Денеска удри земјотрес. Баба ми под хитно ја напуштила зградата...
Денеска како и обично спиев после еден. Се разбудив и дознав дека удрил земјотрес, доста јак и дека можеби само ја у мое маало не сум бил сведок на тоа. Ја видов целата паника кај луѓево, видов како се бега по скривници(пази молим те, земјотрес и луѓе бегаат под земја!) како луѓето со пиво и цигари го чекаат вториот удар пред зградата што само "можеби" ќе падне пред нив...
Гледав од балкон како галамата полека се стишува и почнав да се потсеќам на сите работи што ми прават киселини у желудник и последниве година и неколку месеци, не само војната и останато...
Нашиов народ засекогаш ќе паѓа на фаца кога ќе треба да се дочека на нозе, дали од паника, дали од љубомора, незнам од што више...
Еден другар пред неколку дена ми покажа лузни на раката. Се горел со вжештен упаљач за да види дали ќе го издржи тоа. Дојдовме до заклучок дека кога знаеш за нешто што доаѓа, можеш да го дочекаш спремен, ама да дигаш нерви до таван за нешто што удира и бега, не бива. Уште поголемата трагедија е муабетот во стол на: Тууу, да беше малце појак, ќе не сотреше!!!
Пред десет минути, оваа ноќ во среда, 24.04.2002 удри уште еден. До мене брат ми мирно си го преспа, а јас помислив како баба ми ќе се разбуди наклукана со пет лексилиума.
Можеби следниот што ќе удри ќе биде доволн ојак за овој народ.
Последни коментари