Научници од Вашингтон и Сан Франциско објавија дека постои најмалку уште еден
соларен систем, сличен на нашиот, со планети кои орбитираат околу сонце слично
на нашето. Ако постојат два такви системи, тогаш сигурно ги има многу повеќе.
Два тима на астрономи, работејќи одвоено, објавија дека по прв пат идентифицирале
планетарен систем околу една ѕвезда кој може да се спореди со нашиот. Во овој
случај се верува дека 3 планети се гасни џинови, слични на нашиот Јупитер. Еден
од астрономите по повод откритието изјави: „Ова е нова ера на изтражувањето.
Научната фантастика стана научен факт.“

Ова откритие ќе даде инспирација на многу за да се пуштат во потрага по нови
светови и да побараат живот на некои од нив. На овој, прв откриен, судејќи според
се, живот нема.

Откриените планети орбитираат околу ѕвездата Ипсилон Андромеда (Y Andromedae),
од соѕвездието Андромеда, 44 светлосни години оддалечени од Земјата. Не се,
се разбира, сите ѕвезди од тоа соѕвездие на толкава оддалеченост. Сликата која
ја гледаме на нашето небо е само нивна проекција. Тие меѓусебно можат да бидат
на многу поголемо растојание одколку што е Земјата од нив. На гасните џинови
(**тоа се планети со голем размер составени од облаци на гас, од кои поради
големата гравитација се формирале планети како Јупитер, Уран...**) не може да
постои земска форма на живот. За да постојат услови за живот во некој соларен
систем, помали и цврсти планети како Земјата мораат да кружат во внатрешните
орбити, додека поголемите плането, составени од гас, мораат да се наоѓаат на
надворешните орбити. Трите џина кои кружат околу Андромеда Ипсилон на релативно
мало растојание со текот на времето ги проголтале малите планети во системот
(ако воопшто имало такви). Една од теориите е и дека џиновите се всушност малечки
ѕвезди, но на таа теорија и се дава мала веројатност.

Уметничка визија на Андромеда
Астрономите од Вашингтон објавија дека 5 проценти од ѕвездите кои не се испитани
поседуваат какви-такви планети. Затоа што само во нашата галаксија, Млечен пат,
постојат 200 милијарди ѕвезди, мораме да се помириме со фактот дека Земјата не
е никакво космичко чудо (или подобро речено космичка грешка).
Во 1995 е откриена планета која кружи околу една ѕвезда. Подоцна се откриени
и ѕвезди околу кои кружат и по дваесетина „Јупитери“, како и такви околу кои
се наоѓаат прстени на прашина и гас, највероватно почетоци на нов соларен систем.
До овие откритија научниците дошле мерејќи го влијанието на гравитацијата на
планетите на движењето на матичните ѕвезди. Таквите методи не можеле да ги забележат
објектите со големина на Земјата, Новите технологии кои се во развој ќе можат.
Последни коментари