"Да видам да не верувам!", гласи една стара народна поговорка.
Оваа сторија ќе ве увери токму во точноста на горната мудрост.
И запомнете, не е се како што изгледа! ;)
Неколкуте слики што следуваат само ќе ви потврдат дека окото може лесно да се излаже.
И знам дека првата реакција ќе ви биде: "Не е можно! Дај лењир!" :)
Верувајте џабе ќе мерите, окото ве лаже. :)
Сигурно си помисливте дека линиите во круговите не се паралелни? ;)
А дали се ова правилни квадрати или не? Се, се, проверено... :)
Тврдам дека линиите (и на двете слики) се паралелни. Се клади некој? :)
Гледајте, или подобро кажано, зјапајте во 3-те црни точки на долната слика 15-20 секунди. Потоа спуштете го погледот надоле. Најпрвин ќе ви се појави еден бел круг. По неколку секунди во кругот ќе се појави фацката на еден мнооогу познат тип. Го препознавате? ;)
Приближете се и одалечете се од екранот за да ги `придвижите` долните слики.
На првата круговите ќе се `завртат` во обратна насока, а на втората позадината на кругот ќе се `размрда`.
На долната слика има многу поучен текст. Одалечувајте се, се додека текстот не стане разбирлив. Поучна мисла, нели? ;)
Остров, рибар во чамец и голема риба, или птица со човек во клунот?

Имам 2 прашања за вас?
Дали на првата слика се работи за спирала или за обични кругови?
И дали стварно помисливте дека масите на втората слика по димензии се различни? ;)

најави се или
зачлени се за да пишуваш коментари |
за печатење | 2185 гледања
Последни коментари