10 јануари, 2009 - 01:48
[веб кирилица]

Новите Македонски Пасоши

од IgorG на 25 мар 2005 - 21:51

Пред некој ден се сретнав со една многу неверојатна ситуација, па сакав да
прашам дали некој можеби видел нешто слично, или пак знае за решение на
проблемот.

Британската амбасада (а слушам и неколку други) во Скопје одбива да стави
виза во новите македонски пасоши од 2005 кои имаат букви како ш, ч, ѓ, ќ, ж
и сл. Овие букви сега се напишани како СХ, ЦХ, ГЈ, КЈ, ЗХ и тн. во делот за
машинско читање на пасошот, додека порано беа напишани на "нашата"
српско-хрватска латиница. Во амбасадата велат дека тоа им создава проблем со
двоен идентитет, и одбиваат да ги користат овие пасоши. Не знам дали се
засегнати само оние кои веќе еднаш имале виза, и се влезени во нивните бази
на податоци, или сите, ама знам за барем два вакви случаи.

Во МВР, не знаат ништо, и тврдат дека амбасадите треба да ги прифатат
пасошите такви, иако веќе добиле доста поплаки.

Дали станува збор само за некоја официјална нота која нашето министерство не
ја доставило до амбасадите, или пак оваа нова транскрипција е невалидна?

Ако некој знае за ваков слушај, и како се решил, ве молам пишете!

Игор

Опции за гледање на коментари


сликата на pancec
Новите Македонски Пасоши - од pancec на 25 март, 2005 - 22:04

Стрина ми отиде пред едно 3-4 месеца за Лондон. Не и правеа никакви проблеми иако презимето и почнува на Ч. Само не сум сигурен дали нејзиниот пасош е од новите.

Новите Македонски Пасоши - од IgorG на 25 март, 2005 - 22:36

Фала за одговорот!

Ако стрина ти имала од старите пасоши, сигурно немала да има проблем - со нив сум сигурен дека немаше проблем, зашто Ч,Ш,Ѓ,Ќ и тн. беа запишани поинаку, онака како што ги учевме во прво одделение.

Се обидувам во меѓувреме да утврдам дали е ова им се случува на сите со нови пасоши и овие букви, или само на оние што претходно имале виза за овие земји и се заведени во нивната евиденција по старата транскрипција.

Во време кога ние сме една од последните Европски земји за која се потребни визи, ова е дополнителна компликација која баш и не ни треба.

Инаку, една пријателка новинарка се обидува да подготви сторија за ова, па ако има некои други засегнати, можат да ми се јават!

ИгорГ

Новите Македонски Пасоши - од Aries на 26 март, 2005 - 00:27

Тоа со Азбуката не е страшно уопште ова сега што ќе ти го расказам треба да те паши . Сите веќе го знаеме тоа дека пред нова година треба да добиеме пасоши како со имаат Бугарите , Хрватите и други земји кандидатки за влез у Европска унија они си фураат во Европа без виза ама кај нас се дешава една ебана ситуација која ни ја крои владата ни наша ради гласа~ко тело зашто знаат дека скоро сите ќе ја летнеме од тука . Е сега за да дрзи муабетов треба да го ка`ам и ова за да добиеме ние безвизен шенгенски резим мора да ги исполниме следниве услови :

1. Треба да направиме европски пасоши ( ама за ние немаме ни тендер распишано за тоа .... нешто као не уценуваа Словенците што ја купија Нова Македонија дека ќе ја купат Нова Македонија ако они го добијат тендерот за штанцање на пасошите и тн. ) Значи додека се случи тоа треба да поминат уште едно година до две .... Значи ќе скапуваме уште малце

2. Треба да се компијутеризираат граничните премини , а кај нас копмијутеризиран е само еден и тоа Богородица кај Гевгелија , а за другите има време кога ке имаат пари ќе ги компијутеризираат ....

Е сега кога ние ќе станеме земја кандидат за влез во Е.У сите ке гласаме за тие што не одндле до тамо значи треба да им дадеме уште еден мандат па после да не пуштат да сетаме низ Европа да видиме и ние малце од светов не само Бугарија и Србија ....

Секогаш се радувам кога ке слушнам за некој што го познавам дека си отишол од тука без разлика дали на некоја сезонска работа на брод или Грција или за секогаш се едно само знам дека ќе е сречен тамо се надевам дека и јас за брзо ќе си одам , а сакам да знам што и како мислите вие за ова ?

сликата на corpz
Новите Македонски Пасоши - од corpz на 26 март, 2005 - 00:46

@IgorG:
Ambasadata treba da ti objasni zoshto ne ti stava viza na pasoshot, i toa na pismeno. Ona "dvoen identitet" nishto ne objasnuva.

@Aries:
Ova e off-topic, ama aj: Vo momentoff, veruvale ili ne, MK e vo faza na ispolnuvanje na rechisi site uslovi za ukinuvanje na Shengenot, osven najvazhniot - Dogovorite za readmisija. Zapnato e kaj MNR, koi se totalno nezainteresirani da go pobrkaat ova. Beda i jadovi se.

Ako ve interesira podetalno, mozhe i tema da otvorime posebna [се смее]

Новите Македонски Пасоши - од iljo_boks на 26 март, 2005 - 01:22

една држава (амбасада) може кој сака да го одбие за виза и да не дава никакво објаснување.може да не им се допаднеш и толку од твојата виза.
иам овакво искуство со амбасадата на грција во виена.неможеа да ми дадат одговор зашто не ми даваат виза [се смее]:):)ебаим визата у скопје ја извадив

Новите Македонски Пасоши - од IgorG на 26 март, 2005 - 02:15

Во одговор на iljo_boks и corpz, ситуацијата за која зборувам е уште почудна. Барањето за виза не е одбиено - визата е одобрена, и апликантот има и collection slip да си ја подигне. Но кога дошло до самото ставање на визата, се јавил овој проблем.

Од амбасадата побарале да се извади нов пасош, но во МВР тврдат и новиот ќе биде потполно ист.

Иначе, не се работи за мене лично.