9 јануари, 2009 - 02:15
[веб кирилица]

Techno, изборот на новата генерација

од гоце на 8 мар 2002 - 21:00

Текстов е стар две години, можда и јаче. Некои термини можеби и не содејствуваат со „модерниот“ жаргон, но подоле напишаното сеуште држи.

Tехното не е само музика, тоа е начин на живот. Тоа е израз на прогресивната генерација. Како музички правец и култура створена е и еволуирала низ долг низ на години од страна на ултра урбаната популација (воглавно), како и од помалку урбаната популација, пред се од експереиментирање со techno звукот на Go(a) и заедно со луѓето и впечатоците од звукот кој е далеку од урбан. По што е толку специфична Techno/електронската музика? Пред се затоа што дефинитивно ги проби сите јазични бариери (за разлика од текстуално-вокалните музички правци). Тоа е музика која секој може да ја разбере, ако сака, секако со доволно интелигентен мозок :о), иако ни тоа не е толку важен дел, колку што е имањето на воља/желба и имањето на отворен дух и погледи.



Следно, производ е на TECHNO-лошката револуција, односно употребата на нови TECHNO-логии во крајно креативни цели (од таму потекнува и самото име "TECHNO"). Toа е чиста музика која дозволува потполна автономија на личниот начин на размислување (што значи дека сама по себе НЕ дозволува наметнување и директно влиание на личниот начин на размислување низ вокално текстуалните теми).
Според заблудите на многу луѓе, techno/електронската музика не се прави само на компјутери (но може), туку на посебни уреди створени за таа цел, како на пример ритам машини, семплери, секвенцери, синтесајзери, басмодулатори...

Techno(електронска) музиката и сцената е основана на клубска (clubbing) култура, исто како и на rave уживањето. Тука има една важна работа...треба да го разјасниме поимот "RAVE" (за неупатените и за помалку упатените). Rave-от никако не треба да се гледа како музика или како музички правец на електронската (techno) музика. Поимот rave се однесува на техно случувања (според некој тука спаѓаат само големите (огромни) techno журки, врзани исклучиво за techno/електронската музика и култура на кои може да бидат од неколку стотици до неколку стотици илјади луѓе, па се до преку милион (на пр. берлинскиот Love Parade) крајно енергични techno фанови (карактеристична е концентрацијата на огромно количество на позитивна енергија на едно место, па заради тоа на techno happening никогаш нема да видиме тепачки од страна на рејверите и сл. меѓутоа во поново време за жал и тоа се случува. Поради што се прашуваме? Популаризацијата и „Сакам да сум IN“ синдромот се одговорите на тоа прашање).
Уште една карактеристика на techno хепенинзите е тоа што можат да се одржат на разни локации, почнувајќи од складишта, хали, гаражи, дискотеки, клубови, тврдини, па се до различни локации под отворено небо.

Toa e музика која е крајно позитивна (што значи дека има позитивно и стимулативно дејство на конзументот на музиката и културата) и во никој случај не е агресивна или деструктивна, како некои други музички правци со текстови и пораки кои предизвикуваат агресија, насилство, расизам...
Техното е интелектуална музика, земајќи ја во предвид не само музиката, туку и нејзината основа, а тоа е популацијата која го конзумира тој нов вид на прогресивна култура (со самото тоа и музиката, начинот на живот и се друго што е составен дел на тоа (clubbing, журки, медиуми, литература, комуникација од планетарни размери помеѓу луѓе кои делат исти или слични интереси, цели...). Техно музиката е релативно млада, но развиена, која е склоп на неколку основни музички правци и на мноштво подправци од кои секојдневно се ствараат нови, што значи дека ова е само почеток и дека тука треба многу, многу, да се каже, без оглед на сегашниот висок квалитет на техно звукот кој полека, но сигурно го освојува прогресивниот дел на планетата и дефинитивно навлегува во иднината. Да бидеме и да останеме дел од прогресивниот исчекор во иднината.

Опции за гледање на коментари


сликата на Новица
Одговор: Techno, изборот на новата ген - од Новица на 8 март, 2002 - 21:11

А чив е текстов?

сликата на гоце
Одговор: Techno, изборот на новата ген - од гоце на 8 март, 2002 - 23:12

Авторот е непознат [се смее] Јас го ископав ова по стари емаили.

Одговор: Techno, изборот на новата ген - од filipv на 8 март, 2002 - 22:35

басмодулатори...

[се смее]

Што е ова?

сликата на judge
Одговор: Techno, изборот на новата ген - од judge на 9 март, 2002 - 22:12

„Популацијата која го конзумира техното“ се состои од морони, идиоти (различна работа од морони) и дегенерирани консументи на „екстази“ на кои од премногу употреба мозокот им личи на сунѓер.

Техно музиката е измислена од некреативни диск-џокеи кои одеднаш станале „автори“, со единствена цел да збарат по некоја „екстазирана“ (види погоре) клинка и да ги задоволат своите ниски страсти.

„Склоп на музички правци“ - ха! на кои правци, ебате? Такви безлични бескрајни репетиции на синтетизиран ритам има во ... (помогни ми) - никаде!

Ако „прогресивниот дел на планетата“ е освоен од техно-музиката, тогаш сите веднаш да извршиме групно харакири за да не поистоветуваат со нив во идните историски читанки.

Техното е кретенска, некреативна и бескрајно досадна музика. Точка.

Фуснота

---------------

И, ај купи си граматика за основно училиште, те молам. Нивото на неписменост во твоите постови се зголемува се’ повеќе. Сакаш пример? Не е „клубски“, туку „клупски“.

сликата на гоце
Одговор: Techno, изборот на новата ген - од гоце на 10 март, 2002 - 09:18

„Популацијата која го конзумира техното“ се состои
од морони, идиоти (различна работа од морони) и дегенерирани консументи на „екстази“
на кои од премногу употреба мозокот им личи на сунѓер.
Сметај се официјално поканет да не запознаеш.
Техно музиката е измислена од некреативни диск-џокеи
кои одеднаш станале „автори“, со единствена цел да збарат по некоја „екстазирана“
(види погоре) клинка и да ги задоволат своите ниски страсти.
Ме чуди како не рече дека се и хомосексуалци. Од екстази и такви работи се
случуваат, нели? [намигнува]

„Склоп на музички правци“ - ха! на кои правци, ебате?
Такви безлични бескрајни репетиции на синтетизиран ритам има во ... (помогни
ми) - никаде!
[се смее]

Ако „прогресивниот дел на планетата“ е освоен од техно-музиката,
тогаш сите веднаш да извршиме групно харакири за да не поистоветуваат со нив
во идните историски читанки.
Ако не можеш да ги победиш, ќе им се приклучиш. Каков шок ќе биде за тебе кога
твоето дете ќе почне да слуша „безлични и бескрајни репетиции на синтетизиран
ритам“. Како ли ќе го спречиш да не пафка грас или да крка екстази?

Техното е кретенска, некреативна и бескрајно досадна
музика. Точка.
Вксуовите се како чмарови, сите имаат по еден.

Фуснота
---------------
И, ај купи си граматика за основно училиште, те молам. Нивото на неписменост
во твоите постови се зголемува се’ повеќе. Сакаш пример? Не е „клубски“, туку
„клупски“.
Сметај се и поканет да ни бидеш лектор. Плата нема да добиеш, можеби и ќе се
избориш за популарност кај женскиот дел од публиката на Багра која се пали на Цеца, Драгана
и сл.

Одговор: Techno, изборот на новата ген - од fagy на 23 март, 2002 - 15:00

jas sum ivana sakam haus i ekstazi. isto taka sakam da gi slusam koRn, metallica, doggy dogg, ja sakam gramatikata, filmovi, kompjuteri, seks, i me interesira se sto gi interesira mladite. ali najbolje mi e koga go slusam darko jordanov kako miksa, ili dave mothersole ili terry francis ili robotek kako pusta muzika... hehehhe.

milo mi e sto ve zapoznav.

imate ubav tekst, a i super reply na ignorantinite moronski poraki...

do nekoj sleden ubav tekst za muzikata na mojot zivot.

[се смее]

сликата на гоце
Одговор: Techno, изборот на новата ген - од гоце на 24 март, 2002 - 09:56

Ивана [намигнува]

Ти сакаш да не запознаеш вистински? [се смее] Контактирај со Багра членот кого го познаваш, или пушти ни емаил. Ќе бидеш информирана каде да не побараш...

сликата на Julls
Одговор: Techno, изборот на новата ген - од Julls на 24 март, 2002 - 17:21

Популацијата која го конзумира техното ... каков морон си ти (морам овој збор да го употребам, бидејќи ти нешто ја нарекуваш популацијата која слуша техно со тој истиот збор, а бидејќи сум доволно возрасна и едуцирана музички-100 % повеќе од тебе, сметам дека ТИ си тој кој припаѓа на таа групација-секако,треба да се консултираш со оние кои ги вршат испитувањата на институтите за дефектологија или заводите за ментално здравје, па таму ти даваат "епитет" да ли си морон, идиот, лесно, тешко-ментално ретардиран итн). Прашањето ми беше...од кога музиката се конзумира?Музиката може да се слуша или да не се слуша. Конзумираме храна и течност(или не сум сватила јас добро)?!?! Музиката може да ти се допаѓа или да не ти се допаѓа, но да си земеш за право да ја критикуваш, ти којшто сем својот компјутер, или својот глупав мал свет не знае повеќе? Очигледно сметаш дека си доволно "образуван", чим смееш да си дозволиш ваква глупост:

Техното е кретенска, некреативна и бескрајно досадна музика. Точка.

Да почнам од првиот епитет(иако самиот збор епитет во граматиката е убав збор, украсен и се додава на именка), тука во малку поинаков контекст е употребен:

"кретенска".... кретенска, може да биде музика(иако не може никако зборот кретен да се поврзе со музиката) која што е тотално дисхармонична, несинхронизирана, атонална. Таква, нема. Или има можеби, некаде во некои институции каде што се вршат некакви испитувања кои би биле веројатно поврзани со човековиот слух. Јас лично, кога веќе би си дозволила да кажам "кретенска" музика, веројатно би го кажала за шундот кој излегува, за жал, од сите правци во музиката-па да ли се работи за рок, фанк, џез, народна, техно, класична музика.

"некреативна"......

Боже прости им, не знаат! Некреативно е нешто што ти правиш. Седиш секој ден на нетов, и даваш коментари за кои немаш ни добра причина, а за кои немаш ни добра позадина. Кога сме веќе кај креативноста... што знаеш ти креативно да направиш? Или ако веќе ја карактеризираш техно музиката како некреативна, да ли можеби си ја слушнал преработката на Концертот за виолончело и оркестар во a-moll од Камиј Сен-Санс? Одлична транс преработка на Шива Шандра! Не! Не ни верувам, не верувам дека воопшто некогаш си го слушнал ни концертот, а сигурно не си слушнал ниту едно дело на Камиј Сен-Санс. За основите на техно музиката, кога веќе си дозволуваш да коментираш за некреативноста на истата.... да ли можеби знаеш кој е Густав Холст?! и неговите "Планети"? И тоа е малку веројатно. Да не те збунувам со вакви "непознати" имиња. Класиката што се нарекува Крафтверк, потоа Леид Бек, Мајк Олдфилд....овие мора да ги знаеш. Се надевам доволно си возрасен за да знаеш барем сега за што ти зборувам! Кај сите нив има прекрасни теми, со одлична електронска основа! Основа, која се користи како основа и во техно правците. Кога веќе си се дрзнал и за правците...само да те едуцирам малце: техно, минимал, хаус, транс...па сите овие понатаму си имаат свои под-правци(но, да не бидат премногу информации за твојот мозок кој не личи, туку Е сунѓер!).

Бескрајно досадна музика.....бескрајно си досаден ти со твоите коментари, како прво. Бескрајно досадни се луѓето кои не знаат воопшто ништо за музиката-тука те ставам и тебе, бескрајно досадна може да биде музика која нема моќ да ги помрдне луѓето од место, а тоа не е техното, сигурно. Да ли некогаш си бил на некоја техно журка? Не мораш да ми одговориш, знам дека не си бил. Немој да одиш, нема да знаеш што со себе таму!

Некреативни диск-џокеи. Ма дај бре шо збориш! Аман веќе со тој збор! Некреативни. Да не се повторувам за тоа...уметност е сето она што ТИ и таквите како тебе никогаш нема да го разберат....креативен!

Екстази-дегенерирани-премногу употреба! Употреби еднаш пред да знаеш за што зборуваш. Или не, немој.....дури тогаш твојот мозок...ќе заличи на нешто! Вака барем има за што да контактираме преку нетов!

Точка.

сликата на гоце
Одговор: Techno, изборот на новата ген - од гоце на 25 март, 2002 - 16:26

Уф, ова болеше [се смее]

Одговор: Techno, изборот на новата ген - од pere на 11 март, 2002 - 13:39

Луѓе може да зборувате, да коментирате, да негирате за воопшто електронската музика до утре сабајле...

Фактот е дека таа музика си зема се поголем замав, си има фанови (и нивниот број се повеќе се зголемува), си има клубови каде што се фура.....

Се сеќавам на еден коментар што незнам каде го прочитав но беше овака...демек техното си е музика на 21век. Како што Rock'N'Roll-от е обележје на 20 век, и нормално во неговите почетоци многу луѓе не го сакале (демек тоа се хулигани, наркомани... особено крајот на 60-тите, почетокот на 70-тите години), и имало слични на овие коментари еден куп, нормално е и сега да има има луѓе кои едноставноне можат да го поднесат "лупањето на басот врз мозок"... но тоа е тоа.

Па следбеници на Roc'N'Roll-от (и неговите модификации) не ви останува ништо друго туку да се помирите со фактот дека полека но сигурно електрониката си завзема место во музиката...