10 јануари, 2009 - 00:14
[веб кирилица]

Библија - Microsoft Bookshelf Edition

од гоце на 28 фев 2002 - 15:01
  • На почетокот Господ ги створи Бит и Бајт. И направи од тие Збор.
  • И настанаа во два збора два Бита, и не постоело ништо повеќе. И Господ ја раздвои Едницата од Нулата. И виде Господ дека ова е добро.
  • И рече Господ нека биде Податокот. И така бидна. И рече Господ: Нека Податокот го завземе одговарачкото место. И створи господ floppy дискови, тврди дискови и компакт дискови. И виде Господ дека ова е добро.


  • И рече Господ нека биде Компјутер, каде што можат да се стават floppy, хард и компакт, и тоа го нарече Хардвер. И виде Господ дека ова е добро.
  • И тогаш сеуште не постоел Софтвер. Но Господ направи Програми, големи и мали. И рече Господ: Размножете се и наполнете ја Меморијата.
  • И рече Господ: Ајде да створам Програмер, и нека Програмерот ствара нови Програми и нека управува со Компјутерите, Програмите и Податоците
  • И створи Господ Програмер. Му ги покажа Господ Директориумите и му рече: Слободно користи го секој Директориум и Поддиректориум, но Windows НЕ СМЕЕШ да користиш!
  • И рече Господ: Не е добро што Програмерот е сам. Го успа, му извади едно ребро, и створи од него друго битие, кое што изгледа како Програмерот, кое го сака тоа што Програмерот го работи и Господ го нарече ова битие Корисник.
  • Биле Програмерот и Корисникот под гол DOS, Господ ги гледаше и рече дека тоа е добро.
  • Но Бил беше попаметен од Господ и од секое друго битие. И Бил го праша Корисникот: Дали ти рече Господ да не користиш ниту еден Програм?
  • И корисникот одговори: Господ рече дека можеме да го користиме секој Програм, секој Податок, ама рече дека никогаш да не користиме Windows затоа што ќе умреме.
  • И му рече Бил на Корисникот: Како можеш да зборуваш за нешто што не си го пробал? Во моментот кога ќе го вклучиш Windows ќе станеш како Господ. Ќе бидеш способен да предизвикаш било што само со просто кликнување на ГЛУВЧЕТО!
  • И виде Корисникот дека плодовите на Windows-от се поубави и полесно се користат. И виде Корисникот дека секое знаење е одвишно затоа што Windows-от може да ги замени сите знаења.
  • И Корисникот инсталираше Windows на Компјутерот и му кажа на Прогамерот дека ова е добро.
  • И Програмерот веднаш почна да бара нови драјвери. Господ го праша: Што бараш? И Програмерот одговори: Барам нови драјвери затоа што не можам да ги најдам во DOS. И рече Господ: Кој ти кажа дека ти се потребни нови драјвери? Дали го вклучи Windows? И Програмерот одговори: Бил ни рече!
  • И му кажа Господ на Бил: Заради тоа што го направи ќе бидеш омразен од секое битие. А Корисникот ќе биде несреќен поради тебе. И ќе бидеш приморан да продаваш Windows од сега па се до вечноста.
  • И му рече Господ на корисникот: Заради тоа што го направи ќе те разочара Windows, ќе ти ги потроши сите Ресурси и ќе мораш да користиш спори Програми, а за век векови ќе мораш да бараш помош од Програмери.
  • И му рече Господ на Програмерот: Заради тоа што го слушаше Корисникот никогаш нема да бидеш среќен. Твоите програми ќе бидат полни со грешки и ќе мора да ги исправаш секогаш одново за векови нанапред.
  • Ги избрка Господ, ја затвори вратата и ја заштити со Лозинка.
  • GENERAL PROTECTION FAULT.

Опции за гледање на коментари


Одговор: Библија - Microsoft Bookshelf Edition - од sweko на 28 февруари, 2002 - 15:30

Aмин,брате Гоце

сликата на cubanec
Одговор: Библија - Microsoft Bookshelf Edition - од cubanec на 28 февруари, 2002 - 15:59

"Bill Gates - take it or leave it" - Добар скопски графит.

Одговор: Библија - Microsoft Bookshelf Edition - од NLO на 28 февруари, 2002 - 18:36

Абе гоце што вака со Windows да не користиме а, ти да не си на Linux а, па затоа тука тракачи бакачи.

сликата на гоце
Одговор: Библија - Microsoft Bookshelf Edition - од гоце на 28 февруари, 2002 - 18:45

Јас сум на игла [намигнува] Сајтов е на Linux.