9 јануари, 2009 - 03:05
[веб кирилица]

Интернет и мобилна телефонија

од aleks на 5 мар 2002 - 14:41

Она што е најинтересно за луѓето кои што сакаат да го користат својот мобилен телефонски апарат и за некои други работи освен за зборување, е испраќањето на email пораки.

За да биде и таа опција возможна, се погрижи италијанската софтверска компанија Bware Technologies, преку нивниот бесплатен "SMS to email" gateway, сајтот http://www.excell.to.



Регистрацијата, т.е креирањето на account на Excell сајтот е многу брза и лесна процедура. Треба да отидете во менито за пораки на вашиот мобилен телефон, да изберете пишување на нова порака и да ја напишете наредбата :

PASS Vashiopassword. Откако ќе го направите тоа, ќе ви се појави опција за внесување на бројот на кој сакате да му ја испратите пораката. За оваа намена, треба да го напишете бројот на Excell SMS Gateway-от - +393334774753 (заедно со знакот плус).

Откако ќе го направите ова, испратете ја пораката, и вашиот account ќе биде формиран само за неколку минути.

Потоа потребно е да се логирате на сајтот http://www.excell.to каде што детално ќе го подесите вашиот профил.

Конечно стигнуваме до тоа како да ја напишете првата email порака преку мобилниот телефонски апарат. Изберете го менито за пораки и потоа изберете пишување на нова SMS порака. Обликот на пораката треба да биде во следниот стил :

EMAIL user@domain .тема.самата порака

На пример, доколку сакате да испратите email порака до адресата mailto:info@pcinfo.com.mk тоа ќе го направите на следниот начин :

EMAIL info@pcinfo.com.mk .proba.Ova e probna poraka od mojot mobilen telefon.

Потоа бирате опција за испраќање на пораката, а како број на кој што ќе ја испратите, го ставате бројот на Excell SMS Gateway-от +393334774753 (заедно со знакот плус).

Откако ќе го направите тоа, изберете ја подопцијата send или send message (во зависност каков мобилен апарат поседувате), и вашата email порака е испратена. Email пораката ќе му се прикаже на примачот во следниот облик :

From: Вашата email адреса (или PLUS38970XXXXXX@bware.it доколку не сте ја подесиле вашата адреса

To: email адресата на примачот

Subject: Proba (или GSM message from GSM number... доколку не ставите тема на пораката)

Самата порака.

GSM phone +38970XXXXXX

Оправданоста и предноста на сите овие начини на комуникација е во тоа што, од една страна, корисникот не е потребно да има при рака компјутер за да може да комуницира со своите најблиски, своите пријатели и своите соработници, а од друга страна не мора додатно да ја оптоварува својата сметка за мобилен телефон.

Опции за гледање на коментари


Одговор: Интернет и мобилна телефо - од bigblue на 6 март, 2002 - 02:54

Овој текст, малку вака, како да беше на времето во PlugIn објавен, нели?!

сликата на yarre
Одговор: Интернет и мобилна телефо - од yarre на 6 март, 2002 - 07:10

Кој чита Плагин? [се смее]

Битен момент е што овој сајт посстои 2 години и на почетокот работеше со Мобимак, арно ама талентиве од Мобимак одлучија (пред едно година дена) да го банираат бројот на италијанциве за да недајбоже ние од МК осетиме убава привилегија на праќање е-мејл од мобилен. Пред едно 2 месеца ги прашав талентиве од Мобимак, зошто е искључен бројот и не ми одговорија. Добро е што и ICQ го пуштија. Остана уште www.mtnsms.com.

Бај д веј, за латопот од КЛУБ 360 треба 160 години и сметка од цирка 20.000 МКД месечно. Таленти!

Одговор: Интернет и мобилна телефо - од aleks на 6 март, 2002 - 15:26

Не знам кој чита Плагин [се смее]

Точно, сајтот постои две години, и СЕГА работи со Мобимак. Бројот на Италијанците не е баниран, и ние од МК можеме да осетиме убава привилегија на праќање емаил од мобилен. мтнсмс тешко да го пуштат кога се научивме преку нивниот сајт да испраќаме пораки.

сликата на yarre
Одговор: Интернет и мобилна телефо - од yarre на 8 март, 2002 - 00:57

Ти демек андрлајн ми праиш? [намигнува] Реков дека беше баниран.

ПС Да не работиш кај талентиве?[намигнува] Така ми заличе [намигнува]

Одговор: Интернет и мобилна телефо - од milkie на 7 март, 2002 - 01:08

Не е во прашање банирање. Во прашање се чинам roaming договорите кои Mobimak (не) ги склучува со мобилните оператори каде се наоѓаат таквите сервиси.

сликата на yarre
Одговор: Интернет и мобилна телефо - од yarre на 8 март, 2002 - 01:00

Бип Грешка. Се занимавав со сајтот на времето. Роаминг договорот со Италијанскиот провајдер беше склучен. Некој талент од нашиве го турил на бан. Таков имејл добив од Италијанците коа ги питуев зш не иде

Одговор: Интернет и мобилна телефо - од aleks на 6 март, 2002 - 15:23

Не. Овој текст малку вака, на времето беше објавен во PCInfo+ бр.15/16.

Одговор: Интернет и мобилна телефо - од milkie на 7 март, 2002 - 01:05

Можеби бил, но јас го немам до сега прочитано [намигнува] Никогаш не се сомневај во корисноста на (повторно) објавената корисна информација.

сликата на yarre
Одговор: Интернет и мобилна телефо - од yarre на 8 март, 2002 - 01:04

Да ете може да се случи Мобимак да изненади па да каже оп порака 2 денара, за викенди фри. Или не? Чекаме да дојде другарчето Оте?[намигнува]

Бај д Веј, дата/факс услугата е фри. Се плаќа минутажа 12/6 МКД

Одговор: Интернет и мобилна телефо - од aleks на 8 март, 2002 - 12:55

Me interesira dali nekoj znae nekoj veb sajt koj sto nudi notifikacija na pristignat email? Ako znae, neka kaze, zasto vidovme deka ovaa tema (Internet i mobilna telefonija) pobudi golem interes.