Дали Microsoft е големиот Сатана?

Кај многу луѓе постои забуната дека Linux и OpenSource софтверот постои за да му се контрира на Micrоsoft. Всушност ниту проектот GNU (проект кој има за цел комплетно слободен Unix оперативен систем), ниту Linux (како компонента на GNU) во времето на своето настанување не биле воопшто тангирани од Microsoft, ниту биле на некој начин под директно или индиректно влијание на M$.

Зошто? Од проста причина што тогаш Microsoft и не бил некој влијателен фактор во светот на компјутерите.

Следи превод на текст од www.gnu.org со наслов "Дали Microsoft е големиот Сатана" во кој се објаснува што нечини кај Microsoft, но и кај другите софтверски(а и други) компании. Ако те интересира твојата слобода читај понатаму...

Многу луѓе мислат дека Microsoft е огромната напаст во софтверската индустрија. Дури постои и кампања да се бојкотира Microsoft. Овие чувства се поинтезивни откога Microsoft изрази активно непријателство кон слободниот софтвер.

Во движењето за слободен софтвер, нашата перспектива е поинаква. Ние сваќаме дека Microsoft прави нешто што е лошо за корисниците на софтвер: тие го прават софтверот затворен (proprietary) и со тоа им го одзима на корисниците нивното право на слобода.

Но Microsoft не е сам во тоа; скоро сите софтверски компани им го прават истото на корисниците. Ако другите компании успеат да доминираат со помалку корисници него Microsoft, тоа не е поради помалку обидување.

Ова не е предвидено да го оправда Microsoft. Всушност, намерата е да биде подсетник дека Microsoft е природниот развој на софтверска индустрија базирана врз делење на корисниците и зимање на нивните слободи. Кога го критикуваме Microsoft, не смееме да ги ослободиме од одговорност другите компании што исто така прават затворен софтвер. Во FSF (FreeSoftwareFoundation) ние не користиме никаков затворен софтвер - не од Microsoft или од било кој друг.

Во "Halloween documents" објавени при крајот на октомври 1998, директори на Microsoft изјавуваат намера да користат најразлични методи за да го попречат развојот на слободен софтвер: конкретно, со дизајнирање на тајни протоколи и фајл формати, и со патентирање на алгоритми и софтверски опции.

Овие попречувачки концепти не се ништо ново: Microsoft, и многу други софтверски компании, го прават тоа со години. Во минатото, веројатно, нивните мотиви беа да се напаѓаат меѓу себе; сега, изгледа, ние сме помеѓу намерачените цели. Но таа промена во мотивацијата нема практични последици, бидејќи тајните стандарди и софтверските патенти го попречуваат секого, без разлика на "намерачената цел".

Тајновитоста и патентите му се закануваат на слободниот софтвер. Тие не` попречуваа многу во минатото, и мора да очекуваме, во иднина, така да прават уште повеќе. Но ова не е поинаку од она што ќе се случеше дури и ако Microsoft никогаш не не` забележеше. Единствената вистинска вредност на "Halloween documents" е дека Microsoft изгледа мисли дека GNU/Linux системот има потенцијал за огромен упех.

Фала ти, Microsoft, и те молам истави се од патот.


Забелешка на преведувачот: Текстот се обидов да го пренесам што подоследно до оригиналот. Единствено додадов линкови на некои поими со цел да се дообјаснат. Посебно би препорачал да се прочитаат "Halloween documents", кои се интерна коресподенција на Microsoft која излегува во јавност и која е дисекцирана од Eric S. Raymond.

Агрегирање содржина