9 јануари, 2009 - 00:41
[веб кирилица]

Секс или крава?

од гоце на 19 сеп 2001 - 01:11
Свазиленд,
Кралот на Свазиленд им забрани на мажите од неговата држава да имаат секс со тинејџерки во следните 5 години. Секој што ќе ја прекрши наредбата ќе биде казнет со една крава.
„Тие од нас што сакаат да водат љубов со овие девојки треба да чекаат до крајот на пет-годишниот период. Девојките ќе бидат спремни и зрели до тогаш“, рече кралот Масвати III на народот собран да го одбележи неговиот 33-ти роденден.

Не е јасно дали кралот решил да ја воведе забраната за следните 5 години.
Неговиот роденден бил во април, но официјалната прослава била одложена затоа што тој не се чуствувал добро.
Лунгил Ндлови, задолжена за традицоналната женска бригада (регимента) во земјата, на која сите немажени тинејџерки припаѓаат, на прославата кажала дека сите Свази девојки кои ќе затруднат, а не се мажени, во текот на следните 5 години ќе бидат казнети - една крава.
Истата казна ќе биде применета и за секој маж кој ќе затрудни немажена тинејџерка.
Таа исто така рече дека Свази девојките ќе треба да носат волнена китка за да ја одбележат нивната невиност и дека овие мерки биле потребни за повторно да се воведат „чесноста и традиционалните вредности“
Масвати може да бира нова сопруга секоја година од илјадниците девици на ануелниот фестивал познат како „Танц на трските“.
Свазиленд е мало кралство, во сендвич помеѓу Мозамбик и ЈАР, кое се соочува сотешкотии како растечката сиромашност и зголемувањето на наталитетот, додека хранителите на фамилиите умираат од СИДА.
Проценките варираат, но се претпоставува дека 1/3 од полнолетните во земјата се инфицирани со ХИВ вирусот.
Земјата е последната Африканска апсолутна монархија, така што зборот на кралот скоро и да е закон.