Дефинитивно еден од најинтересните techno сетови кои сум имал прилика да ги чујам во Македонија. Fenton вртеше нешто повеќе од 2 часа , користејќи го неговиот препознатлив стил - брзи миксови , брзо менување на траките со неверојатна прецизност , се беше беспрекорно од негова страна. Совршен и уникатен сет , мора да најдам од кого е techno ремиксот на Kraftwerk - Robots кој одлично беше прифатен од публиката. На многу интересен начин вметнуваше од време на време некои techno класици од периодот 2000-2001 , не можам ништо друго да кажам освен тоа дека сум презадоволен од неговиот сет , вредеше да се чуе.
Ade повторно беше нашминкан , што е веќе препознатливо за него , со малку изменета фризура , ептен ми направи кеиф што носеше маичка од Nine Inch Nails , кои тој самиот ги обожава , како што има спомнато во неколку интервјуа.
Е сега , веројатно поради транс журката во МКЦ на која имало многу публика во Белви немаше многу луѓе и тоа беше главната заебанција , мислам дека ако имаше повеќе публика журката ќе беше совршена , зошто добар беше и звукот и ласерите. Се надевам дека на следните журки од Red Bat Festival-от ќе биде подобро.
Сума сумарум , одлична журка во Белви на која само и недостасуваше малку повеќе публика.......
Последни коментари