Скопско и све е можно
од nako на 23 фев 2002 - 23:09
Скопско поскапе! :'((
Според најсигурни извори Баграта дознава дека скопското пиво од денес поскапува за 2 денари, значи најомиленото пиво кое сте го купувале во локалната коперација за 30 ден. сега за истото пиво ке платите 2 ден. повеке. Ваквиот чекор пивара го образложува поради менување на амбалажата на пивото. Големо негодување има помеѓу пиво-пијачите и коперациите кои се затекноа денес поради ваквиот непромислен чекор на пивара. Според неофицијални извори можно е да избијат големи социјални немири во земјата. Исти така се дознава дека најкритичниот ден за избувнувањето на немирите е недела спрема понеделник и цел ден понеделник кога најупорните љубители на пивото и другиот вид на алкохол го смеетаат за нивен ден. Поради тие причини исто така неофицијално се дознава дека пивара ангажирала дополнителен број луге за обезбедување на пивара.
Баграта е на терен и буро ги следи настаните за благовремено да бидете известени.
|
Последни коментари