Хакери, масоните на денешницата
од Vasko на 23 мар 2002 - 00:09
Underdog - перцепција, придобивки и последици од информациите за оние што сакаат моќ. Оваа класа за да стигне до информациите преку високата технологија користи стандардно организирана инфраструктура...
ум
медиатор, пренесувач на наредби
- - -
знаење
реализатор на алатки за влез
реализатор/и на целиот потфат
Сегашново општество е наречено информациско општество. Информациско бидејќи информацијата игра главна улога во неговиот развиток и просперитет. Најважно својство на информацијата е брзината на нејзиното добивање како и нејзината точност.
Овие две особини на информацијата искомбинирани со високата технологија добиваат сосема нови димензии: од мали електронски банкарски трансакции па се до употребата на високата технологија во индустриска шпионажа и политичка агитација.
Полека светот се менува од свет во кој силата е моќ, во свет во кој знаењето е моќ. Во тој поглед инжинерите уште во минатато биле значајни со своите размислувања, пр. Леонардо Да Винчи(со борбената машина) и др.
Во овој нов свет неприметно се води тивка војна која е распорстранета низ целиот кибер-простор(cyberspace). Кралеви на овој киберпростор се кој друг ако не нивните височества -хакерите-.
Што се хакерите? Кои се тие луѓе што го вртат светот?
Пред да почнам со објаснувањето, еве една вистинска приказна...
За време на војната во персискиот залив, едно момче од Холандија влегло во некој компјутер на алијанската во кој се наоѓале доверливи информации за позициите на силите на алијансата и сакало да ги продаде информациите на ирачката влада. Значи тука имаме случај на еден вид разузнувачки активности и продажба на информации добиени од такви активности.
Во друга прилика висок офицер на армијата на САД на Syg. Symposium ќе изјави дека малолетно дете што поседува информации за ракетните системи на САД, иако малолетно сепак многу е поопасно од илјадници маринци. Самото дете не е опасно, туку опасна е една посебна класа на луѓе, Underdog класата.
Underdog -перцепција, придобивки и последици од информациите за оние што сакаат моќ. Оваа класа за да стигне до информациите преку високата технологија користи стандардно организирана инфраструктура.
ум
медиатор, пренесувач на наредби
- - -
знаење
реализатор на алатки за влез
реализатор/и на целиот потфат
Оваа инфраструктура за првпат е воведена од Landreth, B. (1985) и е наречена инфраструктура на внатрешни кругови, во најмалиот круг, во јадрото се наоѓа “умот” на операцијата.
Врска помеѓу underdog и хакерите?
За да биде сето ова исполнето потребни се сите горе наведени (пет) услови. За исполнување на последните три задолжени се хакерите.
За вистински хакер ниеден систем не е потполно отпорен на него. Можеби нема системот да биде ранлив веднаш, но со повеќе анализа и повеќе време секој систем е ранлив. Е тука сега доаѓа вистинскиот момент, што потоа? Тука веќе етиката на хакерот треба да стапи на сцена. Дали сега хакерот ќе премине во underdog класата или пак информациите ќе ги предаде на The Fat Cat класата и со тоа ќе и помогне да опстане на власт.
Пример за хакери, чија етика им наложила да го искористат знаењето за да дојдат на власт се појави на нашиве простори во последните неколку години. Оваа underdog класа врши политичка пропаганда претежно бранејќи ги целите и оправдувајќи го тероризмот.
Инаку умови кои јавно ги изнесувале своите размислувања на оваа тема, биле осудувани и затворани(Schwartau, 1995).
The Fat Cat - перцепција, придобивки и последици од информациите за оние што ја поседуваат моќта.
Овој општествен слој, па дури и не мора да е општествен слој туку цели општества какви што се западноевропските,САД, Јапонија и др. го задржуваат своето право да вршат преглед на сите информации што доаѓаат од/кон државата(Русија). Во САД и до ден денес јасно е назначено кои видови(и подвидови) енкрипции дозволено е да се користат(случајот PGP, Zimmerman). Истотака и одредени влади го задржуваат правото за надгледување на сообраќајот на интеренет мрежата(network sniffing, network monitoring) и со информациите добиени од тоа да се искористат за одржување на власт како и за одржување на интегритетот на самото општество(Nitzberg, 1996).
А последици од информациите во високотехнолошките општества се во намала рака катастрофални, сменета насока на британски шпионски сателит 2000 година, руски хакер проневерил 15 мил. $ и многу други проблеми кои ги имаат високотехнолошките општества.
Во високотехнолошките општества парите немаат никаква вредност, во општествата во кои се се базира/контролира на високата технологија за хакерите нема граници, знаењето и логиката немаат граници, единствено нешто што може да ги запре е моралот.
|
Последни коментари