11 октомври, 2008 - 01:27
[веб кирилица]

RED BULL

од aleksandra85 на 27 фев 2005 - 18:16

редбул и вотка комбинација ,
дејство

Опции за гледање на коментари


сликата на bst^^
RED BULL - од bst^^ на 27 февруари, 2005 - 18:19

Не би го сметал ова како лесна дрога.

RED BULL - од PetarK на 27 февруари, 2005 - 18:59

Е, ти си млада, веројатно не се сеќаваш за узбуната што нашите тупави новинарчиња ја дигнаа кога Red Bull се појави во Македонија, таму некаде '95.

Цитат:

редбул и вотка комбинација ,
дејство

сликата на aleksandra85
RED BULL - од aleksandra85 на 27 февруари, 2005 - 19:04

ИИИИИИ РАСКАЖИМИ КАКО БЕШЕ ТОА

сликата на TedBundy
RED BULL - од TedBundy на 28 февруари, 2005 - 00:47

Цитат:

редбул и вотка комбинација ,
дејство

Глупости. Стимулант за недоделкани фрајерчиња. Дејство - гола вода! [се смее]

RED BULL - од Diddy на 28 февруари, 2005 - 01:23

знам дека кога ќе се опијам само од вотка утре главата ќе ми биде топ. ако ја пијам (истата водка) со ред бул немам гајле. мада имам проблеми со заспивање ако не се истрошам убаво ноќта.

сликата на Trisha
O: RED BULL - од Trisha на 18 мај, 2005 - 03:01

Diddy напиша:

знам дека кога ќе се опијам само од вотка утре главата ќе ми биде топ. ако ја пијам (истата водка) со ред бул немам гајле. мада имам проблеми со заспивање ако не се истрошам убаво ноќта.

Toa e и филмот со комбинацијата. Во кратки црти вака би му дошло. Значи во Ред Бул (и остали енергетски напитоци) главна состојка е кофеин која со алкохол не стапува во интеракција и не се дешава магична комбинација од која летиш.
Проблемот при консумирање алкохол + вотка е само во следниот случај. Кофеинот може да ги маскира ефектите на алкохолот како замаеност и мачнина и да го одржува консументот свесен подолго време отколку само кога би пиел алкохол. Тоа дава лажна сигурност уште повеќе да се пие што може да доведе до алкохолно труење.

сликата на toomuchisnotenough
RED BULL - од toomuchisnotenough на 28 февруари, 2005 - 01:47

Цитат:
Цитат:

редбул и вотка комбинација ,
дејство

Глупости. Стимулант за недоделкани фрајерчиња. Дејство - гола вода! [се смее]

Тачно, само редбул+водка нема везе, али ако уз тоа испушиш исушени кори од банана (оние влакненцата од внатрешната страна), те пука мистично искуство и стануеш на 'ти' со Господ.

сликата на SANJICKA
O: RED BULL - од SANJICKA на 17 мај, 2005 - 01:55

sanjicka напиша:
toomuchisnotenough напиша:

Тачно, само редбул+водка нема везе, али ако уз тоа испушиш исушени кори од банана (оние влакненцата од внатрешната страна), те пука мистично искуство и стануеш на 'ти' со Господ.

Ја, EXPO го отворив со извесни инсекти и животинчиња (пеперутче, па зајченце) и дур ги чекав да се уортачат, си напраив муабет и со вотка-шарк (булгариан ред-бул). После, Господ си дозволи да ми се обрати на Ти

Ис ту мач рили нот инаф ???

сликата на Caligula
RED BULL - од Caligula на 28 февруари, 2005 - 13:31

samo ja ublazuva gorcinata na vodkata...i demek daa energija..bolje mi e so borovnica koa ja piam...ama chista si e chista [намигнува]

RED BULL - од БуКарка на 28 февруари, 2005 - 14:08

а пиење на energy drinks ама секој ден . . .дали даваат зависност????????
и зосто писува на лименката да не се меша со алкохол

сликата на гоце
RED BULL - од гоце на 28 февруари, 2005 - 14:17

Цитат:

а пиење на energy drinks ама секој ден . . .дали даваат зависност????????

Дали кофеинот предизвикува зависност?

Цитат:

и зосто писува на лименката да не се меша со алкохол

За да се меша, производителот тврди дека така е најдобро [се смее]

сликата на anastas87
RED BULL - од anastas87 на 28 февруари, 2005 - 22:43

Најјако пијанство, т.е. најенергично дава гуарана со узо [се гази од смеење] [се гази од смеење] (криза, јебига, шо ќе се најде) ама фаќа у п.м.

А халуцинации - буника у црно вино.

сликата на SANJICKA
УЗО...каков трип - од SANJICKA на 19 мај, 2005 - 20:03

УЗО = факинг закон
поистрипан напиток...амин!

..а гуарана и узо = транс гутка
црвеното вино = метал гутка (хелоууу Ким)

сликата на TedBundy
RED BULL - од TedBundy на 28 февруари, 2005 - 22:59

А ова те лансира 300 на саат: Мастика + ликер од ментол (38 степени, сериозно [се смее] ) + млеко. Сето тоа во една чаша - висока.
Коктелот има и име - Облак [се гази од смеење]

и никако во комбинација со дроги;) опасно е [се гази од смеење]

RED BULL - од Diddy на 1 март, 2005 - 02:06

Цитат:

А ова те лансира 300 на саат: Мастика + ликер од ментол (38 степени, сериозно [се смее] ) + млеко. Сето тоа во една чаша - висока.
Коктелот има и име - Облак [се гази од смеење]

и никако во комбинација со дроги;) опасно е [се гази од смеење]

а и некои односи да дадеше, од кое по колку... инаку имам пробано облак само еднаш али ми личеше на женски пијалок, немав појма дека лансира

сликата на Chombe
RED BULL - од Chombe на 1 март, 2005 - 03:22

Нема сооднос. Све што мешаш а е некомпатибилно, лансира. Мајсторлакот да го направиш е да биде питко. Затоа сите коктели се на база на ликерести алкохоли кои во содејство со лед, тоник, кока-кола ти даваат пријатен „клиз“. Истото дејство се постигнува и со пиво (2/4), ракија и вино, братски со по 1/4. Ама ај биди фраер и тресни 3 вакви. Ај што ќе баздиш на винарска визба, него не дај боже да се закашлаш од цигарата, има да повраќаш усред жур на миксета. Некои викаат дека ова е уствари од сармата у желудникот, што одеднаш примила неочекувани гости па излегла да види што се случува. [се смее]

сликата на TedBundy
RED BULL - од TedBundy на 1 март, 2005 - 21:13

Цитат:
Цитат:

А ова те лансира 300 на саат: Мастика + ликер од ментол (38 степени, сериозно [се смее] ) + млеко. Сето тоа во една чаша - висока.
Коктелот има и име - Облак [се гази од смеење]

и никако во комбинација со дроги;) опасно е [се гази од смеење]

а и некои односи да дадеше, од кое по колку... инаку имам пробано облак само еднаш али ми личеше на женски пијалок, немав појма дека лансира

Женски пијалок??? Не верувам дека си го пробал:)
50 грама мастика/узо
50 грама ликер од ментол со 38 степени алкохол
млеко - колку за боја [намигнува]

Е ако тебе ова ти личи на женски пијалок, батка си имаш сериозен проблем со алкохолот [се гази од смеење]

Чомбе, идејата во "облакот" не е да биде питок. Нема слава на егзотичен коктел а истовремено е компатибилно измешан. И е многу вкусен (и сладок)

Силен и невкусен коктел е вотка со вермут, сооднос фифти-фифти [намигнува]
Добар коктел е подморницата, но само ако ја направиш со амаро (пошо многу ја прават со амарето)

сликата на Boogie
James Bond - од Boogie на 23 мај, 2005 - 14:42

Вотка со вермут е у ствари Вотка-Мартини, она што го пие Бонд...
Многу луѓе мислат дека вотка-мартини е вотка мешана со мартини, али у ствари мартинито е коктел кој се прави од џин и вермут, а ако место џин ставиш вотка и го истресеш, а не го мешаш, ја добиваш најславната пијачка у светот....

сликата на taz
RED BULL - од taz на 1 март, 2005 - 23:43

Цитат:

Силен и невкусен коктел е вотка со вермут, сооднос фифти-фифти [намигнува]
Добар коктел е подморницата, но само ако ја направиш со амаро (пошо многу ја прават со амарето)

Вотка-вермут не е невкусно, баш е добро. Малку е слаткасто, но може да пројде [се смее]

Моја реакција кога првпат пробав подморница (со амарето) беше: Ова мириса на јавно WC!!! (зашто многу често освежувачите за воздух и течните сапуни мирисаат на горчлив бадем)

"Смртоносна" комбинација еднаш ми беше сангрија (доста зајакната, тоа овошјето пливаше во вотка) + Џек Даниелс + пиво (едно по друго, не измешано), неколку круга. Со денови после тоа познатите ми раскажуваа колку убаво сум си поминал (озбилно [се смее] ), а многу непознати фаци ме поздравуваа [се смее]:)[се смее]

И да, enojy responsibly [се смее]:)[се смее]

сликата на TedBundy
RED BULL - од TedBundy на 2 март, 2005 - 00:03

Цитат:

Моја реакција кога првпат пробав подморница (со амарето) беше: Ова мириса на јавно WC!!!

Батка, амаретото е еден од најдобрите ликери ever:)
И одсекаде влегува во класацијата на лесни дроги: најдобро се пие после хард алкохолизирање со коњак или виски. Супер јако те спушта.[намигнува] Заспиваш ко бебе:)))

Пробај дисароно, го има на грчки фри шоп. За разлика од повеќето други кои се со 18-12 степени, ова има 38 степени алкохол и е многу поароматно на вкус.

сликата на ГоранОдЧаир
RED BULL - од ГоранОдЧаир на 2 март, 2005 - 00:07

најјака комбинација барем за мене...јаден у 3 саат на ручек ...значи мртов гладен у град и три-четири чаши бамбус (вино и кока-кола или кокта зависи од финансиите), од кои првата на екс, втората до пола на екс и третата - мљацкање (или натенане пиење).... после КАМЕН...мислев дека ми отече устата и ме држеше и другиот ден...особено од сабајле коа сакајќи да стигнам до дневна се удирав од сидовите у ходник ко пинбол топче...

...а red bull...пааа..неам ништо комбинирано со него...ама оноа Guaranata ич не ја разбирам...многу е слаба..некако као сокче ..ниту енергија ни бутур ..ја пиев као божем да ми даде енергија за учење и ми даде... за спиење... [намигнува]

сликата на SANJICKA
да останев у Грчка - од SANJICKA на 19 мај, 2005 - 20:07

2003-та летото бев у Грчка 2 месеца.
Да останев уште месец, ќе станев алкос... баш од ова црвено екстра пијалоче... ох уат а шатс!!!

сликата на taz
RED BULL - од taz на 2 март, 2005 - 01:05

Цитат:
Цитат:

Моја реакција кога првпат пробав подморница (со амарето) беше: Ова мириса на јавно WC!!!

Батка, амаретото е еден од најдобрите ликери ever:)
И одсекаде влегува во класацијата на лесни дроги: најдобро се пие после хард алкохолизирање со коњак или виски. Супер јако те спушта.[намигнува] Заспиваш ко бебе:)))

Пробај дисароно, го има на грчки фри шоп. За разлика од повеќето други кои се со 18-12 степени, ова има 38 степени алкохол и е многу поароматно на вкус.

Верувам, батка, и не реков дека е лошо, туку некако кога пробав тоа ми беше прва асоцијација [се смее]:)[се смее], што на ум тоа на друм, па не сакајќи испадна виц тогаш [се смее]:)[се смее] На грчки фри шоп (југозлаво малако) не верувам дека ќе имам можност да одам во блиска будуќност, ама ќе побарам наоколу.

RED BULL - од Diddy на 2 март, 2005 - 01:29

Цитат:

Женски пијалок??? Не верувам дека си го пробал:)
50 грама мастика/узо
50 грама ликер од ментол со 38 степени алкохол
млеко - колку за боја [намигнува]

Е ако тебе ова ти личи на женски пијалок, батка си имаш сериозен проблем со алкохолот [се гази од смеење]

Па како да не го сметам за женски кога многу ми беше пивок и имаше нежна боичка, а плус и се на се дали испив 50 грама па не можев да знам дали удира. а кој знае може и си у право, ретко кога алкохол ми е некој тежок предизвик. си го обожавам у секое пакување и у секој сооднос

Hello my name is Dejan and I am alcoholic [кул]

сликата на kikiritce_
RED BULL - од kikiritce_ на 28 март, 2005 - 08:10

а пиење на energy drinks ама секој ден . . .дали даваат зависност????????

[се смее])) OPASNA STVAR !!!
NEDAJ BOZE TU TU PAZUVIII DA BI TREBALO DA JA VRTISH I PUSHIS LIMENKATA ILIII VENALNO DA JA KONZUMIRAS A JOJ [се смее]))

сликата на kikiritce_
RED BULL - од kikiritce_ на 28 март, 2005 - 08:13

Hello my name is Dejan and I am alcoholic

HALLO DEJAN [се смее]

трип а? - од Delerium на 17 мај, 2005 - 21:12

трип а?

Xmm redbul so viski, votka, од whitedeath
сликата на x-sv
треба да има - од x-sv на 24 септември, 2005 - 21:29

треба да има дефинитивно забрана за отворање на вакви ГЛУПИ теми

сликата на Zelka
Ти девојко, - од Zelka на 25 септември, 2005 - 12:31

Ти девојко, иживеана си, си прошетала си искусила несто или само да седиш над книга?
Ах...
значи вака... (абе зошто неам две точки?)
Кофеин, главна состојка на кафе кога ги стега крвните садови и се качува крвниот притисок, со кое се става мал плус на енргетското ниво во момент. или не ни дава да спиеме. ватевер.
Таурин. Е он му дава енергија на мозокот, го освежува и ја подобрува концентрацијата.
за разилка од кафе, само ако си уморна и пиеш кафе ќе бидеш повторно уморна и само минимално освежена. Ако пиеш ред бул, тогаш ќе бидеш тотално освежена, и ќе имаш црви у газот, зошто си под дејство не енерџи дринк.
А кога го мешаш со водка, тогаш само ти е многу јако. Пијанството го чустуваш поенергично, и многу поубаво ти е него да си само напиена.
е сите со слабо срце немојте да комбинирате ред бул со алкохол. Може да ве здрви аритмија.
толку од мене. Прбоај и види

сликата на dimitar27
Две точки ти се - од dimitar27 на 26 септември, 2005 - 13:49

Две точки ти се овде,:::::: значи шифт и ова знакче > што е до ? прашалникот. Освен ако не користиш МК подршка од БАГРАва, е тогаш не знам, нек ти помогнат домаќиниве [се смее]

За РедБулот ... појма немам...никад, ама баш никад не сум осетил ништо од РедБул, барем не некаква енергија повеќе. Ај јас демек да сум отрпнат, ама не сум чул и некој чист да се пофали, освен вакви кретенски прашања на БАГРА, или правење фраер у маало на копињаци од 16 години.
Е сега ако мешаш со сенешто...има шанси...ама тоа ке те слупа и без РБ, односно мешање на разно разни алкохоли со полу-дрогиу секогаш те одлепуе, а РБ е само додаток за заблажување )))