Како дел од амбициозната иницијатива да го земеме образованието во нашите раце
од либералните атеисти кои веруваат дека нашите предци биле мајмуни и да го
ставиме во чесните раце на десничарските коорпорации, Баграта е горда да ви
претстави, во соработка со тутунските компании од Р. Македонија, точни и свежи
информации како да те направи ТЕБЕ безбедно дете-ПУШАЧ!
Совети за паметно пушење:
- Чувај ги цигарите далеку од вода! Водата предизвикува влажност, а
влажноста може да доведе до неправилно палење и до неефикасно носење на точно
калибрираните дози од никотинот, кој тотално не предизвикува зависнот, до
тие мали кесиња на дното од твоите бели дробови! Но водата за капење може
да биде и твој пријател кога ќе завршиш една цигара и кога ќе си спремен/спремна
да запалиш друга.
- Пушењето пред спење те прави попаметен/попаметна! После молитвите
за пред спиење ништо не релаксира како дим од цигара. Ако мораш да пушиш во
креветот погрижи се постелнината да ти е од ефтини синтетички влакна, кои
лесно може да се запалат и да предизвикаат штета на скапиот имот на твоите
родители.
- Чувај ги цигарите безбедни од кршење! Метална и сјајна табакера е
тоа што треба да го имаат сите деца. Распрашај се колку штеки цигари треба
да нарачаш за да добиеш една таква бесплатно!
- Биди внимателен/на со купувачите! Кога ќе одбираш возрасен човек
да ти купи цигари од продавиница која е раководена од либерали кои не сакаат
да продаваат цигари на малолетници погрижи се да не зборуваш со никој кој
може да изгледа како социјален работник. Тие ќе ти ги украдат твоите цигари
и ќе те остават да плачеш за димче!
- Запамти: Свежо=Вкусно! Никогаш немој да го заборавиш важниот факт
за нивната исчезнувачка природа. Тие може да се пушат само 3-4 часа од кога
е скинат целофанот. За да го избенеш непријатното чуство на помалку-од-совршен
вкус на тутун потруди се да ја испушиш целата кутија во рок од 4 часа. Ако
од некоја чудна причина не можеш да испушиш 20 цигари во рок од 4 часа за
време на овој „прозорец на свежина“ фрли ги цигарите што ти останале. Не грижи
се, има уште многу од нив во илјадници и илјадници продавници.
- Биди чист/а! Ако товјата омилена марка цигари е без филтер твоите
прсти и заби може пријатно да бидат обоени од темните, но модерни никотински
дамки. Иако многу луѓе ги носат со гордост, ако ти ги сметаш за непријатни
може лесно да ги отстраниш.
- Пуши правилно, пуши безбедно! Како што ќе старееш, начинот на кој
ќе ја држиш цигарата ќе стане многу важен. Девојките треба нежно да ја држат
цигарата на средниа помеѓу цврсто испружениот показалец и среден прст. Само
ретардираните испуштаат дим од носот! Момчињата треба да ја држат цигарата
на нејзинит крај, цврсто помеѓу показалецот и средниот прст, допирајќи ја
со палецот. Непридржувањето до овие специфични за полот норми може да биде
МНОГУ опасно во јавност! Сигурно не би сакал/а да сиго скратиш долгиот живот
исполнет со купување на цигари и да бидеш обележан/а како хомосексуалец и
да бидеш отфрен/а од Господ и да бидеш собран/а од камион полн со домашно
учена Христијанска младнина, нели? Сигурно дека не сакаш!
Забавни факти за цигарите
- Цигарите биле измислени од Кристофер Колумбо како згоден начин да се релаксира
по истербувањето на гадните и безбожните луѓе од Северна Америка.
- Првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон, гаел цигари во полето позади
неговата куќа. Либералните Комунисти посочуваат на „историски докази“ дека
тој, исто така, гаел и други, сега нелегални, растенија. Луѓето кои го кажуваат
ова се лажговци и заслужуваат да умрат!
- Момчињата кои почнуваат да пушат пред пубертетот може да очекуваат да уживаат
во подлабок, помажествен глас кои ќе резултира со поголема популарност и со
многу, многу убави девојки!
- Девојките кои ја совладале уметноста на „Француско вовлекување“ до возраст
од 11 имаат 65% повеќе шанси да имаат најмалку 2 убави бебиња пред да завршат
со школото и да не се мачат да одат на факултет и да плаќаат добри пари за
да ги слушаат либералните интелектуалци кој бљујат предавнички вербален пролив.
Последни коментари