Што ги прави нашите медиуми тактички?
Тактичките медиуми не ги само опишуват или репортираат за настаните,
нити пак тврдиме дека сме објективни или неутрални, никогаш не сме
целосно неутрални. Ние не сме посматрачи. Ние сме учесници.
Не се ограничуваме на симболичното. Тактичките медиуми се за
'вистинска акција' што бара одговорност да се реагира на нечии предлози
и да се сносат последици од тоа или да се оствари корист.
Тактичките медиуми се 'направи сам' медиуми.
Тактичките медиуми се она што се случува кога ефтините 'направи сам' медиуми
овозможени со револуцијата во потрошувачката електроника, се искористени од
оние кои се надвор од нормалните хиерархии на моќ и знаење.
Тактички медиуми во пракса е она што е значајно
Контролирај ги медиумите и ја контролираш јавноста. Слободните медиуми се
закана на контролата.
Мобилноста највеќе го карактеризира тактичниот практичар
Комбинирање или скокање од еден медиум на друг. Креирање на постојана
понуда на мутанти и хибриди.
Тактичките медиуми се секогаш привремени
Она што е важно се привремените врски кои можеме да ги оствариме.Овде и сега.
Не некои ветувања за иднината.
Да се преминат границите, поврзување на различни дисциплини
и целосно искористување на слободните простори кои постојано се појавуваат како
резултат на брзиот технолошки развој и регулаторната несигурност.
Иако тактичките медиуми ги вклучуваат алтернативните медиуми, ние не сме
ограничени на таа категорија. Всушност го презентиравме терминот тактички за да
одиме понатаму од ригидните дихотомии кои долго времего спречуваа мислењето во
оваа област. Дихотоми како аматерски Vs професионални, алтернативни Vs
мејнстрим. Дури и приватни Vs јавни.
*Не сум баш најсигурен дека тактички медиуми е најсоодветен превод на
tactical media, но мислам дека тоа не претставува и некој посебен проблем.
Тексов е од Tactical Media Network.
Последни коментари