Народот на овие простори лесно и наивно ги прима туѓите влијанија, иако се тоа истото одамна го има кај себе. Вечната тема на романите, опеана во песните, представена на филмското платно, најголемата болка и радост на луѓето - љубовта - не знае за граници. Утре се слави неофицијалниот светски ден на заљубените. Се спомнува како св. Валентајн, по западната традиција која последниве дестина години, заедно со името полека се вовлекува и кај нас.
Свети Валентајн, според преданијата, пред 1732 години со љубов ја излечил слепата ќерка на угледен благородник. Не се знае кој точно бил тоа, но се смета дека во прашање е бискупот кого на 14 февруари 270 година го погубил римскиот император Клаудио Готика. На него му сметала народната верба во љубовта и чудата кој Валентајн во тоа време ги будел со своите упорни молитви и љубовта. Денот на неговата смрт, 14 февруари католиците го празнуваат како денот на заљубените, па православните, по обичај, без размислување почнаа да го слават тој ден, не знаејќи дека свети Трифун е нивниот веќе постоечки заштитник на љубовта.
Овој светец, според историјата, во земскиот живот се прочул по својата лекувачка моќ, поради што, за време на жестокото гонење на христијаните е изведен пред суд во Никеја и после страшното мачење му била одсечена главата во 250 година.
Скоро и не се знае како овој светец послтанал заштитник на љубовта и девојките. Според народната приказна, големиот грешник Трифун, кој на душа носел 99 луѓе кои ладнокрвно ги убил, бил осуден на божја казна. Легендата кажува дека од казната можел да биде ослободен кога ќе пролиста отсечено врбово дрво. Трифун гаел бостан и по осуда на секој што поминувал му давал лубеница. Меѓутоа, кога некој ден некој минувач, брзајќи, не обратил внимание на Трифун и на неговиот подарок, Трифун се пуштил по него со лубеницата и го убил. Очаен што го убил сиротиот човек се вратил и ја видел пролистана врбата! Човекот кого не можел да го запре одел да ја колне девојката пред свадба. А тоа, според народното сваќање, е непростлив грев, па ова убиство на Трифун не му било земено за зло. Со тоа сите предходни недела му биле простени.
Денот на св. Трифун е земен како слава во некои наши населби, воглавно во тие каде што се негува виноградинарството. Винарите тогаш ја почнуваат првата работа на кастрење на лозите. Некаде се смета дека овој светец е и чувар од поплави и град. Се верува дека со овој ден почнува пролетта, дека се буди природата и љубовта спрема луѓето. Во народот за овој ден се врзани многу различни обичаи, а не е ни чудно дека тогаш мажите, а посебно жените се занимавале со љубовни магии...
Последни коментари