Иако од Базата објавиле дека земјотресот кој ги погоди делови на Авганистан
лојални на Северната алијанса им е алахова казна за нивното спротиставување
на Талибанците, во веблогот на сајтот This
Modern World од 27 март 2002 година прочитав сомневања дека земјотресот
е резултат на употребата на „бомби за длабока пенетрација“ од страна на Оската
на добротворството.
Таквите бомби наводно се вкопуваат во земјата, а ударниот (земјотресен) бран
им е наменет токму за уништување на пештери, подруми и слични структури-скривалишта.
Можноста за причинско-последична поврзаност на овие настани ја потврдиле и некои
сеизмолози и геолози.
Инаку, авторот на сајтот, Tom Tommorow, е стрип-уметник кој на времето (1992
година) објавил стрипче
во кое ги поврзал некои земјотреси во Калифорнија со подземните детонации на
нуклеарки кои војската на САД ги изведувала во соседната Невада.
Последни коментари