9 јануари, 2009 - 03:18
[веб кирилица]

Рамковен договор

од cubanec на 10 мар 2002 - 05:40

Одма да напоменам дека не ми е идејата да зборувам за целисходноста на овој документ, нити за неговата исправност. Во јавноста се наметна едно менение во врска со тоа како треба да се реши криза од таков тип како што не стрефи, кое не одговара на моите норми. Поради тоа ќе апстинирам од коментирање на тој дел од политичката стварност. Ја би ве позамарал малце со тоа како се однесуваа и сеуште се однесуваат нашите политички елити во врска со овој документ, неговата имплементација и воопшто како се однесуваа во решавањето на кризата.



Да почнеме со идејата на рамковниот договор. Некој ќе каже дека главна идеја на договорот е поделба на Македонија, дека е дел од заговорот против славијанскиот свет, дека е против Македонија и слично. Без разлика на различните ставови околу договорот, сепак еден факт не може да се игнорира а тое е дека овој договор ја запре воената криза. Смешно ја разоружа ОНА, но сепак ја деактивира ија тргна од бојното поле. Неисправно би било ако не се констатира дека после рамковниот договор кризата во Македонија е запрена. Најважно, што овој рамковен договор го направи е што ја спречи ескалацијата на судирите да прерасне во голема меѓуетничка војна. Многу логично беше дека ако неуспеевме во запирањето на кризата, Македонија ќе се поделеше. Многу поголеми и посилни држави од нашата не успејаа да се одржат при такви кризи. Затоа и искочија оние карти од мАНУС-от. Тоа беа пробни балони на она што понатаму ќе се викаше стартна преговарачка позиција при поделбата. Значи без да навлегувам во содржината на договорот, сакам да укажам дека овој документ, заедно со притисокот од надвор, запреа нешто што на пример во Босна не беше на време запрено.

На нашата политичка сцена, во врска со овој договор се појавија два вируелно спротивни ставови (нормално на СДСМ и на ВМРО), и уште некој слободни стрелци од партии кој што никако неможат да се стабилизираат и да изградат еден принцип и став околу кој ќе гравитираат. Виртуелно спротивни, затоа што суштински и не се разликуваат (па мислам и двајцата го потпишаа). Сакам да кажам дека имплементирањето и подршката на рамковниот договор е од двете страни и тука е многу погрешно да се прифаќаат некој тези дека „ние баш и не го прифаќаме“ или „ние нема ова да го дозволиме“... Да се разбереме, и Бранко и Љубчо си потпишаа и има да го имплементираат до крај и никако немојте да наседнувате дека можда и нема. Ставовие кои ги изградија овие две партии во врска со договорот се виртуелни.

СДСМ има релативно почиста позиција. Он е за брзо имплементирање на договорот онака како што е потпишан по можност и топ-тан да иде. Глуми некаква заинтересираност (преамбула и слично), но многу малку енергија вложува во тоа. Од друга страна го имаме ВМРО со еден тврд став околу некои прашања, кој па гради позиција на несогласување со договорот. Одма да се повториме дека се работи за виртуелни позиции а не за суштински (суштински и двете партии си го подржуваат договорот). Како се формираа овие ставови, и како нас гласачите овие партии не летаат со така формираните ставови, за кои ние можеме 1000 саати да дебатираме и ништо да не се договориме. А како би можеле кога се работи за виртуелни ставови чии мотиви се кријат во партискиот интерес. Почистата позиција на СДСМ во врска со рамковниот договор доаѓа од неговата едонставна политичка потреба. А бе едноставно сака избори и нормално што побрзо. Не дека ние не сакаме избори... ние сакаме повише него он што сака, ама за разлика од нас, он заради тие избори е спремен и да го исфорсира рамковниот договор. Нормално се тоа е зачинето со некаква загриженост околу донесувањето на некои кључни амандмани, но сепак генерално се форсира рамковниот договор со што се пропушта да се влијае на повеќе клучни точки. Од друга страна, со рејтинг помал од Светскиот трговски центар у New York, се наоѓа ДМПНЕ со нивниот виртуелен контра став со примеси на национал-шовинизам, нихилизам а нема да претераме ако кажеме и нацизам. На таа карта играат сите посткомунистички лузери од балканот. Нормално се контрира на се што треба да се донесе во собрание (како ја да им го потпишав договорот), а понатаму кога треба се изгласа, се си се гласа како ништо пред тоа да не е кажано. На теренот се демонстрира некаква сила преку циркузантот(Љ.Б.), а кога стварно требаше таа сила никаде не можевме да ја видиме. Враќањето на целосната контрола НЕ се форсира (читај се саботира), а во реториката се употребуваат патетичните зборови „ни педа земја не даваме“. Се форсираат „лавови“, се делат плочки се форсира теоријата „цел свет е против нас“ и сите ние треба на тоа малоумно да кимаме со главата и со широко отворени очи да викаме „така е...“ Нормално, преку овој „тврд“ став се бара повраток на рејтингот и бегање од предвремените избори. Сето тоа нам ни се наметнува како суштинско прашање и ни се вградува како тема за дебатирање. Е па не фала!!!

Значи, драги Багра пациенти. Кога ги слушате загрижените ставови на нашите политички елити, нека не ве загрижуваат нивните виртуелни ставови. Тие всушност и не се расправаат за договорот (ниту па некогаш тоа го правеле). Тие се расправаат околу нивните политички несогласувања во врска со тоа кој треба да биде на власт. Немојте да дозволите да влезете во нивната меѓусебна политичка борба. Рамковниот договор е реалност и од него веќе нема бегање. Безпредметно е веќе да се расправаме за тоа кој можеше подобро и да градиме ставови на согласување и несогласување кон договорот. Тоа се, а и беа расправии на емоции кои политичките партии добро знаат да ги користат. Едноставно наоштрете ги вашите сиви ќелии, појачајте ја меморијата и така спремни дочекајте ги изборите. Таму ние го имаме зборот.

Опции за гледање на коментари


сликата на judge
Одговор: Рамковен договор - од judge на 10 март, 2002 - 13:16

АМИН cubanec!

Но, за кого да гласаме!? Ако мене ме прашувате, најспособни политичари во земјава се албанските. Си добија што си посакаа, притоа не одрекувајќи се од ништо. Сите корупки - министри слободно си го прават криминалот кој им е доделенЧ шеќер, ослободување на криминалци, цигари ... Дај да ги посвоиме и ние македонците. Џафери ќе го викаме Ѓоко, Тачи ќе биде Таки, а Али Ахмети - Мето.

сликата на cubanec
Одговор: Рамковен договор - од cubanec на 10 март, 2002 - 14:41

Колективната желба за поинакви политичари како причина, самата ќе изнуди последица на промени, како во самите партии, така и во понудата на истите. Тоа само оди толку многу споро, што нервира.

сликата на judge
Одговор: Рамковен договор - од judge на 11 март, 2002 - 20:43

Да, и тука се согласувам со тебе. Само, за жал, изгледа дека станува збор за класичен проблем наречен „англиска трева“ (знаеш она: ако сакаш да имаш англиска трева во дворот треба редовно да ја наводнуваш - и така едно 800 години).

Додека дочекаме да умрат или да ги уапсат сите овие денешниве политичари, и нас одамна ќе не нема, а се плашам дека ниту нашите внуци ќе нема на што да се радуваат.