уште подобро, одговарај со прашања, нека тој се чувствува важен и прекрасен.
13) Комплимент. Кажи комплименти на избраникот. Најдобрите комплименти имаат елемент на изненадување. Тој ќе знае дека е забележан од твоја страна. На пр. кажи му дека има убав глас, а ти сакаш да го слушаш цела вечер! Ако ти возврати со копмлимент кажи само „благодарам“, тој е флерт-ѕвезда во случајов, и продолжи со внимание насочено кон него.
14) Насмевнувај се. Тоа е „заразно“. Ќе те направи повеќе привлечна. Насмевката го разубавува твоето лице и ги влече луѓето кон тебе. Ќе бидеш магнет за нив. Пробај!
Што не треба.
1) Не флертувај со некој што е во врска со друга жена. Освен што таќа ќе повредиш некоја особа, не оставаш впечаток на исправна личност со карактерни вредности.
2) Не очекувај само затоа што флертуваш со некој, тој да ти го посвети целото време. Опушти се. Гледај на флертот како задоволство што поминува.
3) Не флертувај со некој само за да го направиш љубоморен тој со кој веќе си во врска.
4) Знај дека флертот е субтилен. Линијата е тенка, јавна сексуална најава, (освен ако тоа не ти е на ум) но тоа не е флерт туку ...покана! Избегнувај вербално или манирно однесување што би можело да се протолкува како отворена сексуална покана.
4) Најпосле, флерувај само со оној со кој навистина би сакала да бидеш заедно, а не со оној што е лесен за добивање.
Забавувај Се ! ! !
Последни коментари