"Југославија" - колку и да се противиме, сепак мора да признаеме дека ова име носи некакво значење во секој од нас. (барем треба да бидеме свесни дека носиме дел од културата, а посебно жаргоните на бивша Југославија) Како и да е, од денес престанува да постои - историски, политички или на било каков друг план...
Се поставуа прашањето: Само Македонија ли "гордо" ќе продолжи да го носи ова име и понатаму - БЈРМ т.е. FYROM, или дали пак ова е предност во однос на Грците? :-) Читај понатаму!
Србија и Црна Гора потпишаа договор со кој името "Југославија" станува само (блед?) дел од историјата. Освен тоа, статусот на овие две републики се менува: Србија и Црна Гора стануваат две полу-независни (истовремено, квази-независни) држави со сопствени економии, валути и сите останати административни системи. Навидум, заедничко останува само претседателското место, местото во Обединетите нации и одбрамбениот систем.. ново-создадениот ентитет е наречен едноставно, "Србија и Црна Гора" (се прашувам што ќе стане со сите оние добри .yu домени и како ќе гласи новиот домен??)Договорот е потпишан од страна на Воислав Кошќуница, Мило Џукановиќ (престедател на Црна Гора) и премиерот на Србија - Џинџич, се разбира, со посредство на Европската унија и Кавиер Солајна (who else?). Западот изјавува дека ова е историски чекор и напредок во стабилизацијата и асоцијацијата на Балканот... јас мислам дека е срање.За сите носталгично расположени, препорачувам
Игра рокенрол цела Југославија.mp3 до даска! :)
Последни коментари