9 јануари, 2009 - 22:01
[веб кирилица]

Кој Господ е по суров?

од Багра на 25 фев 2002 - 04:53

Дали е тоа измислениот муслимански бог, наречен „Алах“ или вистинскиот христијански Господ Бог од Библијата? Одговори на овие прашања точно за да си го провериш знаењето. После квизот можеш да најдеш и ојаснувања за точните одговори.



1. Чив бог ветил најсурова судбина за луѓето од други религии?

  • А. Муслиманскиот, затоа што Христијанскиот никогаш не би повредил некого кој е воспитан во различна религија.
  • Б. Муслиманскиот, затоа што фрла роклетство врз секој што не верува во него.
  • В. Христијанскиот бог, затоа што ги осудува сите не-Христијани на вечно уништување.
  • Г. Двата се подеднакво сурови. Двајцата имаат апсолутен презир за сите други религии и ги осудуваат следбениците на истите на вечно проклетство.

2. Кој бог наредува најсурови судбини на неверниците додека се на Земјата?

  • А. Ниту едниот. Ниеден бог не верува во насилство.
  • Б. Ниту едниот. Иако двата богови ќе ги казнат неверниците на Судбоносниот ден, ниту едниот не ги казнува додека се на земјата.
  • В. Христијанскиот бог затоа што им наредил на своите следбеници да ги убијат тие со различна религија, вклучувајќи ги и членовите на фамилиите, пријателите, па дури и стоката, додека муслиманскиот бог едноставно побарал поробување на неверниците.
  • Г. Двата богови често издаваат насилни наредби.

3. Кој бог наредува најсурова војна?

  • А. Ниту еден бог не зборува за суровост во војна.
  • Б. Очигледно муслиманскиот бог, за разлика од христијанскиот кој никогаш не поддржувал војна.
  • В. Муслиманскиот господ затоа што им наредува на своите следбеници да ги заробуваат и поробуваат непријателите.
  • Г. Христијанкиот бог затоа што наредува на своите следбеници да ги убијат сите мажи во градовите кои ги напаѓаат, а да ги поробат само жените и децата (кои понекогаш исто така теба да се масакрираат, заедно со се што е живо до каде што се догледува)

4. Чив бог има најмалку жал и најголемо осудување за непријателите на неговите следбеници?

  • А. Муслиманскиот затоа што христијанскиот бог се залага за ненасилство и за трајно простување.
  • Б. Христијанскиот бог затоа што им наредува на своите следбеници да ги убијат сите непријатели, независно од нивните дела, без сожалување.
  • В. Христијанскиот бог затоа што муслиманскиот им забранува на своите следбеници да ги напаѓаат непријателите кои не се борат и наредува да се има мир со тие што го посакуваат.
  • Д. Б и Ц.

5. Кој бог повеќе ги осудува хомосексуалците?

  • А. Муслиманскит бог, затоа што христијанскиот ги суди луѓето по тоа како тие ги третираат другите луѓе, а не по нивната сексуална ориентација.
  • Б. Христијанскиот бог затоа што сака хомосексуалците да бидат убиени, за разлика од муслиманскиот кој бара казна за хоосексуалците, но ги поштедува тие кои ги потиснуваат нивните природни желби.
  • В. Христијанскиот бог затоа што ги осудува хомосексуалците во пеколот, додека муслиманскиот бог ветува прекрасни млади момчиња во Рајот.
  • Д. Б и Ц

6. Чив бог има препишано посурова физичка казна за грешниците?

  • А. Муслиманскиот затоа што христијанскиот никогаш нема да каже на своите луѓе да повредат некого физички.
  • Б. Муслиманскиот затоа што наредува на се удрат повеќе камшици на грешници за раслика од христијанскиот.
  • В. Христијанскиот затоа што всушност тој наредува повеќе тепање.
  • Г. Двајцата наредуваат исто ниво на насилство да биде применето спрема тие кои ја нарушиле етиката на богот.

7. Од кој бог треба да се плашиш најмногу?

  • А. Муслиманскиот, затоа што од христијанскиот не треба да се плашиш воопшто.
  • Б. Муслиманскиот, затоа што заслужува да се плашиш од него.
  • В. Христијанскиот затоа што додека Алах може да биде достоен за страв, Господ не само што ги убива тие што го нервираат, туку и го праќа во Пеколот.
  • Г. Двата се подеднакво страшни

8 . Кој бог става најмалку вредност врз животот на жената?

  • А. Ниту едниот. Двата богови ја гледаат жената и мажот како еднакво важни.
  • Б. Муслиманскиот, затоа што вели дека жената заслужува помалку од мажот.
  • В. Христијанскиот, затоа што дава помала важност на животот на жената.
  • Г. Двата бога ја гледаат жената како помалку вредна од мажот.

9. Чив бог ги поставил (создал) жените со најсурови ограничувања на говорот?

  • А. Муслиманскиот, затоа што христијанскиот ја препознава еднаквоста на нивниот говор.
  • Б. Христијанскиот, затоа што бара жената да учи во тишина и им забранува да зборуваат во црква.
  • В. Христијанскиот, затоа што и забранува на жената да биде учителка, бара тие да учат од нивните мажи, додека муслиманскиот им дозволува на жените да зборуваат против нивните мажи и ги слуша нивните поплаки.
  • Г. Б и Ц.

10. Чив бог и шампион на измамите?

  • А. Трик прашање. Двата бога од двете религии се тотално искрени.
  • Б. Муслиманскиот, затоа што ги тера грешниците да веруваат во лаги за да можат да бидат проколнати.
  • В. Христијанскиот, затоа што ги тера грешниците да веруваат во лаги за да можат да бидат проколнати.
  • Г. Нитуедно не победува затоа што Б и Ц се точни.

 

Одговори

 

1. Чив бог ветил најсурова судбина за луѓето од други религии?
Точен одговор е Г. (Двата се подеднакво сурови. Двајцата имаат апсолутен презир за сите други религии и ги осудуваат следбениците на истите на вечно проклетство)

2. Кој бог наредува најсурови судбини на неверниците додека се на Земјата?
Точен одговор е В. (Христијанскиот бог затоа што им наредил на своите следбеници да ги убијат тие со различна религија, вклучувајќи ги и членовите на фамилиите, пријателите, па дури и стоката, додека муслиманскиот бог едноставно побарал поробување на неверниците)

3. Кој бог наредува најсурова војна?
Точен одговор е Г. (Христијанкиот бог затоа што наредува на своите следбеници да ги убијат сите мажи во градовите кои ги напаѓаат, а да ги поробат само жените и децата (кои понекогаш исто така теба да се масакрираат, заедно со се што е живо до каде што се догледува))

4. Чив бог има најмалку жал и најголемо осудување за непријателите на неговите следбеници?
Точен одговор е Г (Б и В)

5. Кој бог повеќе ги осудува хомосексуалците?
Точен одговор Г (Б и В)

6. Чив бог има препишано посурова физичка казна за грешниците?
Точен одговор Б (Муслиманскиот затоа што наредува на се удрат повеќе камшици на грешници за раслика од христијанскиот)

7. Од кој бог треба да се плашиш најмногу?
Точен одговор В (Христијанскиот затоа што додека Алах може да биде достоен за страв, Господ не само што ги убива тие што го нервираат, туку и го праќа во Пеколот)

8 . Кој бог става најмалку вредност врз животот на жената?
Точен одговор Д (Двајцата ја гледаат жената како помалку вредна од мажот)

9. Чив бог ги поставил (создал) жените со најсурови ограничувања на говорот?
Точен одговор Д (Б и В)

10. Чив бог и шампион на измамите?
Точен одговор Д (Нитуедно не победува затоа што Б и Все точни)

 

Сите одговори се поткрепени со цитати од Библијата и Куранот.

Опции за гледање на коментари


Одговор: Кој Господ е по суров? - од sweko на 25 февруари, 2002 - 10:03

Јас како атеист по убедување, секако сум наебал така да не ми е ни толку битно кој пекол е пожежок.

И кога сме веќе тука дали пеколот е ендотермен (прима топлина) или егзотермен (оддава топлина) [се смее])))

сликата на Royalgirl
Одговор: Кој Господ е по суров? - од Royalgirl на 25 февруари, 2002 - 16:20

Е да ми извините, ама ова е тешка глупост, и НЕвистина. Друг пат не објавувајте вакви работи, или барем нека бидат комични, ако веќе се невистинити. Од Христијанска гледна точка, пола од овие наведени "факти" се чиста глупост и никако не се по референца од Библијата. Нема да се обидувам реченица по реченица да образложувам зошто-и-како. Секако има тука што да се збори, ама нема никого да разубедам на тој начин. Толку.

P.S.Атеист по убедување?!?! Аха ха ха!

сликата на гоце
Одговор: Кој Господ е по суров? - од гоце на 25 февруари, 2002 - 18:56

P.S.Атеист по убедување?!?! Аха ха ха!

Или,

Фала богу што сум атеист [намигнува]

Иначе што на пример не е вистина?

сликата на cubanec
Одговор: Кој Господ е по суров? - од cubanec на 25 февруари, 2002 - 18:10

Прво за royalgirl одма да и кажам дека и ја мислев така додека не прочитав цитати од библијата (крстоносните војни а и тие пред нив биле многу сурови а пред сите стоел КРСТОТ како праводоносач).

Второ... мислам дека религиите иако различни во своите уверувања, историски и социјолошки се поистоветуваат во основната нивна потреба од постоење, а тоа е да ги канализираат колективните потреби на луѓето. Од тука мое мислење е дека тие се напишани така да можат да се протолкуваат на различни начини врз база на тоа во каква ситуација се наоѓа односниот народ (религија, држава и сл.). Пример.... доколку религијата немала тешки казни за оние кој би ја заобиколиле, во времето на средниот век и порано, тоа би значело нејзино изумирање и поклопување од оние религии кој се поцврсти во своите закони. Затоа и сме го поминале оној период на крстоносни војни, инквизиции и слично (луѓето биле спалувани заради тоа што мислеле дека е земјата тркалезна). Земајки го во предвид нецивилизираното општество каде сега владее муслиманската вера (заостанато слично како христијанството во среден век), лесно ќе се дојде до заклучок за сличноста меѓу сегашното муслиманско толкување и некогашното христијанско. Одтаму мислам дека доаѓа и до квалификациите кој и се припишуваат на муслиманската вера дека е сурова и опасна за човештвото. Мое мислење е дека тоа не е до самата религија туку до нејзиното толкување во оние делови од планетава каде што нивото на цивилизација е многу ниско. Доколку авганистан беше христијанска, а америка муслиманска земја... тоа немаше да ги спаси двете кули близначки од уривање.

сликата на Royalgirl
Господ-суров?! Ма ајде... - од Royalgirl на 25 февруари, 2002 - 20:15

Cubanec:

[ додека не прочитав цитати од библијата (крстоносните војни а и тие пред нив биле многу сурови а пред сите стоел КРСТОТ како праводоносач). ]

*****Но кој го носел? Луѓе. И дали е тоа по Божја волја? Каде во Библијата се бара од грешниците такво нешто? Види, и денес имаш колку сакаш грешници, извитоперници на верата, на кои не им одговара ортодоксното, односно as-is, па се делат на католици, протестанти, итн итн. Но Библијата предупредува и на такво нешто. Грешници имаш и во исламот, кои џихадот го толкуваат како војна па тоа им е изговор.

[ Второ... мислам дека религиите иако различни во своите уверувања, историски и социјолошки се поистоветуваат во основната нивна потреба од постоење, а тоа е да ги канализираат колективните потреби на луѓето. ]

Тоа не го оспорувам, тоа е точно. Секоја религија е најпрво филозофија. Но те молам, која е светоста во Мухамед и неговите следбеници? Во еден човек кој ја прочитал и речиси препишал филозофијата на Библијата, и потоа се додал себе си како светец? Во човек што имал над 10 конкубини, и умрел кукавички на постела? Од друга страна го имаш Исус, чие постоење не е спорно, чие воскреснување никако не е спорно, и кој е пратен за да ни покаже на нас грешниците дека постои Семоќниот. За да не исчисти од гревови, за да не предупреди за тоа што доаѓа. Од нас зависи.

И нормално е дека една религија соодветсвува на периодот во кој се оформила. Но не треба толку плитко и скептички да гледаме кон Христијанството, и кон Библијата, и да го рамниме со другите "вери". Замисли си, во период, во кој, освен коњи луѓето(Апостолите поконкретно) немале појма за друго превозно сретство, замисли си значи дека тие имаат некакви визии за тенкови и војни. Како да си ги објаснат со тогашниот речник и појави? Па визиите ги опишувале преку змејови кои фрлаат пламен. Таква паралела направи и за други појави кои навидум изгледаат научна фантастика во Библијата.

[Доколку авганистан беше христијанска, а америка муслиманска земја... тоа немаше да ги спаси двете кули близначки од уривање. ]

Не сум толку сигурна...

Одговор: Господ-суров?! Ма ајде... - од sweko на 26 февруари, 2002 - 09:19

{[Доколку авганистан беше христијанска, а америка муслиманска земја... тоа немаше да ги спаси двете кули близначки од уривање. ]
Не сум толку сигурна...}

Од вакви апологети како тебе (и слични од другата страна) нема да има светски мир и слобода уште подолго време.
Сакаш всушност да кажиш дека ти си подобра од другите, со самото тоа што си припадник на вистинската религија, а?
Дека во твојата религија нема фанатици, само во другите, грешни и во заблуда религии?

Атеистот по убедување

сликата на Royalgirl
Одговор: Господ-суров?! Ма ајде... - од Royalgirl на 26 февруари, 2002 - 11:46

[ Сакаш всушност да кажиш дека ти си подобра од другите, со самото тоа што си припадник на вистинската религија, а? ]

Прво, верник сум во Вистинската Религија. Да. Второ, не знам дали сум подобра, за тоа не одлучувам јас, туку тој што ме создал мене од ништо.

[ Дека во твојата религија нема фанатици, само во другите, грешни и во заблуда религии? ]

Не ми ги извртувај зборовите, туку прочитај уште еднаш, ама убаво. Таму стои, "во СЕКОЈА религија има по некој фанатик, или по некој во заблуда." Зошто поставуваш прашање на нешто што е веќе одговорено?

И уште нешто. Од такви како тебе, самоуверени, без страв за постоењето на некој над нив, некој што ги создал од ништавило, без трошка разум, е од такви имаме војни.

[Атеистот по убедување ]

Ха ха ха!

Одговор: Господ-суров?! Ма ајде... - од sweko на 26 февруари, 2002 - 13:31

[Прво, верник сум во Вистинската Религија. Да.]

End of discussion

Одговор: Господ-суров?! Ма ајде... - од sweko на 26 февруари, 2002 - 13:38

сликата на cubanec
Одговор: Кој Господ е по суров? - од cubanec на 26 февруари, 2002 - 20:51

Прво.. добро е ваљда се учам... ако оваа порака излезе внатре во првиот мој коментар на првата скала ондак значи научив како се работи со ова одговориве. Јеби га тазе сум.

Второ мислам дека е бесполезно да се расправте за религиите од аспект на тоа која е праведна и што таа подобрува или не. Добра е онаа религија која успеала да се одржи до ден денешен. Тоа значи дека е добро осмислена и успеала да се одбрани од сите (а сигурно секоја ги имала многу) сили кои сакале да ја уништат. Религијата од социолошко - филозофски аспект убаво си ја завршува својата работа. Замисли луѓето да ја изгубат вербата... останаа празни бинарни машинчиња кои не работат на струја туку на шеќер, машини за гомна кои wireless комуницираат со помош на звук.

Од друга страна па, неможе а да не се види фактот дека таа верба е подложна и на манипулации, ама тоа се случува со секоја верба... политичка, национална, спортска, љубовна па и атеистичка. Дури и да си атеист значи да веруваш... само не во расположливите религии. Вербата е битен сегмент од човековото битие и не треба да се занемарува и отфрла... религијата ја канализира таа потреба на луѓето, потреба да веруваат во добро (бог) а не во лошо (ѓавол).

Затоа баталете ги тие дневно-политички расправии за тоа која вера е продуховена и хумана и добра... Ако веруваш во нешто ВЕРУВАЈ не се расправај. Не го потиснувај оној другиот кој истотака верува во нешто.

сликата на Royalgirl
Одговор: Кој Господ е по суров? - од Royalgirl на 27 февруари, 2002 - 00:21

[Добра е онаа религија која успеала да се одржи до ден денешен.]

Не е точно. Религијата не е хоби, па да биде успешна или неуспешна. Баш и тоа ме иритира, кога се прави муабет за религија, како што се прави муабет за спортот во Драчево. Мислам, луѓе, религија!? Не збориме за астрономија.Си даваме премногу слобода, и си толкуваме, што не е добро.

[Дури и да си атеист значи да веруваш...]

Во што? Во тоа дека ти си совршениот?Тоа е смешно.Повеќе жалосно уствари.

[религијата ја канализира таа потреба на луѓето, потреба да веруваат во добро (бог) а не во лошо (ѓавол). ]

Религијата само прави разлика помеѓу доброто и злото, колку да не запознае и предупреди. Бидејки, барем денес е толку очигледно дека многу работи се претопени и измешани, па луѓето губат осет за тоа што е лошо а што не е.

[Затоа баталете ги тие дневно-политички расправии за тоа која вера е продуховена и хумана и добра... ]

Религиските расправии никогаш немаат крај, па затоа нема ни да почнуваме.Само сакав....

[Ако веруваш во нешто ВЕРУВАЈ не се расправај. Не го потиснувај оној другиот кој истотака верува во нешто. ]

...само сакав ова да кажам: Зарем не сметаш дека е добро на некого да му го посочиш патот, онака да му отвориш врата, па сам нека види што има низ неа. Само толку. Инаку како ќе ја дознаеш вистината, ако таа постои?

сликата на cubanec
Одговор: Кој Господ е по суров? - од cubanec на 25 февруари, 2002 - 23:42

Mislam deka ova e mnogu shiroka tema, i teshko e vaka kako hobi da se razgleduva. Se soglasuvam so faktot deka tamu kade shto hristijanstvoto(vo site negovi frakcii) vo ovoj moment e prisutno, tamu e pomalo nasilstvoto a i demokratijata e na povisoko nivo.

Se slozuvam i so faktot deka muslimanskite zemji od bliski i dalechen istok neguvaat losha kolektivna svest, koja predpostavuva site shto ne se kako niv, ne treba voopshto da bidat [се смее]). MOj stav e deka toa ne zavisi od religijata... zavisi od razlichni socio-politichki predispozicii. Zatoa i probuvam da go sporedam deneshniot mujslimanski fundamentalizam so slichniot hristijanski od sredniot vek.

Kako i da e... vo biblijata (i na moe divno chudo) pishuva deka zenata treba da se tepa... ne-hristijanskite gradovi da se sotrat i se shto e mashko da se potepa, zenite da se ostavat vo dovolen broj za da sluzat (mozesh da zamislish kako da sluzat) za vojskata, shto i de - facto se pravelo...

Sepak.. vo ponovata istorija hristijanstvoto vo celina go ima promeneto nachinot na tolkuvanje na samata religija, ama toa ne zavisi od religijata tuku od civiliziranost na podrachjata kade taa e zastapena.