Прв голем open air музички фестивал и во Скопје (конечно). Ќе се дешава на 28 Мај во спортско рекреативниот центар Сарај (викаат локацијава била џам-средена од пред две години, и боље изгледала и од градскиот парк.. јас не сум била таму веројатно у последниве 15 години, така да, неам појма).
Започнува во 20 часот, настапуваат нашите „Танец“ (ова не е 100% потврдено) а претпоставувам дека за Танец нема да се испотепаат луѓе да ги видат, иако се наши, национални и треба да се испочитуваат.
Официјален дел:
21 часот - Gus Gus
23 часот - Thievery Corporation
01 часот - X-Press 2
03 часот - Faithless
Цената за овој фестивал е 1000 денари, и оваа година ќе биде само еден ден, а од наредната се планира минимум 3 дена...
П.С. Препорачливо да се оди со такси бидејќи паркинг простор таму и нема...
Последни коментари