9 јануари, 2009 - 22:43
[веб кирилица]

Провери дали си способен да бидеш професионалец

од Layla на 22 фев 2002 - 07:51

Овој квиз се состои од 4 прашања од кои можеш да откриеш дали си кавлификуван да бидеш професионалец. Читај ги прашањата и полека скролирај надолу за одговорот. Нема потреба од мамење. Прашањата не се толку тешки. Само треба да размислуваш како професионалец.

1. Како ќе ставиш жирафа во фрижидер?



 

 

 

 

 

 

 

 

 

Точниот одговор е : Отвори го фрижидерот, стави ја внатре жирафата и затвори ја вратата.

Ова прашање тестира дали имаш тенденција да правиш прости работи на комплициран начин.

2. Како ќе ставиш слон во фрижидер?

Неточен одговор : Отвори го фрижидерот, стави го слонот и затвори ја вратата.

Точен одговор : Отвори го фрижиерот, извади ја жирафата, стави го слонот и затвори ја вратата.

Ова прашање ja тестира твојата меморија.

3. Кралот Лав е одржува конференција за животните. Сите животни се присутни освен едно. Кое животно не присуствува?

Точен одговор : Слонот. Слонот е во фрижидерот.

Ова те тестира дали учиш со разбирање.

О.К., ако не одговори точно ниту едно од последните три прашања, ова е твојата последна шанса да ги тестираш твоите способности да бидеш професионалец.

4. Треба да поминеш преку река за која е познато дека има многу крокодили во неа. Како ќе ја поминеш ?

Точен одговор : Ќе ја препливаш. Сите крокодили се на состанокот за животни.

Со ова е завршен тестот.

Резултати :

  • Ако точно си одговорил четири, ти си вистински професионалец. Те очекува успех.

  • Ако точно си одговорил три прашања, треба уште малку да поработиш на случајот, ама има надеж за тебе.

  • Ако точно си одговорил на две прашања, почни да размислуваш за кариера како продавач на хот дог.

  • Ако точно си одговори едно прашање, пробај да ги продадеш твоите органи. Тоа е единствениот начин некогаш да заработиш пари.

  • Ако не одговори точно ниту едно прашање, најдобро ќе биде да почнеш да размислуваш за кариера која не бара никакви поголеми ментални функции, на пример, менаџмент, политика, право или медицина.