Излезени сте со девојка што крајно многу ве привлекува. Начинот на кој се облекува, начинот на кој мириса , а изгледот..... Се забавувате и на крај ја викате кај вас дома. Решени сте да имате секс, доколку таа сака, се разбира. Почнувате да ја соблекувате. " Мммм, убава долна облека, танга. Убава кожа, нежна и убаво мириса. Добар задник, сигурно вежба. Ах, какви гради, рамно стомаче. Мммм, супер ми се погоди." И убаво си поминувате.
Да погледнеме од другата страна." Добар ми се чини, ме привлекува, само би можел да среди некои работи околу него. Уфф, утре целата гребаници ќе бидам, толку остра брада. Не, не ни помислувам да се спуштам надолу, сепак машко е. Пуштил стомак, а млад е, да дека не е манекен, но сепак може да внимава. Не чувствувам никаква сатисфакција кога го допирам за нога. Задникот, добар е, но ништо друго не е. А да пуштам телевизија може ќе покажат некој што навистина добро изгледа."
Повеќе од јасно. Не е важно само да се истушираш, важно е да изгледаш добро. Зошто поголемиот дел од жените може да изгледаат добро, да го депилираат своето тело, да одат на фитнес, а поголемиот дел од мажите не?
Мажи, депилација, епилација или вежбање, почнете нешто да работите во врска со своето тело! И не мора да нагласувате дека се туширате секој ден, кај нас жените тоа се подразбира.
П.С. Нема тема за мажи, па затоа ве ставив под општо.
Последни коментари