Го гледам веќе неколку дена вицов со Црвенкапа од лево...
Доаѓа Црвенкапа, трудна, кај Волкот и му вика:
- Абе, во приказната пишува да ме изедеш, а не да ме изебеш!
...и секојпат ми текнува дека во поефектната верзија, стои само „абе, во приказната пишува да ме изедеш.“ Точка. Поентата не е да му се објасни на читателот (читателката) дека зборовите изедеш и изебеш се слични, туку да му остаиш простор за „заокружување“ (closure) во неговата глава. Простор да „им кликне.“ Се сеќавате на Рамбо Амадеус, Џемо Биљбиљ, Ристо Бомбата и Ластовички, и нивните песни исполнети со сексуални алузии... на пример онаа „пушиме“ кај што имаше нешто вакво
„[... бла бла бла незнамшто] како Турчишта
..[бла бла бла незнамкој] пушат долги - цигари!“
Или, со други зборови, ќе се обидам да репродуцирам нешто што го прочитав на This Modern World analyzing humor is like disecting a frog - you may find out how it works, but you'll kill it in the process.
Последни коментари